Category Archives: АКТУЕЛНО

Со првиот снег „Комуналец„ на терен

Со паѓањето на првиот снег дежурните екипи на Комуналец  излегоа на терен синоќа уште во 21.00 часот.  Согласно Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид се делуваше по  приоритет на  улици и реони со специјалните возила кои претходно беа ставени во состојба на приправност. Коловозите се посипуваа со мешавина од сол и ризла за непречено одвивање на сообраќајот. Интервенирано е со 9м3 абразивни средства  по улиците од Стар Град,  населба „Гоце Делчев„-„Бараки„ и сообраќајниците  од градот.

CAM006401

Фотографија03721

Комуналец подготвен за работа во зимски услови

Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ деновиве ги интензивираа подготовките за подобро функционирање на сите свои служби во зимски услови, согласно најавите од Управата за хидрометеоролошки работи за снежни врнежи. Екипирани се дежурните служби кои се на располагање 24 часа, дефинирани се приоритетните улици и подрачја на делување, дефинирана е специјалната механизација и абразивни средства. Во стариот дел од градот, поради специфичноста на теренот, пристапните патеки и степенеци ќе  се чистат рачно, па од тие причини денес на повеќе пунктови се депонирани 50 вреќи сол. Обезбедени се доволни количини за расчистување на јавно-прометните површини на целата територија на општина Охрид.  

IMG10489

Акција за зелен отпад У.З.14 „Радојца Новичиќ„ (Црногорци) (23.11.2013 год.-сабота)

              Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 23.11.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.)  од населбa У.З.14 „Радојца Новичиќ„(Црногорци) .

          Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

Со оваа акција завршува годинешниот циклус на акции за подигање кабаст и зелен отпад.

 

Нови леи со ружи ќе го красат Охрид

Најпрометната улица во Охрид -„Булевар Туристичка„ ќе ја красат нови леи  со ружи, растение кое со право го носи приматот кралица на цветовите. Од денеска се започна со засадување на потегот од спортската сала до сообраќајницата кај гимназијата. На овој потег се засадуваат 150 садници ружи од различен вид и различни нијанси од бои.

 lea

Со оваа активност ќе се продолжи по целата должина на „Булевар Туристичка„ , а предвидено е  леи со ружи да ги красат и другите фреквентни сообраќајници. 

Акција за зелен отпад „Видобишта„ (16.11.2013 год.-сабота)

              Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 16.11.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.)  од населбa „Видобишта„ .

          Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

Одбележан „7-ми Ноември„ патронот на Комуналец

Ј.П.„Охридски Комуналец„ денеска го одбележа својот патронен празник  “7-ми Ноември”. Во административните простории на Ј.П.„Охридски Комуналец„,  во присуство на Градоначалникот Никола Бакрачески,  на 12 вработени им беа врачени награди за 10, 20 и 30 години непрекината работа во ЈП Охридски Комуналец.Исто така доделени се 4 награди за најуспешен работник  за   покажана успешност во работата во 2013 година.   

GEDC0334

GEDC0336

GEDC0335

GEDC0337

Во продолжение во целост Ви го презентираме говорот од директорката на ЈП Охридски Комуналец,  Елена Скрческа:

 Според пишаните документи првите почетоци на претпријатието датираат од далечната 1952 г. Во текот на досегашниот период извршувани се повеќе статусни промени на припојување и раздвојување на повеќе организациски единици на претпријатието од различни дејности за да  денес ЈП Охридски Комуналец претставува единствен вршител на комунални услуги:

  • собирање, транспортирање и депонирање на комунален отпад,
  • одржување на јавна чистота и
  • одржување на градските паркови и зеленило

на цела територија на општина Охрид.

Формирано oд страна на советот на општина Охрид ЈП Охридски Комуналец има задача да обезбеди чист и уреден град и да се грижи за заштита на животната средина.

Преку меѓусебна доверба, јасна и отворена комуникација и транспарентност градиме однос со граѓаните и правните субјекти, а нивното задоволство и исполнувањето на нивните потреби за здрава и чиста околина претставува успех на нашето работење.

Во моментов од големо значење за ова јавно претпријатие е обновување и осовременување на возниот парк како и на опремата во останатите сегменти од претпријатието. 

Во наредниот период планирана е реализација на проектот „Подземни контејнери“  и поставување прес контејнери на локации каде постои концентрирано колективно становање. Се планира и изградба на нови зелени површини во градот и околината како и многу цветни паркови.

Јас сум уверена дека со поголем напор и посветеност кон работата, како на раководниот тим така и на сите вработени, ќе успееме да ги оствариме зацртаните цели, ќе ги надминеме тековните проблеми, и во иднина ќе броиме само успеси.

 

Акција за зелен отпад „Воска„ и „Даљан„ (09.11.2013 год.-сабота)

              Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид дека на ден 09.11.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.)  од населбите „Воска„ и „Даљан„.

          Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

Максимален ангажман на „Јавна хигиена„ во есенскиов период

Екипите на „Јавна хигиена„  есенскиов период со зголемен ангажман го подигаат  паднатиот лист од јавно-прометните површини. Дневно се собира и подига околу 15 м3 непресуван лист од градскиот парк, коловозите и тротоарите во централните и периферните делови од општина Охрид, кој потоа се транспортира во расадникот, каде истиот се компостира.

 IMG104741

IMG104771

Заради неповолните временски услови во изминативе два дена и засилениот ветар од јужен правец, езерските води по градскиот кеј исфрлија големи количини окрек, реса и друг вид отпад . На расчистувањето ќе се работи во наредните три дена бидејќи, според наши проценки, треба да се подигне 50м3 отпад .

IMG104761

 

IMG104721

Контејнерите од „Булевар Туристичка„ дислоцирани по споредните улици

Ј.П.„Охридски Комуналец„ ги известува граѓаните на општина Охрид дека по барање на  Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште, контејнерите од „Булевар Туристичка„ не се повлечени, туку истите се дислоцирани.

Заради непречено движење на велосипедистите по велосипедската патека во целата должина на „Булевар Туристичка„ , контејнерите од оваа сообраќајница се  дислоцирани во најблиските комплекси и споредни улици околу „Булевар Туристичка„.

Дежурниот телефон во Р.Е.Механизација 046/265-353  им стои 24 часа на располагање на граѓаните, каде може да се информираат детално за новата локација на контејнерите.

Акција за зелен отпад од „Христо Узунов„, „Карабегомала„ и „Горна Влашка Мала„ (02.11.2013 год.-сабота)

              Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 02.11.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.)  од населбите „Христо Узунов„, „Карабегомала„  и „Горна Влашка Мала„  .

          Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отапд.

Распоредот на есенските акции за подигнување зелен отпад е следен:

          * 02.11.2013 год.: нас.„Христо Узунов„, „Карабегомала„ и

                                     „Горна Влашка Мала„ ;

          * 09.11.2013 год. : нас.„Воска„ и „Даљан„ ;

          * 16.11.2013 год. : нас.„Видобишта„ ;

          * 23.11.2013 год. : нас.„Црногорци„.

        За овие акции граѓаните ќе бидат навремено информирани преку нашата веб-страна и локалните електронски медиуми.