Category Archives: АКТУЕЛНО
Акција за кабаст отпад „Христо Узунов„, „Карабегомала„ и „Горна Влашка Мала„
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 06.10.2012 год.(сабота) ќе организира акција за подигање на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети,теписони и др.) во населбите „Христо Узунов„ , „Карабегомала„ и „Горна Влашка Мала„ .
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад да го извадат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да може Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигне.
Комуналец активно вклучен во акцијата за чистење на „Далјан„
На иницијатива на жителите на населба Далјан вчера беше организирана акција за расчистување на просторот околу подрачното училиште „Св.Климент Охридски„ во оваа населба и крајбрежниот појас во непосредна близина. Во акцијата активно се вклучи и Ј.П.„Охридски Комуналец„ со свои работници, алати и механизација, кои заедно со граѓаните ја расчистуваа локацијата.
Беше извршено и косење на тревата во училишниот двор, а подигнат беше 4м3 отпад.
Нашето претпријатие секогаш безрезервно ќе ги помага, поттикнува и учествува во еко-акциите кои придонесуваат во развој и напредок на животната средина.
Ново зелено катче позади црквата „Света Софија„
Просторот позади катедралната црква „Света Софија„, во делот околу летната сцена која се користи за изведување на претстави во рамките на манифестацијата „Охридско лето„, деновиве интензивно се расчистува, а потоа и хортикултурно ќе се уреди. Просторот беше обраснат со бршлен и грмушки, а се расчистуваа и суви гранки и оштетени дрвја. По оваа фаза ќе следи партерно и хортикултурно уредување, со поставување на клупи, корпи за отпадоци и осветлување. Со тоа оваа прометно-туристичка локација ќе добие изглед каков што и заслужува со комплетно осмислено хортикултурно решение.
Акција за кабаст отпад во населба “Гоце Делчев” (29.09.2012год.-сабота)
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 29.09.2012 год.(сабота) ќе организира акција за подигање на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети,теписони и др.) во населба „Гоце Делчев„.
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад да го извадат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да може Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигне.
Се расчистува просторот околу Саат-кулата
Деновиве екпите на Ј.П.Охридски Комуналец интензивно работат на расчистување на просторот околу старара саат-кула, каде се планира да никне ново катче со хортикултурно решен простор. Во почетнава фаза просторот се расчистува од обраснатите грмушки, треви и суви гранки. Потоа треба да се обезбедат пристапни патеки до локацијата, по што ќе следи и негово хортикултурно разубавување со засадување украсни садници, како и други пропратни елементи.
Завршено зеленото катче (пресек „Јане Сандански„ и „Даме Груев„)
Екипите на „Паркови и зеленило„ деновиве завршија со уредувањето на новото зелено катче кое го разубавува просторот кај пресекот на улиците „Јане Сандански„ и „Даме Груев„. Прво беше поставен систем за наводнување, а потоа се пристапи кон уредување и поткастрување на веќе засадените дрва на овој простор, засадување на околу 80 нови украсни садници и обновување на тревниот дел. Со детското игралиште кое на овој простор го постави општина Охрид, овој простор го доби својот конечен изглед , кој со својата функционалност и инфраструктурна поставеност претставува пријатно катче за одмор за сите генерации.
Успешно презентиран проектот „Охрид-град без комунален отпад„
На извршената презентација на проектот „Охрид-град без комунален отпад„ граѓаните на општина Охрид и пошироката јавност беа запознаени со исклучителната важност на овој проект во поглед на управувањето со отпадот.
Целта на овој проект е изградба на фабрика за рециклирање во индустриска зона на Охрид, каде би се носел целиот комунален отпад, кој како и досега ќе се собира на класичен начин, без претходно селектирање, а потоа се транспортира во фабриката, каде на автоматска континуирана линија се обработува, селектира, прочистува. Отпадот ќе се преработува 20 тони/час, а со линијата ќе ракуваат 25-40 вработени.Како резултат на обработката од фабриката излегуваат готови , веќе рециклирани суровини: пластика, хартија, стакло, алуминиум, метал, биоразградлив отпад и rdf гориво за цементари. Сите овие суровини ќе значат извор на средства, со кои исплатливоста на инвестицијата ќе се врати за многу краток период. Во фабриката ќе се инсталираат филтерски станици за вода и воздух, со што ќе се избегне негативното влијание врз животната средина, потенцијалните ризици за биодиверзитетот, загадувањето на воздухот, почвата, подземните и површинските води. Со тоа и цената на реализација на овој проект станува непроценлива , за сметка на заштитата на човековата околина.
Акција за кабаст отпад во населба “Билјанини Извори” (22.09.2012год.-сабота)
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 22.09.2012 год.(сабота) ќе организира акција за подигање на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети,теписони и др.) во населба „Билјанини Извори„.
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад да го извадат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да може Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигне.
Презентација на Проект “ОХРИД- град без комунален отпад”
Општина Охрид и Ј.П.”Охридски Комуналец” ќе извршат презентација на Проектот “ОХРИД- град без комунален отпад” на ден 19.09.2012 год. (среда) со почеток во 12.00 часот во просториите на општина Охрид (голема сала).
Ќе ни претставува чест и задоволство да Ве запознаеме со новото технолошко решение со кое мешаниот комунален отпад се трансформира во “КОМПОСТ-СУРОВИНА-ЕНЕРГИЈА”.
Во оваа прилика ги покануваме и сите заинтересирани граѓани, еколошки друштва и невладини друштва да се запознаат со проектот.
Силниот ветар донесе големи количини отпад на кејот
Заради невремето, проследено со силен ветар од јужен правец, што го зафати охридскиот регион од синоќа, големи количини отпад (најзастапен е окрекот, ресата и пластика) се натрупаја по крајбрежниот појас и градскиот кеј. Затоа нашите екипи од раните утрински часови го расчистуваа кејот на потегот од пристаништето до х.Палас. Отпадот се расчистуваше рачно (подигнати 10 м3 отпад) и со помош на специјално возило-фекалка (подигнати 45 м3 отпад).