Category Archives: АКТУЕЛНО
Се расчистува отпадот кој плива по каналот „Билјанини Извори„
Деновиве екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ интензивно го расчистуваат каналот „Билјанини Извори„ од натрупаниот отпад. Заради специфичноста на теренот отпадот од езерските води се расчистува рачно со помош на чамци при што се ангажирани 4 вработени. Во должина на целиот канал пливаат големи количини трска, пластика, хартија и друг вид отпад, при што се очекува да се подигнат 10м3 отпад.
Акција за кабаст отпад „Стар Град„ и „Центар„ 11.05.2013 год.
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 11.05.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во населба „Стар Град„ и реонот опфатен со границите на улиците „Македонски Просветители„ , „Партизанска„ , „Димитар Влахов„ , „Кеј Маршал Тито„ и населба „Охридати„ .
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигне.
Акција за зелен отпад населба „Гоце Делчев„ 27.04.2013 год.
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 27.04.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на зелен отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива ограда и др.) од населба „Гоце Делчев„ (бараки).
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигне.
Во месеците мај и јуни продолжуваме со акциите за подигнување кабаст отпад. Воедно ги информираме граѓаните дека заради престојните Велигденски празници акцијата за кабаст отпад за „Стар Град„ која беше испланирана за 04.05.2013 год. ќе се реализира на 11.05.2013 год., за што граѓаните благовремено ќе бидат информирани.
Акции за чистење на потегот Лагадин-Пештани и дел од Градска плажа
Високиот водостој на Охридското Езеро допринесе да се наталожат големи количини отпад по крајбрежјето, притоа најзастапени се пластични отпадоци, хартија и трска . Од тие причини екипите на „Јавна Хигиена„ превзедоа акции за чистење на крајбрежниот појас на потегот од нас.Лагадин до с.Пештани и потегот на Градска плажа од Калето до вливот на река Грашница. Со расчистување на локациите се започна вчера и ќе се работи три дена со 15 ангажирани работници. Според претходно сондираниот терен очекуваме да се соберат околу 100 вреќи отпад.
Акција за зелен отпад од населба „Билјанини Извори„ 20.04.2013 год.
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 20.04.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на зелен отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива ограда и др.) од населба „Билјанини Извори„.
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигне.
Повторно кражба на цвеќиња во градскиот парк
Во текот на изминатиот ден украдено е сезонско цвеќе (околу 30 садници очиња и кранфилчиња) кои се засадени во градскиот парк пред х.„Ривиера„ и покрај пешачката патека пред Центарот за култура „Григор Прличев„. Штетата од страна на екипите на „Паркови и зеленило„ е веднаш санирана и засадени се нови садници, но загрижува фактот што оваа појава континуирано се повторува и се деградираат градските паркови и цветните катчиња.
Повторно упатуваме апел до надлежните служби за поголема присутност и надзор над зелените површини, и секако апел до граѓаните за поголема грижа кон зелените површини и повисока еколошка свест.
Акција за зелен отпад Македонски Просветители-Партизанска-Димитар Влахов-Кеј Маршал Тито-Охридати
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 13.04.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на зелен отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива ограда и др.) од реонот опфатен со улиците „Македонски Просветители„, „Партизанска„, „Димитар Влахов„, „ Кеј Маршал Тито„ и населба „Охридати„.
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигне.
Пролетни акции на повеќе локации во градот
Екипите на “Јавна Хигиена” оваа недела реализираат голем број активности за пролетно дотерување на градот.
По градскиот кеј и паркот се врши санација и замена на оштетените корпи за ситен отпад.
Во целата должина на “Булевар Туристичка” темелно се расчистуваат граничниците покрај коловозите и одливните шахти од обраснатата трева, натрупан песок, земја и друг вид отпад.
Друга локација на која интензивно се работи деновиве е стариот дел од градот каде се врши косење на тревата на градското кале.
Сите овие активности се одвиваат согласно Програмата за работа за 2013 год. со цел подигнување на степенот на јавна чистота и јавно зеленило.
Акција за зелен отпад „Стар Град„ (06.04.2013 год.-сабота)
Со цел да им излеземе во пресрет на потребите на граѓаните на општина Охрид, во секоја сабота од месец април ќе организираме акции за подигнување на зелен отпад, а саботите од месеците мај и јуни се резервирани за подигнување кабаст отпад. Овие акции ќе се одвиваат согласно испланираниот годишен календар за 2013 год.
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 06.04.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на зелен отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива ограда и др.) од населба „Стар Град„ .
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад да го уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да може Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигне.