Category Archives: АКТУЕЛНО

Расчистена локација во нас.„Крум Точко„

По налог на општинскиот инспекторат Ј.П.„Охридски Комуналец„ изврши расчистување на просторот во населбата „Крум Точко„, на потегот кај река Грашница,  Лабино и  станбените   објекти во оваа населба. Просторот   се    расчистуваше   машински бидејќи   беше обраснат   со   различни   видови   високи   билки со трње,   трева    и депониран отпад. Целата    вегетација е   отстранета и просторот е расчистен.    

0071 

0081

 

Започна хортикултурното уредување на бетонската жардињера на „Железничка„

Ј.П.„Охридски Комуналец„ започна со реализација на втората фаза од уредувањето на бетонската жардињера на ул.„Железничка„ , на потегот од кружниот тек на ул. „15-ти Корпус„ до сообраќајната клучка на влезот во Охрид. Во првата фаза жардињерата беше исполнета со земја, а сега во втората фаза во која жардињерата хортикултурно се уредува, се дополнува со површински слој од плодна хумусна земја и се засадуваат декоративни зимзелени грмушки од видовите: пироканта, вибрунум, берберис и др.

074953

 

113035

 Нашите активности се одвиваат синхронизирано со МЈП.„Проаква„ , кои го поставуваат системот за автоматско наводнување по принципот „капка по капка„.  

IMAG03091

IMAG03101

 

Акција за кабаст отпад „Македонски Просветители„ , „Партизанска„ , „Димитар Влахов„ , „Кеј Маршал Тито„ и населба „Охридати„ (10.05.2014-сабота

             Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 10.05.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во реонот опфатен со границите на улиците „Македонски Просветители„ , „Партизанска„ , „Димитар Влахов„ , „Кеј Маршал Тито„ и населба „Охридати„.

          Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

Акции за чистење: парк на Револуција, река Сушица и школо Велгошти

 

Во рамките на активностите за одржување на јавната чистота и јавното зеленило кои се спроведуваат согласно Програмата за работа за 2014 год., деновиве Ј.П.„Охридски Комуналец„ реализира голем број вонредни активности во централното градско подрачје и приградските населби.

Заради попречениот тек на водата од река Сушица, се расчистува речното корито од ниската вегетација во близина на ул.„Булевар Туристичка„. Речното корито се расчистува рачно од високо израснатите треви и натрупаниот отпад, со што ќе се овозможи непречен протек на речните води.

 

IMG106551

IMG106531

Заради одбележувањето на „9-ти Мај„- Денот на победата над фашизмот, денес се расчистува потегот од бензиската пумпа кај „Билјанини Извори„ до спомен паркот на Револуцијата. Оваа активност се реализира по барање на локалната самоуправа.

IMG106591

IMG106581

IMG106571

Во теков на изминатите денови хортикултурно беше уреден и дворот на основното училиште во с.Велгошти и просторот околу спортската сала и јавните површини во с.Лескоец.

IMG106491

 velgos1

 

Акција за чистење на крајбрежниот појас под Охридското Кале

Ј.П.„Охридски Комуналец„ реализира уште една акција за чистење на крајбрежниот појас под Охридското Кале, при вливот на реката Грашница во Охридско Езеро. Иако вакви акции се реализирани во повеќе наврати во изминатиов период, сликата на крајбрежниот појас и по течението на реката Грашница останува непроменета, по многу краток период по реализираната акција. Речните води со себе носат огромни количини отпад, во најголем процент пластични шишиња, најлон кеси и картонски амбалажи, а со тоа претставуваат опасност и потенцијални загадувачи на Охридското Езеро.

IMG106451

IMG106471

IMG106461

И во овој случај Ј.П.„Охридски Комуналец„ ќе го расчисти овој потег и ќе се подигне натрупаниот отпад, но апелираме до граѓаните за поголема еколошка свест, што е во интерес на сите граѓани и одржливиот развој на туризмот.

Акција за кабаст отпад У.З.1 „Стар Град„ 03.05.2014 (сабота)

             Со првата сабота од месец мај започнуваме со реализирање на акциите за подигнување на кабаст отпад, од вкупно осум, кои согласно годишниот календар се планира да се спроведат во пролетниот циклус во месеците мај и јуни.

             Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 03.05.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад(душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.1 Стар Град .

          Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

Пред „1-ви Мај„ работно

Пред првомајските празници Ј.П.”Охридкси Комуналец” посебен акцент стави на одржувањето на јавната чистота преку хортикултурно уредување на населбите, метење и миење на јавните површини и подигнување на различен вид отпад (пластика, градежен шут и др.). Темелно се расчистени викенд населбите „Даљан„, „Расадник„, „Никола Карев„ и др.

Стариот дел од градот, кој е првата локација каде се упатуваат туристите, е темелно расчистен и искосена е тревата покрај „Илинденска„, „Климентов Универзитет„ и „Кирил и Методиј„.

IMG106351

IMG106341

IMG106381

Канделабрите на градскиот плоштад се украсени со паѓачки сардели, а во наредните денови со сардели ќе се украсат канделабрите по чаршијата и градскиот плоштад.

3098_n

4663_n

И главната сообраќајница во Охрид-„Булевар Туристичка„ хортикултурно се уредува и трoтоарите се метат. Денот на трудот “1-ви Мај” вработените од „Јавна хигиена„ ќе го одбележат работно, со темелно расчистување и хортикултурно уредување на сообраќајницата „15-ти Корпус„.

90750_n

Акција за зелен отпад УЗ.„Гоце Делчев„ (Бараки) (26.04.2014 год.-сабота)

             Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 26.04.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од УЗ.„Гоце Делчев„ (Бараки).

          Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

          Оваа акција е последна акција со која ќе се подигнува зелен отпад во пролетниов период, а следните акции за зелен отпад, согласно годишниот календар, се испланирани во есенскиот период. Во саботите од месеците мај и јуни/2014 год. ќе се подигнува кабаст отпад, а со овие акции ќе бидат опфатени сите реони на територијата на општина Охрид.

Акција за зелен отпад УЗ.8„Билјанини Извори„19.04.2014 год.(сабота)

 Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 19.04.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.)  од УЗ.8„Билјанини Извори„.

          Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

Комуналец претпразнично го уредува градот

По повод претстојниот христијански празник Велигден, екипите на Комуналец ги уредуваат и расчистуваат зелените и јавно-прометните површини на влезовите во Охрид, туристичките локалитети, стариот дел од градот, пофреквентните сообраќајници и многу други локации. Тревниците се косат, расфрланиот отпад се расчистува, покрај коловозите се отстранува ниската вегетација, а јавните површини се метат. Во изминативе денови се уредени селата Подмоље, Горно Лакочереј, Косел и Лескоец, а во наредните денови ќе бидат опфатени и останатите села.

IMAG02981

IMAG02961

IMAG02931

SP_A0123

SP_A0130