Category Archives: АКТУЕЛНО

На Полигонот оставени вреќи со трева

Во врска со написите пласирани на некои од електронските медиуми, дека опасен отпад е оставен во црни најлоски вреќи на просторот од поранешниот полигон за мали спортови, од Ј.П.„Охридски Комуналец„ ги информираат граѓаните дека не се работи за никаков опасен отпад, туку најобична трева. Според наше мислење или некој ја собрал околната трева за исхрана на животни, или пак некој несовесен поединец од околните куќи или згради го уредувал своето дворно место и зелениот отпад го фрлил на оваа локација. Нашите екипи веднаш излегоа на лице место и бидејќи се работи за приватен имот, издаден е налог од Општинскиот инспекторат. Ваквите простори кои се во приватна сопственост треба да ги одржуваат самите сопственици, или пак да склучат договор со јавното претпријатие, кое ќе ја одржува хигиената со соодветен надомест.

Во интерес на граѓаните на општина Охрид, денеска целиот простор се расчистува од натрупаниот отпад, каде поради отворениот пристап, многу често се создаваат мини-депонии.

IMG105711

IMG105701

IMG105681

 

IMG105661

Се уредува просторот кај крстосницата „Питу Гули„-„Марко Нестороски„

Ј.П.Охридски Комуналец го оплеменува просторот кој се наоѓа во УЗ.Горна Влашка Маала, во близина на чинарот, на аголот од крстосницата на улиците „Питу Гули„ и „Марко Нестороски„. Овој простор ќе добие комплетно нов лик. Во почетната фаза просторот со специјална механизација се расчистува, теренот се израмнува, по што ќе следи реализацијата на партерното решение со кое е планирано поставување на бехатон подлога, фонтана, клупи и засадување на украсни садници. 

CAM009641

 

CAM009651

Акција за чистење депонии од градежен шут во УЗ„Видобишта„

Продолжуваат акциите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ за почист и поубав град, каде покрај подигнување на степенот на хигиена, сакаме да го имплементираме и едукативниот карактер за подигнување на еколошката самосвест кај жителите во секоја урбана заедница на општина Охрид.

Денес Ј.П.„Охридски Комуналец„ започна акција за расчистување на дивите депонии од градежен шут во УЗ.„Видобишта„ ,  на потегот од „Стобекс„ до АД.„Жито Леб„ по должина на ул.„Ристо Чадо„. Со специјална механизација темелно се расчистуваат дивите мини-депонии , а потоа теренот се израмнува. Акцијата во оваа урбана зедница ќе се реализира и во наредните денови, а ќе бидат ангажирани и метачите од „Јавна хигиена„ за финално чистење на потегот.

untitled41

 

untitled31

 

untitled51

Акција во Урбана заедница “Билјанини Извори”

По налог на Општинскиот инспекторат, Ј.П.”Охридски  Комуналец”  спроведе акција за расчистување на Урбана заедница “Билјанини Извори”  во комплексот згради на ул.”Никола Карев”. Плански беше избран денешниот ден-сабота, кога повеќето жители од оваа населба се во своите домови, за да  се делува едукативно во подигнување на еколошката свест кај самите жители, затоа што населбата е нивно катче, а Ј.П.”Охридски  Комуналец”  не може да исчисти, колку што самите граѓани можат да загадат. Чистењето на дворните површини околу колективните станбени објекти, согласно законот за   Јавна чистота, не е обврска на Ј.П.”Охридски  Комуналец”  бидејќи истите не спаѓаат во јавни површини, но со цел почиста и здрава животна средина, се спроведе оваа акција во која се подигнати околу 40 вреќи отпад.

IMG10557

 

IMG10558

Се расчистуваше потегот од влезот во Охрид до Св.Еразмо

Ј.П.”Охридски Комуналец”  денес спроведе акција за расчистување на магистралниот пат Охрид-Скопје на потегот од сообраќајната клучка на влезот во Охрид до месноста Св.Еразмо. На овој потег , како последица на несовесно однесување на поединци, континуирано се создаваат мини-депонии од градежен шут, зелен и друг вид комунален отпад. По налог на Општинскиот инспекторат, Ј.П.”Охридски  Комуналец” пристапи кон расчистување на овој потег  со 4 вработени и собрани се 60 вреќи отпад.

 

IMG10559

IMG10561

Се надеваме дека во иднина ќе се применуваат ригорозните казни за загадување на околината со кои ќе се санкционираат несовесните граѓани.

Хортикултурно уреден Чинарот на ул.”Питу Гули”

Деновиве екипите на “Паркови и зеленило” при “Охридски Комуналец” го оплеменија просторот околу чинарот на ул. “Питу Гули” во Урбана заедница “Горна Влашка Мала”. Засадени  се 40 цветно декоративни садници, а екипи на Ј.П.”Градски Гробишта” ги заменија оштетените клупи. Со ова хортикултурно уредување локацијата која се наоѓа покрај фреквентна крстосница  доби нов лик.

IMAG00811

IMAG00821

IMAG00851

Со вакви акции ќе продолжиме и во наредниот период создавајќи нови зелени катчиња на повеќе локации во сите урбани заедници во општина Охрид.

Во 2014 год. подобра соработка Комуналец-Инспекторат

По предлог на Директорот на Ј.П.”Охридски Комуналец”, Елена Скрческа, денес  беше одржан состанок со претставници од Одделението за инспекциски надзор-Инспекторат и комуналните редари при локалната самоуправа.Целта на овој состанок, како што истакна Директорката Елена Скрческа , е подобрување на меѓусебна соработка и транспарентна комуникација  во 2014 год. во доменот на одржување на  јавната чистота, јавното зеленило и услужната хигиена. Бенефитите од подобрата взаемна соработка ќе се ефектуираат не само во работата на јавното претпријатие и Инспекторат, туку генерално во подобрување на сликата и имиџот на градот како наш најголем туристички центар.

    Од страна на претставници од комуналното претпријатие беа посочени најкритичните точки и проблеми со кои се соочуваат секојдневно: одржување на јавната чистота на “ТAXI” постојките, каде таксистите го загадуваат просторот со отпушоци и отпадоци, проблемот со отпушоците кои ги расфрлаат дел од вработените од локалите по градската чаршија и “Македонски Просветители”, преполнување на кантите (чија намена е депонирање на ситен отпад) со комунален отпад по градската чаршија и други фреквентни сообраќајници, несоодветно депонирање и оставање на комуналниот отпад кај индивидуалните објекти на ул.”Гоце Делчев” , ул.”7-ми Ноември” и “Стив Наумов”, потоа критични точки каде се злоупотребува намената на контејнерите на ул.”Егејска” , ул”Сатеска” и ул.”Васил Стефоски”, непристапност на нашето возило од паркирани возила до поранешната зграда на МТВ  и др. Во поглед на одржување на јавното зеленило најголем проблем создаваат домашните миленици, најмногу кучињата, кои ги уништуваат парковите. Од Инспекторатот беше посочено дека голем проблем е одржувањето на зеленилото од индивидуалните објекти кое ги загрозува јавните пешачки зони и површини, како и одржувањето на локации кои се наоѓаат на фреквентни локации  и се во приватна сопственост, а сопствениците не ги одржуваат.

Донесени се голем број  заклучоци, идеи и  предлози за подобрување на комуналната хигиена и јавното зеленило, кои заеднички Комуналец и Инспекторатот во 2014  год. ќе ги реализираат.

Фотографија04771

Фотографија04781

Фотографија04791

Фотографија04811

Акција за чистење на потегот Косел-Вапила-Сирула

Согласно Оперативната програма за 2014 год. Ј.П.”Охридски Комуналец” спроведе акција за расчистување на зелениот појас покрај коловозот од магистралниот пат кој води до селата Вапила и Сирула. Детално се расчисти расфрланиот отпад  на овој потег (хартија, пластика, комунален и друг вид отпад) .

Фотографија04261

 

Фотографија04281

 

Фотографија04301

 

Фотографија04311

Силниот ветер наталожи огромни количини отпад по кејот

Заради неповолните временски услови кои го зафатија охридскиот регион во изминативе денови, проследени со силен ветар и големи бранови, на кејот се наталожени големи количини отпад (трска, муљ, пластика и друг вид отпад ). Од тие причини нашите екипи вонредно се ангажирани во секојдневно расчистување на кејот и подигнати се 15м3 отпад.

IMG10549

 

IMG105481

 

 

Се рушат старите објекти кај училиштето во Далјан

Екипите на  Ј.П.„Охридски Комуналец„ деновиве интензивно се ангажирани во расчистување на просторот во близина на ОУ.„Св.Климент Охридски„ во населба Далјан каде е спроведено рушење на старите и руинирани објекти. Овие објекти претставуваа потенцијална опасност за учениците, па затоа по налог на локалната самоуправа , се пристапи кон рачистување на овој простор. Ангажирана е специјална механизација -компиниран ровокопач, како и два камиони за товарење и транспорт на градежниот шут.

DSCF67261

 

DSCF67281

 

DSCF67291