Category Archives: АКТУЕЛНО

Со хортикултурно уредување опфатени сите приградски населби

Врнежливото време придонесе бујна вегетација на сите зелени површини во охридскиот регион. Во тековнава работна седмица екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ се максимално ангажирани со средување на високата трева околу коловозните ленти и пристапните патеки во приградските населби. Во понеделникот се косеа високите треви околу патот кој води до с.Вапила, во текот на вчерашниот ден се уредуваа пристапните патишта во с.Велгошти и Д.Лакочереј, а денес во с.Г.Лакочереј.

Fotor06181311101

Според работниот календар со оваа активност ќе бидат опфатени и другите приградски населби: во текот на утрешниот ден ќе се расчистува с.Косел, во петок с.Лескоец, а   на 23.06.2014 год. -понеделник ќе се расчистува патот до с.Орман, почнувајќи од пресекот со „Булевар Туристичка„ .

„АСНОМ„ хортикултурно уредена

Екипите на „Паркови и зеленило„ извршија расчистување на левата и десната страна по ул.„АСНОМ„ , од пресекот со ул.„Кеј Маршал Тито„ до пресек со ул.„Карпош Војвода„, како и потегот на ул.„Булевар Туристика„ од бензиската пумпа до кружната сообраќајница. Појасот покрај тротоарот и коловозот се расчистуваше од високите треви, а беа отстранети и гранки кои го попречуваа движењето на пешаците.

170620143331

170620143321

Апелираме до Советите на станари и инвеститорите, самите тековно да ги одржуваат дворните површини .

 170620143341

Поправени статичните велосипеди во Холандскиот парк

Ј.П.„Охридски Комуналец„ денеска изврши санација на статичните велосипеди кои се лоцирани во Холандскиот парк, каде украдените и искршените педали се заменети со нови.   Овој дел од паркот заедно со уреденето катче за рекреација ги привлекува погледите не само на нашите сограѓани , туку и на многубројните туристи од Холандија и другите земји. Тие симболично ја поттикнуваат желбата за спорт, рекреација и здрав живот во здрава животна средина.

556

 

Но, за жал, поединци, во недостиг на култура и почит кон јавните добра, го уништуваат она што претставува општ интерес за сите нас. Затоа упатуваме апел до младата популација со чувство на одговорност и сериозност да пристапат при ракување со спортските реквизити кои се поставени да ни` служат долги години.

 

 

20140616_121311

Акција за кабаст отпад У.З.4 „Воска„ и населба „Даљан„14.06.2014 год.(сабота)

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 14.06.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад(душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) У.З.4 „Воска„ и комплексот згради и куќи во населба „Даљан„.

          Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

Зелена разгледница – 12.06.2014 год.-четврток

Екипите на „Паркови и зеленило„ денеска беа присутни на многу локации во градот уредувајќи ги зелените јавни површини.

 Денеска се засадени се околу 2,500 садници од летната цветна реколта на Градскиот плоштад, Малиот плоштад и вдолж          ул.„Кеј Маршал Тито„

120620143251

120620143261

Искосена е високата трева пред судентскиот дом „Никола Карев„ на еден метар од пешачаката патека бидејќи станува збор за приватен имот

120620143271

искосена е тревниот појас вдолж ул.„Булевар Туристичка„ и „Железничка„

120620143201

120620143191

искосена е тревата кај кружната сообраќајница на ул.„Јане Сандански„ и паркот во непосредна близина

120620143231

искосена високата трева на дел од ул.„АСНОМ„

120620143181

Украдени садници од градските зелени површини

Во изминативе денови зелените површини во централното градско јадро, како и новозасадените садници во бетонската жардињера на ул.„Железничка„ беа деградирани од страна на несовесни поединци.

Украдени се околу 60 садници од различни видови: палми , зеленики, украсни грмушки и цветни садници Настрада и новоуреденото катче пред поранешното „ПТТ„ одморалиште кое беше уредено во рамките на проектот на локалната самоуправа за формирање на нови 40 цветни катчиња.

050620142981

050620143001

                          Украдени се садници од паркот пред рибниот ресторан

090620143081

                                              и од бетонската жардињера на ул.„Железничка„.

050620143031

За разрешување на проблемот Ј.П.„Охридски Комуналец„ ќе побара асистенција од МВР, со оглед на тоа што садниците се од сопствено производство со препознатлива и карактеристична вегетација и колорит.

Се работи на повеќе локации во градот

Ј.П. Охридски Комуналец согласно програмата за тековна работа денес со активности на повеќе локации.Се коси, уредува и чисти во с.Подмоље, ул.Кленоец, ул.Живко Чинго и 15-ти Корпус.

kolaz 600x450

Кабаст отпад ќе се подига У.З.6 „Даме Груев„ и У.З.10 „Горна Влашка Мала„ 07.06.2014 год.(сабота)

             Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 07.06.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад(душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) У.З.6 „Даме Груев„ и У.З.10 „Горна Влашка Мала„ (комплекс згради „Христо Узунов„ , „ Карабегобамала„ и „Горна Влашка мала„).

          Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

Се расчистува каналот „Билјанини Извори„

Во соработка со Капетанијата на пристаништа-Охрид и локалната самоуправа, Ј.П.„Охридски Комуналец„ го расчистува каналот „Билјанини Извори„ на потегот од влезот во каналот до Езерската полиција. Потегот се расчистува од трската и отпадот која плива во езерските води, а заради непречена проодност на пловните објекти дел од овој потег ќе се прошири. Заради непристапниот терен активностите ќе се извршуваат рачно од чамец.

Dup(01)IMG10299

Dup(01)IMG10301

Се чисти крајбрежниот појас потег пристаниште-х.Милениум

Крајбрежниот појас на потегот од градското пристаниште до х.Милениум денес се расчистува од наноси на окрек, реса и друг вид отпад. Ова е период на цветање на езерската алга , па во наредните три месеци „Охридски Комуналец„ континуирано ќе го расчистува овај потег, согласно Програмата за вонредни активности за 2014 год., по претходно добиен налог од општинскиот инспекторат. Расчистувањето се врши дел машински, дел рачно со ангажирање на работници кои ќе ја расчистуваат ресата од чамец.

IMG107071

IMG107091

 

Во текот на денешниот ден подигнати се 4 м3 отпад.