Category Archives: АКТУЕЛНО
Во парковите започна засадувањето на летната цветна реколта
Деновиве екипите на „Паркови и зеленило„ започнаа со засадување на сезонско цвеќе од видовите: петунија, салвија, импатиенс, тагетес, винка, сардела и др. Со овие садници кои се од сопствениот расадник ќе се разубават парковите во летниот и есенскиот период, а планирано е да се украсат парковите со околу 30.000 садници. Со комбинацијата од бои, партерни елементи, украсни садници и декоративни саксии за цвеќа ќе се испратат нови цветни разгледници од Охрид овековечени во фотографиите на странските туристи.
Освоени три пехари на 20.тата Комуналијада
Изминатиов викенд во „Еуро Хотел„ Струга се одржа јубилејната 20.та Комуналијада 2013 год.
На овие спортско рекреативни игри кои имаат натпреварувачки карактер учествуваа околу 500 натпреварувачи од комунални претпријатија од Македонија. Со Комуналијадата беа опфатени следните спортски дисциплини: мал фудбал, шах, стрелаштво, куглање, пикадо, влечење јаже, кошарка и пинг-понг, како и работни дисциплини: аранжирање резано свежо цвеќе, миење на јавни површини, изнесување смет и др.
Ј.П.Охридски Комуналец се врати со три освоени пехари и тоа:
* второ место шах – жени
* второ место миење на јавни површини
* второ место изнесување на смет.
Акција за кабаст отпад населбите „Воска„ и „Даљан„ 08.06.2013 год.
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 08.06.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во населбите „Воска„ и „Даљан„ .
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
Се чисти локалитетот со локвањ
Денеска екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ вршат чистење на локалитетот кој претставува обновено живеалиште на жолтиот локвањ, во областа Мазија на кејот од Охридското Езеро.
Подигнати се 3 м3 трска, како и комунален отпад во кој најзастапена е пластиката.
Апелираме до граѓаните , овој локалитет со раритетниот локвањ треба сите заедно да го заштитиме покажувајќи поголема еколошка свест.
Ваквите активности не се опфатени со редовните активности, туку припаѓаат во вонредните активности од Програмата за работа за 2013 год. и се извршуваат по претходно добиен налог од Комуналната инспекција.
Акција за кабаст отпад Христо Узунов,Карабегомала и Горна Влашка Маала 01.06.2013 год.
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 01.06.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во населбите „Христо Узунов„ , „Карабегомала„ и „Горна Влашка Маала„ .
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
Комуналец со реакција по изјавите на Алче дека „не се чисти и не се коси„
Во реакцијата од екс директорот на Ј.П.„Охридски Комуналец„ Сашо Алче која беше објавена во Вашиот медиум, беа изнесени голем број невистини околу тековното работење на јавното претпријатие по неговата смена.
Со најголема одговорност тврдиме дека екипите на „Јавна Хигиена„ и „Услужна Хигиена„ се максимално ангажирани и ажурно и квалитетно ги изведуваат, како тековните, така и голем број вонреднии активности, со цел степенот на јавна хигиена и одржување на јавно зеленило да е на ниво како што му доликува на Охрид, како наш најголем туристички потенцијал.
На одржувањето на јавната и услужната хигиена во стариот дел од градот се обраќа посебно внимание. На секоја улица е извршено косење, метење, подигнат е шут и друг вид отпад. Улиците „Коста Абраш„ , „Илинденска„, „ Цар Самоил„ и „Кузман Капидан„ се третираат секојдневно, а другите улици од стариот дел од градот спаѓаат во втора и трета категорија, според Програмата за работа за 2013 год.
Нашите екипи направија фотографии од повеќе улици од стариот дел од градот од кои може да се заклучи дека навистина се одржува јавната хигиена и зеленило.
ул.„Браќа Миладиновци„
ул.„Кочо Рацин„
ул.„Григор Прличев„
двор од ОУ.Климент Охридски
ул.„Климентов Универзитет„
ул.„Нада Филева„
ул.„Кирил и Методиј„
Акција за кабаст отпад „Гоце Делчев„ (бараки) 25.05.2013 год.
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 25.05.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во населба „Гоце Делчев„ (бараки) .
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
Денеска акција во Велгошти
Денеска екипите на Ј.П.Охридски Комуналец спроведуваат широко-опфатна акција за средување на с.Велгошти. Се коси тревата покрај коловозот, се дотерувааат зелените површини, се расчистува натрупаниот и расфрлан отпад, а јавните површини се метат. Исто така рачно се расчистува речното корито на Велгошка река од пластика и расфрлан градежен шут.
Со ваквите активности продолжуваме и во останатите делови од Охрид и приградските населби.
Интензивно се уредуваат зелените и јавни површини
Веќе трет ден екипите на „Јавна Хигиена„ и „Јавно Зеленило„ интензивно работат на повеќе локации за уредување на зелените површини во градот и приградските населби, како и чистење на јавно прометните површини. По иницијатива на локалната самоуправа, а во соработка со другите јавни претпријатија од градот се коси ниската вегетација, се кастрат гранки, се метат површините и се подига отпад од следните локации: во стариот дел од градот ул.„Кузман Капидан„; просторот околу МЈП„Проаква„ -Охрид; потегот од магистралниот пат Охрид-Св.Стефан и с.Пештани.
ул.„Кузман Капидан„
простор околу МЈП„Проаква„
потег од магистралниот пат Охрид-Св.Стефан
с.Пештани
Акција за кабаст отпад „Билјанини Извори„ 18.05.2013 год.
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 18.05.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во населба „Билјанини Извори„ .
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.