Category Archives: АКТУЕЛНО
Комуналец вклучен во хуманитарно продажната акција на фотографии
Посебно задоволство и чест за Ј.П.Охридски Комуналец претставува одржувањето на хуманитарно продажната акција на фотографии од проектот „Охрид-град на цвеќето 2012„ од авторот Петар Боев.
„Охрид-град на цвеќето 2012„ е проект со кој е зацртано секоја слободна површина во градот да биде хортикултурно уредена и засадена со актуелно сезонско цвеќе. Во рамките на проектот хортикултурно се уредија голем број дворови и тераси од приватни и правни лица со цветни аранжмани кои низ објективот на странските туристи го промовираа Охрид како цветна разгледница.
Сега не радува фактот што Охрид овековечен во цветните фотографии на Боев ќе им пружи радост на нашите најмали сограѓани за опремување на новите простории на детската градинка „Јасна Ристеска„. Настанот наиде на широк одзив кај пошироката јавност и медиумите, па ги покануваме сите заинтересирани да присуствуваат на настанот 05.11.2012 год (понеделник) во „Објектиф„, со почеток во 20.00 часот.
Акција за зелен отпад „Билјанини Извори„ (03.11.2012 год.-сабота)
Почнувајќи од првата сабота во месец ноември, Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид го започнува есенскиот циклус на акции наменети за граѓаните на општина Охрид за подигнување на зелен отпад. Акциите ќе се реализираат секоја сабота почнувајќи од 03.11.2012 год. заклучно со 15.12.2012 год., опфаќајќи различни реони од градот.
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 03.11.2012 год.(сабота) ќе организира акција за подигање на зелен отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива ограда и др.) во населба „Билјанини Извори„ .
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да може Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигне.
Продолжуваат активностите за расчистување на кејот
Продолжуваат активностите за расчистување на градскиот кеј од наносите од отпад кои се натрупаа на крајбрежјето со поледното невреме проследено со силен ветер и врнежи од дожд.
Ј.П.Охридски Комуналец од неделата(28.10.2012 год) интензивно работи на расшистување на наносите од реса, пластика, муљ и друг вид отпад, при што до денеска се подигнати околу 80 м3 отпад. Расчистувањето се врши рачно и машински, а сега следи фазата на багеровање и товарење. Во зависност од временските услови, со овие активности продолжуваме и во наредниот период.
Силното невреме натрупа огромни количини отпад на кејот
Вработените од “Јавна Хигиена” деновиве со зголемено темпо, надвор од редовните активности, работеа на расчистување на кејот на потегот од пристаништето до Холандскиот парк. Поради силното невреме проследено со силни врнежи од дожд и силен ветер кејот интензивно се расчистува од натрупаниот отпад: реса, окрек и неразградлив отпад каде најзастапени се пластичните шишиња. Во овие два дена подигнати се 28 м3 отпад, а со активностите се продолжува и во наредните денови.
Акција за кабаст отпад за жителите од нас.„Црногорци„ (27.10.2012 год.-сабота)
Во последната сабота од месец октомври Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ќе ја организира последната акција за подигнување кабаст отпад од есенскиот циклус, а од месец ноември започнуваме со планираните акции за подигнување зелен отпад.
Ги известуваме граѓаните на Општина Охрид дека на ден 27.10.2012 год.(сабота) ќе организираме акција за подигање кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети,теписони и др.) за граѓаните од населба „Црногорци„ .
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад да го извадат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да може Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигне.
Хортикултурно се уредува населба „Даљан„
Ј.П.„Охридски Комуналец„ со Програмата за работа за 2012 год., во делот за одржување на јавните зелени површини, има зацртано голем број активности за збогатување на парковските содржини како во централниот дел на Охрид, така и во периферните делови.
Деновиве хортикултурно се средува населба „Даљан„, населба во која гравитира голем број на население и застапени се голем број на колективни станбени објекти. Тревните површини се уредуваат, се поставуваат граничници, ќе се засадат украсни дрвја и ќе се постават клупи. Со вакви активности продолжува реализацијата на зацртаните планови зелено катче да никне во секој дел од градот.
Акција за кабаст отпад во „Видобишта„ (20.10.2012 год.-сабота)
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 20.10.2012 год.(сабота) ќе организира акција за подигање на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети,теписони и др.) во населба „Видобишта„ .
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад да го извадат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да може Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигне.
Во есенскиов циклус ќе се одржи уште една акција за подигнување кабаст отпад во населба „Црногорци„ (27.10.2012 год.), а во саботите во месеците ноември и декември ќе се организираат акции за подигање зелен отпад, за што граѓаните навремено ќе ги информираме.
Известување за сопствениците на хаварисани возила
Се известуваат сопствениците на хаварисани возила кои се депонирани во кругот на Р.Е.„Механизација„ – Ј.П.„Охридски Комуналец„ да ги отстранат своите возила од оваа локација. Доколку истото не го направат во рок од 10 дена, по овој рок хаварисаните возила ќе бидат дислоцирани на депонијата за градежен шут „Мауцхер„.
Акција за кабаст отпад во „Воска„ и „Даљан„ (13.10.2012год.-сабота)
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 13.10.2012 год.(сабота) ќе организира акција за подигање на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети,теписони и др.) во населбите „Воска„ и „Даљан„ .
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад да го извадат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да може Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигне.
Секоја сабота акција, но отпадот пак на улица
И покрај акциите кои континуирано ги спроведуваме во саботите за подигнување на кабаст и зелен отпад од различни делови од градот, ниската еколошка свест кај поединци на површина ги исфрла овие грди слики со расфрлан зелен отпад на „Булевар Туристичка„. Апелираме до граѓаните за почитување на комуналниот ред и соодветно депонирање на кабаст и зелен отпад. За распоредот и динамиката на акциите за кабаст и зелен отпад за 2012 год. уредно ги информиравме граѓаните преку годишните календари, како и преку електронските медиуми.