Category Archives: АКТУЕЛНО
Нови дрвореди на „Кленоец„ и „Карпош Војвода„
Ј.П.„Охридски Комуналец„ продолжи со акциите за озеленување на околината и подигнување на нови дрвореди на територијата на општина Охрид, со посебен акцент на периферните делови од градот. Деновиве се засадени 30 садници од видот „јасен„ на ул.„Кленоец„ и „Карпош Војвода„. Јасенот е отпорен на температурни разлики и формира убава крошна со што дрворедите ќе имаат не само заштитна туку и естетска функција.
Искршени садници од новиот дрворед по “Марко Цепенков”
Ј.П.”Охридски Комуналец” постојано реализира акции за хортикултурно уредување на градот со кои се запазува светскиот тренд за создавање нови парковски површини и зелени катчиња како во централното, така и во периферното градско јадро, кои воедно претставуваат и “бели дробови” на градот.
Пред десетина дена ваква акција спроведовме на ул.”Марко Цепенков” каде се конструира нов дрворед од јасени. Но за жал, за многу кратко време на вандалски начин овој дрворед е деградиран и искршени се пет садници.
Апелираме да надлежните институции за поголем надзор и присуство над зелените површини во градот и санкционирање на ваквите појави.
Комуналец-Охрид според ,,Аква, далеку поуспешен од ,,Комунално,,-Струга
Според истражувањето на здружението за развој и активизам ,,Аква.. , Струга, Ј.П.Охридски Комуналец со многу помал вработени и приближно за половина пониска цена , ја извршувауспешно услугата за подигање, транспорт и депонирање на комунален отпад на територијата на општина Охрид, за разлика од ЈП,,Комунално,, од Струга.Во Струга цената за физички лица по м2 изнесува 4 денари, а во Охрид 2,4 ден., а 28 % од населението во Струга, односно 18 илјади жители,ги опслужуваат 120 вработени, додека во Охрид на 18 илјади жители се ангажирани 67 вработени.
Нивото на одржување на јавната и услужната хигиена секоја година се зголемува со целата флексибилност кон потребите кои се наметнуваат за Охрид како туристички центар.Се прошируваат нашите услуги на пошироко подрачје и се зголемува динамиката на подигнување на отпад.Со акциите кои ги организираме на најтранспарентен начин им помагаме на нашите сограѓани да се справат со кабастиот и зелен отпад,без никаква надокнада.
Секое утро иста приказна
Инвеститорот гради, Охрид во кал
Инвеститорот на Универзитетот за информатички технологии Св.Апостол Павле Охрид воопшто не се грижи за јавната чистота.
На улиците околу објектот има кубици кал и воопшто не се превземени активности согласно законот за градба според кој инвеститорот е задолжен за одржување на хигиената на пристапните патишта од возилата кои влегуваат и излегуваат од градилиштето.
Истиот е пријавен и на лице место се излезени комуналната инспекција и сообраќајната полиција, но останува грдата слика која ја видоа охриѓани.
Уште два нови дрвореди
Ј.П.Охридски Комуналец продолжува со реализирање на програмата за подигнување на нови дрвореди на сообраќајници и парковски површини, како и реконструкција на постоечките дрвореди. Изминативе денови интензивно се работеше на оформување на нови дрвореди во нас.„Охридати„ (дел од ул.„Славеј Планина„), како и во нас.Даљан„ по ул.„Миќо Гилиќ„. Засадени се 30 листокапни дрвја од видот јасен.
Следни зацртани локации каде е планирано никнување на нови дрвореди е во „Станбен комплекс Расадник„ и крак од ул.„Партизанска„.
Само декларативна заложба за заштита на Охридското Езеро
Не помина многу време од Меѓународниот ден за заштита на водите, а водите на Охридското Езеро повторно го исфрлија сиот “срам” на охридскиот кеј. Ова без исклучок се случува секогаш после секој посилен ветар.
Денеска работниците на Ј.П. “Охридски Комуналец” од 6 часот утринава подигнаа 25m3 отпад кој воглавно се состои од комунален отпад. Она што може да се забележие дека најверојатно комуналниот отпад доаѓа од соседната Р.Албанија, што може да се забележи на етикетите на комуналниот отпад.
Очигледно декларативните заложби и скапите семинари не даваат резултат. Апелираме да се преземат конкретни мерки за заштита на Охридското Езеро , бидејќи очигледно од година на година се зголемува загадувањето со комунален отпад .
Трошоците за чистење на езерото на ваков начин се големи и паѓаат на товар на Ј.П. “Охридски Комуналец”.
ИНТЕНЗИВНО СЕ СРЕДУВААТ ДРВОРЕДИТЕ И ТРОТОАРИТЕ
Општина Охрид заедно со ЈП “Охридски Комуналец“ деновиве интензивно ги средуваат дрворедите и дел од тротоарите во градот. Ваквите активности се неопходни за подобрување на хортикултурното уредување на јавните површини и за подобрување на условите за движење на пешаците. Акцијата продолжува и натаму, а ќе се одвива кога временските услови ќе го дозволуваат тоа.
Во месец јануари-2013 год. реконструиран е дрворедот на улиците „Јане Сандански„ и „Булевар Туристичка„, а денеска со санациони активности беше опфатен дрворедот на ул.„Марко Цепенков„. Засадени се 60 нови садници од видот јасен, а планирано е да се засадат вкупно околу 200 садници на целата територија на општина Охрид. Во наредните денови ќе бидат реконструирани дрворедите по ул.„АСНОМ„ и во насeлба Даљан.
Расчистен патниот правец до Корита
Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ во текот на вчерашниот ден го расчистија патот до месноста Корита на Галичица. Патот е расчистен од снежните наноси и прооден за лесни патнички возила. Охрид е привлечен за туристите не само во летниот период, туку и во зимскиот период , и навистина ќе е жално ако нашите сограѓани и туристите не уживаат во природните убавини на Галичица. Иако одржувањето на овој патен правец е во надлежност на „Македонија пат„, во интерес на граѓаните и бројните љубители на природата се спроведе расчистувањето на патниот правец до познатото излетничко место.
Отворете го следниот линк :
Реконструкција на дрворедот на „Булевар Туристичка„
Екипите на „Паркови и зеленило„ продолжија со акцијата за уредување на дрворедите во градот. Улицата „Јане Сандански„ е завршена, а од денес се уредува дрворедот по „Булевар Туристичка„. На потегот од новиот кружен тек до спортската сала се изврши кастрење и кроење на гранките, како и сечење на старите, суви и уништени гранки, согласно претходна проценка од наши стручни лица.
Засадени се и 4 нови садници од видот јавор. Во наредните денови се продолжува со другите делови од „Булевар Туристичка„ кои ќе се уредуваат етапно.