Category Archives: АКТУЕЛНО

Се чисти крајбрежниот појас кај Холандскиот Парк

Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ денес спроведуваат акција за расчистување на натрупаниот муљ, трска и друг вид неразградлив отпад од езерските води во близина на Холандскиот Парк. Акцијата се изведува со багерување, со ангажирање на специјална машина ИЦБ, а се очекува да се подигнат околу 40 м3 муљ и друг вид отпад. Оваа активност се спроведува по добиен налог од комуналната инспекција, а ваквите акции на годишно ниво се изведуваат 4-5 пати, во зависност од потребите.

IMG10331-600-450

IMG10332-600-450

Акција за расчистување на магистрален пат Охрид-Св.Наум

Иако туристичката сезона полека одминува, во интерес на граѓаните и ширење  позитивна еколошка свест и подигнување на степенот на заштита на животната средина, од денес започнавме нова акција за расчистување на расфрланиот отпад покрај магистралниот пат Охрид -Св.Наум. Акцијата, заради широкиот потег, ќе се одвива етапно, каде ангажирани се 10 комунални работници кои рачно го собираат расфрланиот отпад (хартија, пластика и др.) покрај магистралниот пат.

Од наредната недела со оваа акција ќе биде опфатен и магистралниот пат Охрид-Скопје, на потегот од сообраќајната клучка до општина Дебарца.

IMG10187-600-450

IMG10188-600-450

IMG10189-600-450

Акција за кабаст отпад Стар Град 07.09.2013 год.

Од  оваа сабота започнуваме со есенскиот циклус на акции за подигнување кабаст и зелен отпад. Секоја сабота од месеците септември и октомври е резервирана за подигнување кабаст отпад, а во месец ноември ќе се подигнува зелен отпад. Со акциите етапно ќе бидат опфатени сите реони и населби од градот, за што граѓаните ќе бидат благовремено информирани преку нашата веб-страна и електронските медиуми. За динамиката со која се испланирани овие акции граѓаните можат да се информираат и од годишните календари.               

              Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 07.09.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.)  од реонот Стар Град .

          Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

„Комуналец„ работно им ја честита новата школска година

Екипите на „Јавна Хигиена„  утрово од 5,00 часот се на терен и ги метат пристапните патеки, школските дворови и просторот околу градинките, основите и средните училишта во градот. Изминативе две недели, по налог на општина Охрид, генерално се чистеа и хортикултурно се уредуваа повеќето  дворови од образовните институции со чистење, косење, кроење на крошните од дрвјата, засадување на украсни садници и цвеќа.

На овој начин им посакуваме успешен старт во новата школска година  на нашата најмлада популација.

IMG103061

IMG103071

IMG103081

IMG103031

„Комуналец„ ги дотерува градинките

По барање на Ј.О.У.Д.Г.„Јасна Ристеска„ нашите екипи ги дотеруваат дворовите од градинките, како и просторот околу истите. Се работи на сите пет објекти од детската градинка при што се врши генерално чистење и хортикултурно средување: косење, метење, кроење на крошните од дрвјата, шишање на живата ограда и украсните садници.

Помагањето на образовните институции од нашиот град и поттикнувањето на еко-свеста кај нашата најмлада популација е важен сегмент во нашите зацртани годишни планови кои и во иднина ќе ги реализираме. 

IMG102751

IMG102741

IMG102781

 

IMG102771

 

Се уредува О.У.”Климент Охридски” во населба Даљан

 Пред почетокот на новата школска година, екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„  го средуваат дворот на  О.У.”Климент Охридски” во населба Даљан, просторот околу школото, пристапниот пат и крајбрежниот дел на Охридското Езеро во овој реон. Овој простор темелно се расчистува од натрупаниот отпад, теренот се израмнува со специјална механизација (ИЦБ), а ангажирани се 10 општи комунални работници.  Исто така се врши и хортикултурно уредување на просторот со косење на тревата, отстранување на жбуновите и трњето и се врши поткастрување на крошните од дрвјата. Според нашите проценки се очекува да се подигне 60м3 отпад.

IMG102651

IMG102671

IMG102681

IMG102691

IMG102721

IMG102712

Овие активности се спроведуваат по претходно добиен налог од „Комуналната инспекција„.

Секојдневно се подига од “Даме Груев”-проблем паркираните возила

Во врска објавената вест на електронскиот медиум “Ohridnews” за мини-депонија која никна на ул.”Даме Груев”  сакаме да појасниме дека според динамиката комуналниот отпад  од овој реон се подигнува во вторник и петок, но заради туристичката сезона се подигнува секојдневно. Но кај посочената слика која беше објавена во веста јасно се гледа со какви проблеми се соочува нашето претпријатие. Сите влезови кои водат до контејнерите се блокирани од паркирани возила па нашите возила немаат никаков пристап. Но сепак, со вонреден ангажман на подигачите на отпад контејнерите се испразнети околу 20.00 часот и сиот отпад кој е депониран во тој ден е подигнат.    

Демант до Ohridnews

Почитувани,

Во врска објавената вест на Вашиот веб-портал со наслов “Охриѓани се жалат на преполни контејнери”  од 24.07.2013 год. (среда), Ј.П.”Охридски Комуналец” ги демантира наводите во вашата објава. Имено, Ј.П.”Охридски Комуналец” и оваа туристичка сезона работи со максимална ангажираност на вработените и специјалните возила за подигање отпад. Проблемите, кои за жал многу тешко се искоренуваат, произлегуваат од несовесното депонирање на зелен отпад, кабаст отпад, како и отпад од хартија, кои се депонираат во контејнерите наменети за депонирање на комунален отпад. Со тоа контејнерите веднаш се преполнуваат и граѓаните не се во можност да го депонираат комуналниот отпад од домаќинствата.

 Што се однесува пак до новата динамика и начин на депонирање на комуналниот отпад за граѓаните од Стариот дел од градот, до нашето прептпријатие секојдневно пристигаат пофалби од граѓаните и локалите од овој дел од градот. Со дислоцирање на контејнерите во близина на хотелот  “Александрија” се дислоцира и дивата депонија која секојдневно тука се создаваше на ова најпрометно место.

За подигнување на степенот на хигиена  Ј.П.”Охридски Комуналец” оваа сезона поставува нови 100 контејнери на целото подрачје на општина Охрид. Поставени се 28 контејнери, денес на терен веќе се поставуваат уште 20, а преостанатите ќе се постават во наредните денови. Со оваа акција се заменуваат старите и дотраени контејнери, кои во зависност од состојбата ќе бидат темелно измиени, дезинфицирани и заменети тркалата. На овој начин ќе се зголеми  бројот на контејнери каде за тоа има потреба и каде во летниов период гравитираат поголем број туристи и викенд-гости.       

За да се подигне нивото на хигиена не е доволно една страна, потребно е и другата страна да ја почитува динамиката и начинот на депонирање на отпад.

 

Се расчистува езерската алга покрај градскиот кеј

Од 22.07.2013 год.(понеделник) екипите на „Јавна хигиена„ започнаа со секојдневно чистење на крајбрежниот појас на потегот од градското пристаниште до х.Палас. Во овој период од годината езерската алга е во процес на скапување и се натрупува покрај градскиот кеј па затоа по налог на Комуналната инспекција се превзедоа активности за расчистување на истата.   Покрај рачното расчистување се користи и специјално возило за чистење на септички јами со кое окрекот директно се  вшмукува од езерските води. Активностите се извршуваат уште од 03.00 часот рано наутро како не би им попречувале на прошетките на туристите.  

Copy of IMG10209

Комуналец секојдневно на терен и во приградските населби

Во периодот од  24.06.2013 год. до  06.07.2013 год.  се изврши  генерално косење на селата и приградските населби во општина Охрид, каде беа опфатени селата Љубаништа, Трпејца, Пештани, Коњско, н.Исток, Св.Стефан, Рача, Велгошти, Лескоец, Косел, Горно и Долно Лакочереј, Подмоље и Велестово, а со цел да се олесни понатамошното одржување на хигиената.

Имајќи во предвид дека туристичката сезона е во полн ек Ј.П.”Охридски Комуналец” со својата организациона поставеност внесе новитет во работењето со тоа што ангажира лица за одржување на хигиената и плажите  по целото крајбрежје :

      *   секојдневно во:  с.Трпејца,   с.Пештани,  Лагадин и Св.Стефан;

      *   еднаш неделно во: с.Љубаништа, Коњско, н.Исток и Елшани.

Заради наметната потреба од повисок степен на одржување на хигиената и големиот број на манифестации кои се одржуваат во с.Велгошти, секојдневно се третира ова подрачје. Во селата Лескоец, Косел,  Горно и Долно Лакочереј, Подмоље и Орман динамиката на одржување на хигиената е еднаш неделно.

Се оствари средба со претставници од М.З.Велестово и јавното претпријатие им излезе во пресрет на нивните барања за косење, чистење и поставување на контејнери на пристапни локации.