Category Archives: АКТУЕЛНО
Акција за чистење депонии од градежен шут во УЗ„Видобишта„
Продолжуваат акциите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ за почист и поубав град, каде покрај подигнување на степенот на хигиена, сакаме да го имплементираме и едукативниот карактер за подигнување на еколошката самосвест кај жителите во секоја урбана заедница на општина Охрид.
Денес Ј.П.„Охридски Комуналец„ започна акција за расчистување на дивите депонии од градежен шут во УЗ.„Видобишта„ , на потегот од „Стобекс„ до АД.„Жито Леб„ по должина на ул.„Ристо Чадо„. Со специјална механизација темелно се расчистуваат дивите мини-депонии , а потоа теренот се израмнува. Акцијата во оваа урбана зедница ќе се реализира и во наредните денови, а ќе бидат ангажирани и метачите од „Јавна хигиена„ за финално чистење на потегот.
Акција во Урбана заедница “Билјанини Извори”
По налог на Општинскиот инспекторат, Ј.П.”Охридски Комуналец” спроведе акција за расчистување на Урбана заедница “Билјанини Извори” во комплексот згради на ул.”Никола Карев”. Плански беше избран денешниот ден-сабота, кога повеќето жители од оваа населба се во своите домови, за да се делува едукативно во подигнување на еколошката свест кај самите жители, затоа што населбата е нивно катче, а Ј.П.”Охридски Комуналец” не може да исчисти, колку што самите граѓани можат да загадат. Чистењето на дворните површини околу колективните станбени објекти, согласно законот за Јавна чистота, не е обврска на Ј.П.”Охридски Комуналец” бидејќи истите не спаѓаат во јавни површини, но со цел почиста и здрава животна средина, се спроведе оваа акција во која се подигнати околу 40 вреќи отпад.
Се расчистуваше потегот од влезот во Охрид до Св.Еразмо
Ј.П.”Охридски Комуналец” денес спроведе акција за расчистување на магистралниот пат Охрид-Скопје на потегот од сообраќајната клучка на влезот во Охрид до месноста Св.Еразмо. На овој потег , како последица на несовесно однесување на поединци, континуирано се создаваат мини-депонии од градежен шут, зелен и друг вид комунален отпад. По налог на Општинскиот инспекторат, Ј.П.”Охридски Комуналец” пристапи кон расчистување на овој потег со 4 вработени и собрани се 60 вреќи отпад.
Се надеваме дека во иднина ќе се применуваат ригорозните казни за загадување на околината со кои ќе се санкционираат несовесните граѓани.
Хортикултурно уреден Чинарот на ул.”Питу Гули”
Деновиве екипите на “Паркови и зеленило” при “Охридски Комуналец” го оплеменија просторот околу чинарот на ул. “Питу Гули” во Урбана заедница “Горна Влашка Мала”. Засадени се 40 цветно декоративни садници, а екипи на Ј.П.”Градски Гробишта” ги заменија оштетените клупи. Со ова хортикултурно уредување локацијата која се наоѓа покрај фреквентна крстосница доби нов лик.
Со вакви акции ќе продолжиме и во наредниот период создавајќи нови зелени катчиња на повеќе локации во сите урбани заедници во општина Охрид.
Во 2014 год. подобра соработка Комуналец-Инспекторат
По предлог на Директорот на Ј.П.”Охридски Комуналец”, Елена Скрческа, денес беше одржан состанок со претставници од Одделението за инспекциски надзор-Инспекторат и комуналните редари при локалната самоуправа.Целта на овој состанок, како што истакна Директорката Елена Скрческа , е подобрување на меѓусебна соработка и транспарентна комуникација во 2014 год. во доменот на одржување на јавната чистота, јавното зеленило и услужната хигиена. Бенефитите од подобрата взаемна соработка ќе се ефектуираат не само во работата на јавното претпријатие и Инспекторат, туку генерално во подобрување на сликата и имиџот на градот како наш најголем туристички центар.
Од страна на претставници од комуналното претпријатие беа посочени најкритичните точки и проблеми со кои се соочуваат секојдневно: одржување на јавната чистота на “ТAXI” постојките, каде таксистите го загадуваат просторот со отпушоци и отпадоци, проблемот со отпушоците кои ги расфрлаат дел од вработените од локалите по градската чаршија и “Македонски Просветители”, преполнување на кантите (чија намена е депонирање на ситен отпад) со комунален отпад по градската чаршија и други фреквентни сообраќајници, несоодветно депонирање и оставање на комуналниот отпад кај индивидуалните објекти на ул.”Гоце Делчев” , ул.”7-ми Ноември” и “Стив Наумов”, потоа критични точки каде се злоупотребува намената на контејнерите на ул.”Егејска” , ул”Сатеска” и ул.”Васил Стефоски”, непристапност на нашето возило од паркирани возила до поранешната зграда на МТВ и др. Во поглед на одржување на јавното зеленило најголем проблем создаваат домашните миленици, најмногу кучињата, кои ги уништуваат парковите. Од Инспекторатот беше посочено дека голем проблем е одржувањето на зеленилото од индивидуалните објекти кое ги загрозува јавните пешачки зони и површини, како и одржувањето на локации кои се наоѓаат на фреквентни локации и се во приватна сопственост, а сопствениците не ги одржуваат.
Донесени се голем број заклучоци, идеи и предлози за подобрување на комуналната хигиена и јавното зеленило, кои заеднички Комуналец и Инспекторатот во 2014 год. ќе ги реализираат.
Акција за чистење на потегот Косел-Вапила-Сирула
Силниот ветер наталожи огромни количини отпад по кејот
Заради неповолните временски услови кои го зафатија охридскиот регион во изминативе денови, проследени со силен ветар и големи бранови, на кејот се наталожени големи количини отпад (трска, муљ, пластика и друг вид отпад ). Од тие причини нашите екипи вонредно се ангажирани во секојдневно расчистување на кејот и подигнати се 15м3 отпад.
Се рушат старите објекти кај училиштето во Далјан
Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ деновиве интензивно се ангажирани во расчистување на просторот во близина на ОУ.„Св.Климент Охридски„ во населба Далјан каде е спроведено рушење на старите и руинирани објекти. Овие објекти претставуваа потенцијална опасност за учениците, па затоа по налог на локалната самоуправа , се пристапи кон рачистување на овој простор. Ангажирана е специјална механизација -компиниран ровокопач, како и два камиони за товарење и транспорт на градежниот шут.
Хортикултурно уреден Малиот плоштад
Екипите на „Паркови и зеленило„ го разубавија Малиот плоштад на просторот од поранешната библиотека со засадување на декоративни садници и цветен сезонски саден материјал, дополнети со визуелно естетски елементи (ќупови, украсни камчиња и др.). На овој простор се засадени 6 палми , 350 очиња, 72 зеленики и 25 туи.
Припреми за Богојавление Водици
Ј.П. Охридски Комуналец Охрид со сите расположливи ресурси активно е вклучен во организација за одбележување на празникот Богојавление Водици.
На градското пристаниште е поставена мала бина.
Со верски знамиња е украсен градскиот плоштад, ул.Коста Абраш и ул.Цар Самоиул.
На улицата Македонски Просветители и плоштад се поставени државни знамиња и знамиња на општина Охрид.
Извршено е украсување со зеленика и бршлен на бродовите “Александрија 1″,”Александрија 2” и бродот “Галеб”, светилникот и канделабрите околу градското пристаниште.
На градското пристаниште поставени се 20 тезги и заштитна ограда.
Ќе се постават 20 канти за отпад на градското пристаниште на 19.01.2014.
Се средува месноста Сараиште каде на 20.01.2014 ќе се изврши масовно крштевање (отстранети се дел од кајчината, искосена е тревата и уреден е просторот).