Category Archives: АКТУЕЛНО

Рекордни количини отпад на кејот

Силниот ветер од јужен правец кој дува од синоќа, донесе нови рекордни количини отпад на градскиот кеј. Ангажирани се 20  вработени кои од 4.00 часот рано утрово се на терен и во речиси невозможни услови, под силниот налет од бранови и ветар, ги расчистуваат наносите од отпад. Натрупаниот отпад утрово е во рекордни количини и досега се подигнати околу 80 м3 отпад.

Ангажирано е и специјално возило ИЦБ, како и 3 камиони за утовар и транспорт на отпадот 

Со оглед на најавите за продолжување на неповолните временски услови проследени со силен ветар, остануваме мобилизирани.

 

Што носат езерските води попладнево?

Претпладнево на нашиот веб-сајт беа објавени фотографии за вонредните активности кои ги имавме околу расчистување на градскиот кеј и пристаниште од натрупаниот отпад кој беше исфрлен од езерските води во изминатите два дена. А веќе поладнево нови слики со нови енормни количини отпад кои со себе ги носат езерските води, за кои нашите работници ги очекува полни раце работа и вонреден ангажман.

Што регистрира нашата камера ова попладне: 

 

 

 

Подигнати 40 м3 отпад од кејот

Изминативе два дена, заради временските услови проследени со силен ветер, екипите на Јавна хигиена вонредно го расчистуваа кејот и пристаништето од енормни количини отпад. Во текот на вчерашниот ден подигнати се пет тури отпад, а денеска нашите екипи од раните утрински часови (5.00 часот) се на терен и подигнати се 10 тури отпад, или вкупно 40м3. За составот на отпадот коментар не е потребен, сликите зборуваат сами, но загрижува негрижата и незаинтересираноста на надлежните институции под чии ингеренции е заштитата на Охридското Езеро.

 

 

Денеска стартуваше „Охрид-град на цвеќето 2013„

Како што претходно најавивме, денеска  беше означен стартот на проектот „Охрид-град на цвеќето 2013„. На потегот од градскиот плоштад до х.Палас беа засадени околу 2.000 садници сезонско цвеќе од видот виола (во народот познати како очиња)  и дијантус (каранфилчиња) . Во текот на наредната недела ќе се продолжи со реализација на проектот со кој пролетно ќе бидат освежени парковските решенија на кружните текови и други локации.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Акција за чистење на патниот правец Косел-Ливоишта

По барање на месното население од село Вапила,  Ј.П.„Охридски Комуналец„ денес спроведе акција за расчистување на расфрлан отпад покрај патниот правец Косел-Ливоишта. Иако овој патен правец е магистрален пат за чие одржување е надлежен „Македонија Пат„ , во интерес на граѓаните, со цел да излеземе во пресрет на нивнте барања, пристапивме кон расчистување на овој потег. Ангажирани беа 10 работници и подигнати се 50 вреќи отпад (најзастапена: пластика, хартија и зелен отпад).

 

 

 

 

Старт на “Охрид-град на цвеќето 2013 год.”

По успешно спроведениот  проект “Охрид-град на цвеќето 2012 год.” оваа година продолжуваме со реализација на “Охрид-град на цвеќето 2013 год.”. На 02.03.2013 год. (сабота) во 12,00 часот ќе биде означен стартот на овогодинешниот проект, на потегот од кружниот тек на градскиот плоштад до х.„Палас„ , со засадување на саден материјал од годинешната реколта од сопствено производство.

“Охрид-град на цвеќето 2012 год.” се покажа повеќе од успешен: се реализираа голем број хортикултурни решенија и нови зелени катчиња, се анимираа правните субјекти  и физички лица за уредување на своите тераси, дворови со наша стручна помош и саден материјал и се доделија 350 жардињери со сезонско цвеќе. На овој начин индиректно станавме и туристички промотори на Охрид, а беше организирана и хуманитарно-продажна изложба со кај се донираа средства за нашите најмали сограѓани од Детската градинка „Јасна Ристеска„. Во оваа насока продолжуваме и во 2013 год. со реализација на многу нови парковски решенија и цветни катчиња.

Во тек акцијата „Корпа за секоја улица„

Во рамките на одржувањето на јавната чистота, J.П.„Охридски Комуналец„ во 2013 год. спроведува широка акција „Корпа на секоја улица„ со која се поставуваат 100 корпи за ситен отпад на целата територија на општина Охрид. Согласно Програмата за работа за 2013 год. се врши  празнење на корпи за отпадоци поставени на јавни сообраќајни површини според зацртана динамика и во зависност од лоцирањето, односно од обемот на полнењето на истите.

За успешноста во оваа акција треба да допринесеме СИТЕ зошто сите сакаме да живееме во чист и уреден град. Затоа упатуваме апел до граѓаните корпите за ситен отпад да ги употребуваат согласно нивната намена и да депонираат ситни отпадоци од хартија, пластика, отпушоци и др., а да не се депонира комунален отпад од домаќинства.

Се рачистуваат тротоарите од „Радојца Новичиќ„ и „Кленоец„

Екипите на „Јавна хигиена„ темелно ги расчистуваат тротоарите, граничниците од коловозите и просторот околу тротоарите на ул.„Радојца Новичиќ„ и „Кленоец„. Се чисти натрупаниот отпад во зимскиот отпад од наноси на песок, земја, трева и друго вид отпад. Од овој реон подигнати се околу 12 м3 земја, песок, трева, хартија и пластика.

 

 

 

 

Се поставуваат 100 корпи за ситен отпад

Деновиве на територијата на општина Охрид се поставуваат  100 корпи за ситен отпад. Акцент  се става на автобуските и Тахi-постојките, детските игралишта, викенд населбите и сите пофреквентни улици во градот. Со овие активности сметаме дека и степенот на хигиена  ќе се подигне за еден степен.

 

Апелираме граѓаните да го почитуваат Законот за јавна чистота и уредно да го депонираат отпадот во корпите чија намена е депонирање на ситен отпад, а не отпад од домаќинства. 

 

 

Оглас БПП 3-11/2013

Оглас за барање за прибирање на понуди  бр.3-11/2013

Набавка на најлонски за собирање смет

 Ве молиме отворете на веб-сајтот за јавни набавки наведен во продолжение:

https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/Dossie/dosieRPP.aspx?EntityId=8dd1467f-d10c-4e3d-9c25-235e19120a84