Category Archives: АКТУЕЛНО
Од идната недела низ градските паркови ќе никне новата цветна реколта
Oд понеделник-02.06.2014 год. екипите на „Паркови и зеленило„ ќе започнат со засадување на новата реколта сезонско цвеќе кои ќе ги красат охридските паркови во летниот и есенскиот период. Цветните садници се од сопствено производство од расадникот со топли леи, ги има во широк асортиман, колорит и висок квалитет од видовите: петунија, сурфинија, агератум,импатиенс, сардела, џунџуле, салвија, винка и др.
Замената на очињата со новите цветни видови од понеделник ќе се реализира со зголемен интензитет (планирани се околу 30.000 садници) во градскиот парк и голем број зелени јавни површини во централниот и периферниот дел од градот.
Акција за кабаст отпад У.З.„Гоце Делчев„ 31.05.2014 год.(сабота)
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 31.05.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад(душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) У.З.„Гоце Делчев„ (населба „Бараки„).
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
Акции за чистење во приградски населби-денес во Горно Лакочереј
Согласно Програмата за работа за 2014 год. и активностите за одржување на јавната чистота и јавното зеленило во градските и приградските населби во општина Охрид, екипите на „Јавна хигиена„ и „Јавно зеленило„ спроведоа акција за чистење на с.Горно Лакочереј и патот кој води до црквата „Св.Спас„. Се изврши метење и миење на јавните површини и косење на зелените површини.
Вчера детално се расчистуваше с.Трпејца, а за утре со ваква акција ќе се опфати с.Лескоец.
Завршена обновата на дрворедот по „Партизанска„, следи поставување на штитници
Замената на дрворедот од липи по ул.„Партизанска„ , на потегот од поштата до „Комерцијална банка„ , „Охридски Комуналец„ го заврши по предвидениот план. Отстранети беа 50 липи, а засадени се нови стебла од видот лигустрм, вкупно 64 садници. Активностите околу формирањето на новиот дрворед продолжуваат со поставување на заштита на новите стебла. Се поставуваат метални декоративни штитници од сопствено производство со кои лигуструмите ќе се заштитат од механички повреди и ќе се спречи искривувањето на стеблата.
Се коси тревата кај Долни Сарај и Горна Порта
Повисоките температури и врнежите во изминатиов период претставуваа идеални предуслови за бујната вегетација на тревата во охридскиот крај. Службите на “Охридски Комуналец” се максимално ангажирани со косење на тревата, машински и рачно, насекаде во градот. Денеска рачно се коси тревата и се расчистува просторот околу скалите кои водат од Долни Сарај кон Канео.
Исто така се коси тревата околу коловозот на ул.”Кирил и Методиј” до Горна Порта, а потоа и едносмерната улица која води од Горна Порта до комплексот згради на ул.”Крум Точко”.
Комуналец ангажиран на многу локации во градот
Ј.П.„Охридски Комуналец„ со бројни активности во изминатава недела беше присутен на многу локации во Охрид. Хортикултурно се средуваше сообраќајната клучка на влезот во Охрид од магистралниот пат Скопје-Охрид.
Темелно се расчистуваше од ниска вегетација осветлениот грб на општината со стрелката која насочува кон Охрид, како и околниот простор каде се искоси тревата и расчисти просторот.
Исто така хортикултурно се уреди кружната сообраќајница на влезот во Охрид кај нас.Даљан.
Согласно Програмата за вонредни активности за 2014 год се изврши расчистување на сливните шахти вдолж „Булевар Туристичка„и генерално отстранување на тревната вегетација околу граничниците заради планираната активност на локалната самоуправа за фарбање на граничниците.
По повод 24.мај, Денот на сесловенските просветители хортикултурно се уреди просторот околу споменикот на Светите Кирил и Методиј.
Зошто реконструкција на дрворедот од липи по „Партизанска„?
Замената на постоечкиот дрворед од липи по ул.„Партизанска„ се докажа како неминовност, а главниот аргумент се пресечените стебла кои во изминативе два дена беа отстранети на потегот од поштата до полигонот. Стеблата се многу стари, во целост иструлени и заболени, па при посилни ветрови и обилни врнежи од дожд и снег може да дојде до кршење на гранките, а последиците би биле непроценливи.
иструлено стебло од липата пред поштата
иструлено стебло од липата пред „НЛБ Тутунска банка„
Деградираните стебла од липи се во фаза на одмината старост и век на живеење и претставуваат опасност по пешаците, сообраќајот и околните објекти. Со своите длабоки и широки корења го деформираат тротоарот, асфалтот и подземната инфраструктура.
Ј.П.„Охридски Комуналец„ не врши уништување на зеленилото во градот туку само замена на постоечкиот многу стар дрворед. Тоа еднаш мора да се случи, а колку побрзо тоа подобро, што е во интерес на сите граѓани.
засадено првото стебло лигуструм на „Партизанска„
Реконструкцијата на дрворедот е сложена операција која се изведува во повеќе фази со која ќе се засадат декоративни лигуструми кои се отпорни на временски промени, аерозагадувања и заболувања и немаат длабок корен.
координација за понатамошните активности за замена на дрворедот
Од понеделник замена на дрворедот по ул.„Партизанска„
Ј.П.”Охридски Комуналец” ги известува граѓаните на општина Охрид дека од понеделник-19.05.2014 год. започнува со реконструкција на дрворедот по ул.„Партзанска„. Постоечките дрвја на оваа улица ќе бидат заменети со украсни дрва од видот лигуструм. Искуството со дрворедот по ул.„Димитар Влахов„ покажа дека овие дрвја кои имаат декоративен изглед се отпорни на временски промени, аерозагадувања и заболувања и немаат длобок корен.
Заради тоа упатуваме барање и апел до граѓаните да не ги паркираат своите возила на ул „Партизанска„ во времетраење од 06.00час-12.00час по следната динамика:
* понеделник -19.05.2014 год. : потег Пошта-Факултет „Св.Апостoл Павле„;
* вторник -20.05.2014 год. : потег Факултет „Св.Апостoл Павле„-Полигон;
* среда -21.05.2014 год. : потег Полигон- Католичка црква;
* четврток -22.05.2014 год. : потег Католичка црква-Комерцијална банка.
Доколку заради објективни причини настане промена во динамиката на замената на дрворедот граѓаните ќе бидат благовремено известени.
Акција за кабаст отпад У.З.8 „Билјанини Извори„ (сабота-17.05.2014)
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 17.05.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) У.З.8 „Билјанини Извори„.
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
Нови мултифункционални корпи за ситен отпад на градскиот кеј
Ј.П.„Охридски Комуналец„ постави 15 нови корпи за ситен отпад вдолж градскиот кеј, на потегот од градското пристаниште до Холандскиот Парк. Овие корпи се добиени со донација од АД.„Пакомак„-Скопје. Ј.П.„Охридски Комуналец„ има долгогодишна соработка со АД.„Пакомак„-Скопје во доменот на селектирање на амбалажниот отпад , односно пластичниот отпад, хартиени отпадоци и лименки, со што се минимизира негативното влијание врз животната средина и се подигнува степенот на еколошката култура.
Новите корпи за ситен отпад се состојат од два садови за депонирање отпад и пепелник за цигари: едниот сад е наменет за селекција и депонирање на пластични шишиња и лименки (овој сад е затворен со посебен отвор на горниот дел) и отворен сад за депонирање на останатиот ситен отпад.