Category Archives: АКТУЕЛНО
Акција за зелен отпад 12.04.2014 (сабота) реон Македонски Просветители, Партизанска, Димитар Влахов, Кеј Маршал Тито и населба Охридати
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 12.04.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од реонот опфатен со границите на улиците : Македонски Просветители, Партизанска, Димитар Влахов, Кеј Маршал Тито и населба Охридати.
Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.
Нови цветни острови на градскиот кеј
Во тревниот дел од градскиот парк, на потегот од поранешното ПТТ одморалиште до угостителското училиште, Ј.П.Охридски Комуналец засади 3 нови цветни острови. Формирани се три мини-паркчиња каде се засадени околу 500 цветни садници , 50 декоративни и зимзелени грмушки и поставени се други декоративни елементи. Овие парковски решенија се дел од проектот на локалната самоуправа за формирање на 40 нови паркчиња на територијата на општина Охрид.
Исто така, на овој потег, како и во Холандскиот Парк, отстранети се заштитните најлони од палмите кои беа засадени со минатогодишната акција „Ден на дрвото-засади ја својата иднина„. Поголемиот дел од садиците се во одлична состојба и е извршено освежување со отстранување на старите лисја, со цел поттикнување на растот на новата листна маса.
Акција за зелен отпад У.З.1. „Стар Град„ (05.04.2014-сабота)
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид од месец април започнува со пролетниот циклус на акции за подигнување кабаст и зелен отпад. Месец април е резервиран за акциите за подгинување зелен отпад, а во мај и јуни ќе се подига кабаст отпад. Динамиката на подигнување е дефинирана во годишниот календар за работа за 2014 год. и вообичаено акциите ќе се реализираат во саботите во различни делови од градот.
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 05.04.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од У.З.1. „Стар Град„.
Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.
Генералка на ул.„Радојца Новичиќ„
Екипите на „Јавна хигиена„ темелно ги расчистуваат тротоарите, граничниците од коловозите и просторот околу тротоарите на ул.„Радојца Новичиќ„ , на потегот од амбулантата во оваа урбана зедница до влезот во с.Долно Лакочереј. Ангажирани се 4 работници кои 3 дена го расчистуваа потегот од натрупаниот отпад во зимскиот период од наноси на песок и земја, се отстранува ниската вегетација и се подига расфрланиот отпад. Од овој реон подигнати се околу 5 м3 земја, песок, трева, хартија и пластика.
Акција за расчистување на месноста Грашница
По налог на Општинскиот инспекторат Ј.П.„Охридски Комуналец„ спроведува акција за расчистување на потегот од под Калето, околу комплексот згради на ул.„Крум Точко„ , кај фудбалското игралиште во месноста Грашница, вливот на река Грашница во Охридско Езеро и кај амбулантата „Воска„. Ангажирани се пет работници кои го расчистуваат расфрланиот комунален отпад (пластика, најлон кеси, хартиени отпадоци и др.) и мини-депонијата од градежен шут кај амбулантата.
Апелираме до граѓаните ваквите грди слики да не се повторат, зошто несовесното однесување на поединци остава трајни последици по степенот на хигиена на целиот град, а со расфрлањето на отпад на овој потег посредно се загадува и езерото.
Нова фарба на клупите и корпите за ситен отпад
Согласно Програмата за работа на Ј.П.„Охридски Комуналец„ за 2014 год., со доаѓањето на пролетта се интензивираа активностите за дотерување и освежување на градот пред туристичката сезона. Во рамките на проектираните активности за одржување на јавно-прометните површини и јавните добра, на градскиот плоштад се изврши фарбање на клупите и корпите за ситен отпад, а кај дел од нив се изврши санација.
Се реализира кампањата „Македонија земја на цвеќето-Земја на розата„
Во реализацијата на националната еколошка кампања „Македонија земја на цвеќето-Земја на розата„ која ја спроведува Министерството за животна средина и просторно планирање, денес активно се вклучи и општина Охрид и Ј.П.„Охридски Комуналец„, со што симболично го означивме и стартот на пролетта. Во рамките на оваа кампања Ј.П.„Охридски Комуналец„, планира да засади 2.000 садници ружи на целата територија на општината, а денес беа засадени ружи на „Булевар Туристичка„ (потег градски пазар-Петља), месноста „Долни Сарај„ (по барање на Фестивалот „Охридско лето„) и во основните училишта „Григор Прличев„ и „Христо Узунов„.
Со оваа кампања се надеваме дека ќе влијаеме позитивно и едукативно како кај најмладата популација, така и кај сите граѓани, со цел урбаните средини да ги претвориме во цветни градини и прочистувачи на загдениот воздух
Генералка на „Железничка„ и „15-ти Корпус„
Со официјалното завршување на зимскиот режим на сообраќај, Ј.П.Охридски Комуналец пристапи кон темелно расчистување на магистралните сообраќајници „Железничка„ и „15-ти Корпус„, кои во текот на зимскиот период беа одржувани од страна на „Македонија пат„. Коловозот и околниот простор детално се расчистуваат од абразивните средства, што ќе овозможи понатамашно полесно одржување на овие сообраќајници, вклучувајќи и машинско чистење.
Расчистен потегот Св.Богородица Каменско до пресекот со ул.„Кирил и Методиј„
Денес екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ спроведоа акција за расчистување на потегот од црквата Св.Богородица Каменско до пресекот со ул.„Кирил и Методиј„ . Се расчистуваше поширокиот дел од шумскиот појас од расфрлан комунален и кабаст отпад, како и градежен шут и собрани се 5м3 отпад . Овие вонредни активности ги спроведуваме по претходно добиен налог од Општинскиот инспекторат.
Засадени 30 бадеми во близина на Горна Порта
Благодарение на поволните временски услови Ј.П.Охридски Комуналец секојдневно е на терен на повеќе локации во градот и пошироката околина, реализирајќи го проектот зацртан од Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, за создавање нови 40 зелени катчиња, кои секојдневно никнуваат и го красат нашиот град. Денеска во присуство на Градоначалникот Никола Бакрачески, пратеникот Александар Николоски, Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, Директорката на Ј.П.„Охридски Комуналец„, Елена Скрческа, претставник од фирмата Левидиа Дооел., Јасмина Луканова и др., се уредуваше зацртаното зелено катче во близина на Горна Порта , каде заради зачувување на автентичноста на просторот беа засадени 30 садници бадеми, донација од фирмата Левидиа Дооел. Во наредниот период во ралмките на донацијата ќе бидат засадени уште 150 садници бадем по охридското Кале.