Category Archives: АКТУЕЛНО
Припреми за Богојавление Водици
Ј.П. Охридски Комуналец Охрид со сите расположливи ресурси активно е вклучен во организација за одбележување на празникот Богојавление Водици.
На градското пристаниште е поставена мала бина.
Со верски знамиња е украсен градскиот плоштад, ул.Коста Абраш и ул.Цар Самоиул.
На улицата Македонски Просветители и плоштад се поставени државни знамиња и знамиња на општина Охрид.
Извршено е украсување со зеленика и бршлен на бродовите “Александрија 1″,”Александрија 2” и бродот “Галеб”, светилникот и канделабрите околу градското пристаниште.
На градското пристаниште поставени се 20 тезги и заштитна ограда.
Ќе се постават 20 канти за отпад на градското пристаниште на 19.01.2014.
Се средува месноста Сараиште каде на 20.01.2014 ќе се изврши масовно крштевање (отстранети се дел од кајчината, искосена е тревата и уреден е просторот).
Традиционално за Василица во Комуналец се бараше паричка

Верскиот празник Василица- Стара Нова Година го одбележаа вработените во Ј.П.”Охридски Комуналец” со вртење на василичарска пита. Негувајќи ги традиционалните обичаи за охридскиот крај, се бараше паричка во пита која според верувањата на оној на кој ќе му падне , новата година ќе му биде среќна и бериќетна.
Оваа 2014 година ќе биде среќна и успешна за Виолета Шапкароска која имаше среќа паричката да падне кај неа.
Се расчистува шумскиот дел од Калето

Екипите на „Паркови и зеленило„ и „Јавна хигиена„ деновиве расчистуваат повеќе локации од шумскиот дел на охридското Кале. Се работи на шумскиот дел кој се наоѓа покрај коловозот кој води од вториот Чинар до Горна Порта и од Горна Порта до месноста „Дрвара„. Повеќе исушени дрвја од видот багрем и јасен се отстранети, а заради непречено движење на пешаците и возилата, гранките од дрвјата кои се наоѓаат во непосредна близина на коловозот се поткастрени, а ниската вегетација е отстранета.
Исто така интензивно се средува шумскиот дел под црквата „Св.Богородица Перивлепта„ .Од овој простор се подигна големо количество расфрлан отпад и истиот се расчисти од бршлените и трњето. Заради непристапноста на теренот сите активности се спроведуваа рачно.
Вакви и слични акции ги спроведуваме во соработка и координација со општина Охрид.
Успешно реализирана акцијата за чистење на речните корита и канали

Ј.П.„Охридски Комуналец„ ја заврши широкоопфатната акција за чистење на речните корита и канали на територијата на општина Охрид за оперативната 2013 год. Оваа акција која се спроведе по налог на локалната самоуправа, започна на почетокот од месец октомври. Се делуваше на речните корита на реките Сушица и Грашница по нивните теченија во с.Велгошти, населба У.З.14 „Радојца Новичиќ„ (Црногорци), ул. „Железничка, „15-ти Корпус„, како и каналите во Студенчишко Блато, во с.Орман и во населба Даљан, во вкупна должина од 6.600 м. Дел од активностите за чистење се спроведуваа машински со ангажирање на сопствена специјална механизација , додека другиот дел каде заради непристапност на теренот беше невозможно машинско чистење, се делуваше рачно.
Оштетени 24 корпи за ситен отпад

За време на новогодишните празници настрадаа корпите за ситен отпад поставени на градскиот плоштад, кејот и старата охридска чаршија. Оштетени се 24 корпи, а загрижува фактот што на потегот од првиот до вториот Чинар сите корпи се демолирани. Денеска нашите екипи пристапија кон санација на состојбата и поставување на нови корпи за ситен отпад.
СРЕЌНИ НОВОГОДИШНИ И БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ

Ј.П.”Охридски Комуналец” на сите граѓани на Општина Охрид, сите свои корисници и деловни партнери им ги честита новогодишните и божиќните празници со желби за среќна, успешна и бериќетна 2014 год.
Задоволен граѓанин кој гордо се носи со привилегијата што е граѓанин на Охрид ќе претставува појдовна точка во нашите секојдневни активности за исполнување на нивните потреби за чиста и здрава околина .
Продолжува ноќното миење на улиците

Деновиве со зголемување на температурите продолжи акцијата за миење на улиците. ЈП Охридски Комуналец Охрид заради почист град пред претстојните празници започна со интензивно миење со што би се вратил сјајот на улиците. Деновиве се миеше централното градско подрачје а во наредиве ќе се продолжи и со периферните улици додека дозволуваат температурните услови.
Во изминатриов период се работеше интензивно со максимално искористување на работната сила со цел хигиената да биде на високо ниво, со што Охрид кај гостите кои ќе го посетат во престојниот период би го задржал впечатокот за чист град.
Комуналец го расчитува снегот

Според метеоролошката прогноза за снежни врнежи во текот на ноќта, дежурните служби од Комуналец кои беа во приправност излегоа на терен во ноќните часови од 3,30 часот. Со специјалните возила посипани се 7 м3 абразивни средства по главните сообраќајници во градот. Екипите на Јавна хигиена излегоа на терен од 5.00 часот и рачно го расчистуваа снегот од градската чаршија, тротоарите и патеките во стариот дел од градот. Посебен акцент се стави на локациите каде според свечената програма ќе се празнува Заштитникот на градот Охрид-Св.Климент Охридски (градскиот плоштад, просторот околу О.У.Св.Климент Охридски и патеката до Плаошник).
Интензивирани активностите пред празникот 8-декември

Пред претстојниот празник 8.декември – Св.Климент Охридски, кој воедно се одбележува како Ден на Општина Охрид, Ј.П.Охридски Комуналец ги интензивира своите активности околу одржувањето на јавната чистота и јавното зеленило. Темелно се чистат и уредуваат јавно-прометните и зелените површини каде по повод празникот ќе се одржуваат свечености: градскиот плоштад, дворот од О.У.„Климент Охридски„ и сите пристапни патеки кои водат до училиштето, патеката до Плаошник, просторот околу Домот на култура „Григор Прличев„ и др. Во градскиот парк продолжува акцијата за засадување на зимската цветна реколта, а на градскиот плоштад клупите и садовите за депонирање ситен отпад ќе светнат во нова боја.
Започна засадувањето на зимската цветна реколта

Со започнување на месец декември „Паркови и зеленило„ започнаа со засадување на цветниот саден материјал кој ќе ги разубавува парковите во Охрид во зимскиот период. Планирано е од цветната реколта која е од сопствено производство да се засадат 50.000 садници од видот viola (очиња), како и 10.000 садници од видовите dianthus (каранфилчиња) и belis (белис).
Со разубавување ќе бидат опфатени: градскиот парк, плоштадот, кружните сообраќајници, парковската површина од зградата на локалната самоуправа, „Булевар Туристичка„ и други зелени површини во градот.