Category Archives: АКТУЕЛНО
Акција за подигнување зелен отпад 12.11.2022 год. У.З.11 Видобишта
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 12.11.2022 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од У.З.11 Видобишта.
Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 12.11.2022 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.
Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.
Акција за подигнување зелен отпад 05.11.2022 год. населби Кошишта, Воска и Даљан
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 05.11.2022 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од У.З.3 и У.З.4 населби Кошишта, Воска и Даљан.
Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 05.11.2022 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.
Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.
Вонредна акција за кабаст и зелен отпад во с.Пештани и с.Трпејца 03.11.2022 год.(четврток)
Ј.П.„Охридски Kомуналец”-на ден 03.11.2022 год.(четврток) ќе организира вонредна акција за подигнување кабаст и зелен отпад во селата Пештани и Трпејца.
Жителите од овие села ќе имаат можност кабастиот и зелениот отпад уредно да го депонираат на пристапни локации, најкасно до 07.00 часот на 03.11.2022 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.
Акција за подигнување зелен отпад 29.10.2022 год. Горна Влашка маала, населба Христо Узунов и Карабегомаала
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 29.10.2022 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од У.З.10. и У.З. 6 Горна Влашка маала, населба Христо Узунов и Карабегомаала.
Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 29.10.2022 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.
Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.
Акција за собирање кабаст отпад У.З.14.Радојца Новичиќ 22.10.2022 год.(сабота)
Ј.П.„Охридски Kомуналец”-на ден 22.10.2022 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.14.Радојца Новичиќ.
Жителите од оваа урбана заедница ќе имаат можност кабастиот отпад уредно да го депонираат на пристапни локации, најкасно до 07.00 часот на 22.10.2022 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.
Соопштение-затворена за сообраќај ул.„Кленоец” 21.10.2022 год. (петок)
❗❗Ј.П.„Охридски Kомуналец” ги известува граѓаните на општина Охрид дека на ден 21.10.2022 год. (петок) во периодот од 08.00 часот до 13.00 часот поради изведување на активности ќе биде затворена за сообраќај ул.„Кленоец” (во близина на касарната).
❗Нашите екипи ќе постапат по Решението бр.21-688 од општина Охрид од Комисијата за превземање мерки и активности за отстранување дрва на подрачјето на град Охрид и ќе бидат отстранети две јасики од оваа локација.
❗Се молат граѓаните во горенадениот термин да ги користат околните улици.
Акција за собирање кабаст отпад У.З.11.Видобишта 15.10.2022 год.(сабота)
Ј.П.„Охридски Kомуналец”-на ден 15.10.2022 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.11 Видобишта.
Жителите од оваа урбана заедница ќе имаат можност кабастиот отпад уредно да го депонираат на пристапни локации, најкасно до 07.00 часот на 15.10.2022 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.
Заврши акцијата за чистење на магистрален пат Охрид-Св.Наум, само од дивите кампери собрани стотина вреќи отпад
Денеска екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” завршија со акцијата која изминативе 15 дена ја спроведоа за расчистување на расфрланот комунален отпад покрај магистралниот пат Охрид-Свети Наум. Денес се собираше отпад од последната етапа кај село Љубаништа, до манастирскиот комплекс Свети Наум и до границата со Република Албанија. Вкупно се собрани околу 600 вреќи тешко разградлив комунален отпад.
За жал и оваа година не не` одминаа сликите со купишта отпад кој зад себе го оставија дивите кампери на една од најубавите плажи на источното крајбрежје од Охридско Езеро, во близина на кампот Љубаништа. Само на потегот после кампот Љубаништа до манастирскиот комплекс Свети Наум се собрани околу 100 вреќи отпад.
Екипите на „Паркови и зеленило” го санираа оштетениот дел од чинарот во населба Кошишта
Екипите на „Паркови и зеленило” го санираа оштетениот дел од чинарот во населба Кошишта.
По добивање на информациите за откинатата голема сува гранка од чинарот, нашите екипи од раните утрински часови пристапија кон безбедно санирање на состојбата со обезбедување на просторот и отстранување на оштетените делови, без да настанат последици по минувачите и блиската зграда.
Превентивно се отстранети и други делови од напукнатото дрво, за да се спречи натамошно оштетување.
Акција за чистење на магистралниот пат до Свети Наум
Со цел да се обрати внимание на пошироката јавност за односот на поединци кон животната средина и донекаде да се ублажат последиците од загадувањето на природата, Ј.П.„Охридски Комуналец” започна акција за чистење на магистралниот пат до Свети Наум. Акцијата ќе се реализира етапно и според наши искуствени проценки ќе трае околу две седмици.
Ќе се подигнува тешко разградливиот отпад (отпадоци од пластика, лименки, картонска амбалажа и др.) од овој патен правец чие одржување не е во наша надлежност, но во интерес на граѓаните, пристапивме кон расчистување на оваа фреквентна делница.