ЗА НАС <Историјат, Факти>
ИСТОРИЈАТ, ФАКТИ | РАКОВОДНИ ТЕЛA, ВРАБОТЕНИ | ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА
———————————————————————————————————————-
Ј.П.”Охридски Комуналец” – Охрид е локално јавно претпријатие организирано за извршување на комунални дејности на територијата на Општина Охрид, чии широк спектар на активности накратко се сублимираат во следните основни дејности:
* собирање, транспортирање и депонирање на комунален цврст отпад;
* одржување на јавната чистотта во градските и приградските населби;
* одржување на градските паркови, зеленило, парк-шуми и др;
Почетоците на претпријатието датираат од повоениот период од кога постои во разни форми и орагнизациона поставеност, во повеќе наврати фузирано со охридскиот “Водовод”, за на ден 22.12.1989 год. да се формира Јавно Претпријатие за комунално-производни услужни работи и езерски сообраќај “Охридски Комуналец” Охрид.
Своите дејности ги извршува согласно законските и подзаконските акти и тоа: Закон за јавни претпријатија, Закон за комунални дејности, Закон за управување со отпад, Закон за јавна чистота и други законски прописи кои ја регулираат дејноста која ја врши јавното претпријатие.
- Закон за јавни претпријатија
(„Службен весник на Република Македонија” бр. 38/96, 9/97, 6/02, 40/03,49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15,39/16, 64/18 и 35/19 „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 89/22, 274/22 и 208/24)
- Закон за комунални дејности
(„Службен весник на Република Македонија“ број 95/12, 163/13, 42/14, 44/15, 147/15, 31/16 и 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 302/20, 255/24, 3/25 и 17/25)
- Закон за јавна чистота
(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 111/08, 64/09, 88/10, 114/10, 23/11, 53/11, 80/12, 163/13, 44/15, 147/15 и 31/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 122/21)
- Закон за управување со отпад
(„Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 216/21 и 3/25)
- Одлука за комунален ред на општина Охрид
(Сл.Гласник на општина Охрид бр.9 од 12.06.2013 година)
- Одлука за одржување на јавна чистота на територијата на општина Охрид
(Сл.Гласник на општина Охрид бр.2 од 07.02.2019 година)