Category Archives: АКТУЕЛНО
Акција за кабаст отпад 13.09.2014 (сабота) – „Македонски Просветители„ , „Партизанска„ , „Димитар Влахов„ , „Кеј Македонија„ нас.„Охридати„
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 13.09.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад(душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во реонот опфатен со границите на улиците „Македонски Просветители„ , „Партизанска„ , „Димитар Влахов„ , „Кеј Македонија„ и нас.„Охридати„.
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
Се расчистува речното корито на Сушица
Заради предвидените активности на локалната самоурава за санирање на речното корито на река Сушица вдолж ул.„Радојца Новичиќ„ со кои речното корито ќе се ѕида и продлабочи, Ј.П.„Охридски Комуналец„ веќе две недели спроведува акција за претходно расчистување на теренот. Со ангажирање на специјална комбинирана машина, речното корито се продлабочува , а натрупаниот отпад (пластичен отпад, чакал, наноси од земја и гранки) се транспортира. Екипите на „Паркови и зеленило„рачно го расчистуваат теренот околу речното корито со отстранување на бујната вегетација, трње и гранки.
Овие активности кои се реализираат по налог на општинскиот инспекторат, планирано е да завршат на целиот потег до средина на месец септември.
Искршени рефлектори и дрвореди
Уништувањето на јавните добра, урбаната опрема и јавното зеленило стана се` позачестена појава која со децении се провлекува и претставува проблем во тековното работење на Ј.П.„Охридски Комуналец„.
Од новиот дрворед со лигуструми на ул.„Партизанска„ , кој оваа година се реконструира во месец јуни, насилно е искршено едно стебло, кое иако обезбедено со железна заштитна ограда, станало мета на вандали. Се прашуваме на кого му смета новиот дрворед и која е ползата од искршеното стебло.
Мета на девијантно однесување се и искршените рефлектори во градскиот парк (пред рибниот ресторан и вдолж градскиот кеј) . Ваквата слика не му доликува на Охрид како туристички центар.
За надминување на овој проблем треба да се посвети многу поголемо внимание во воспитно-образовниот систем, како и домашното воспитување на младата популација и секако казнување со високи парични казни.
Акција за кабаст отпад Стар Град 06.09.2014 год.
Од оваа сабота започнуваме со есенскиот циклус на акции за подигнување кабаст и зелен отпад. Секоја сабота од месеците септември, октомврии првата половина од месец ноември е резервирана за подигнување кабаст отпад, а втората половина од месец ноември и деекември ќе се подигнува зелен отпад. Со акциите етапно ќе бидат опфатени сите реони и населби од градот, за што граѓаните ќе бидат благовремено информирани преку нашата веб-страна и електронските медиуми. За динамиката со која се испланирани овие акции граѓаните можат да се информираат и од годишните календари.
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 06.09.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад(душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) од реонот У.З.1„Стар Град„ .
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
Акција за чистење на чаршијата од мастики за џвакање
Почнувајќи од денеска, па во наредните три дена, екипите на „Јавна хигиена„ спроведуваат акција за одстранување на гумите за џвакање од мермерните плочи по градската чаршија, на потегот од плоштадот „Св.Климент Охридски„ до плоштадот „Крушевска Република„ кај Чинарот. Самиот процес на чистење се врши во раните утрински часови, кога по чаршијата нема многу посетители, а одстранувањето на гумите за џвакање го вршат 5 комунални работници со специјални шпакли.
Спроведената акција ќе вроди поголем успех доколку се разбуди свеста, посебно кај младата популација, за повисоко ниво на јавна хигиена. Мастиките за џвакање не треба да се расфрлаат, туку уредно да се депонираат во корпите за ситен отпад.
Со намалување на бројот на туристи, започнавме со акции за миење на чаршијата во ноќните часови.
Се средуваат школските дворови и јавните површини во Лескоец, Пештани и Скребатно
Поттикнувањето на еко-свеста кај нашата најмлада популација и создавањето на еколошки чиста животна средина во која нашите деца ќе учат, нашето претпријатие континуирано ја имплементира со средување на школските дворови пред почетокот на школската година како и реализација на многу заеднички акции со учениците и наставниот кадар во текот на целата учебна година.
Екипите на „Паркови и зеленило„ хортикултурно го уредија дворот на О.У.„Братство Единство„ каде е засадена жива ограда, уредени се жардињерите на влезот во училиштето и засадени се 50 нови разновидни садници.
Во О.У.„Христо Узунов„ се изврши косење на тревата во школскиот двор и засадена е жива ограда од видот „лоницера„, а во подрачното училиште „Григор Прличев„ во с.Рача се искоси тревата.
Во дворот на музичкото училиште „Методи Патче„ извршено е кроење на крошните од дрвјата и отстранети се суви гранки.
По налог на општинскиот инспекторат се изврши темелно расчистување и хортикултурно средување на реонот опфатен со дворот на О.У.„Климент Охридски„ во населба Даљан, просторот околу школото, пристапниот пат и крајбрежниот појас во овој реон.
Пред верскиот празник „Успение на Пресвета Богородица„ темелно се расчистуваат јавните површини во с.Лескоец и с.Пештани и патот кој води до с.Скребатно.
Од активностите на Комуналец од тековната седмица
По барање на организаторите на пливачкиот маратон кој ќе се одржи викендов во Охрид се расчистуваше крајбрежниот појас на градскиот кеј (потег градско пристаниште-Холандски парк). Со ангажирање на специјална механизација од езерските води беше подигнат разновиден отпад: градежен шут, пластични отпадоци и др.
Ј.П „Охридски Комуналец„ реализира акција за расчистување на расфрланиот комунален отпад во близина на туристичкиот локалитет „Горица 3„ . Се расчистуваше потегот од кружниот тек под х.„Инекс„ до паркинг просторот кај „Горица 3 “, како и опфатот околу сообраќајницата која води од вилата на МВР до паркинг просторот. Немањето на еко-култура кај поединци резултираше во деградација на овој туристички локалитет, оставјќи го и расфрлајќи го отпадот зад себе.
Деновиве се реализира акцијата на заменување на старите корпи за ситен отпад со најлон кеси со нови корпи на градскиот кеј и ул.„Македонски Просветители„. Предвидено е поставување на нови 70 корпи за ситен отпад.
Екипите на „Паркови и зеленило„ темелно го расчистија просторот околу кружниот тек во населба „Даљан„ кој беше обраснат со бујна вегетација и трње.
Расчистен магистралниот пат во близина на Св.Стефан
Пред празнувањето на верскиот празник „Пренос на моштите на св.архиѓакон Стефан„ во манастирскиот комплекс Св.Стефан екипите на „Јавна хигиена„ извршија темелно расчистување на магистралниот пат, на потегот од паркинг-просторот кај „Горица 3„ до х.„Гранит„. На овој потег собрани се 30 вреќи комунален отпад (расфрлана хартија, пластика, лименки и др.).
Напоменуваме дека овој отпад беше расфрлан покрај магистралниот пат , чие одржување не е во надлежност на Ј.П.„Охридски Комуналец„ , додека во туристичката населба „Свети Стефан„ Комуналец има ангажирано изршител кој секојдневно ја одржува јавната хигиена.
Бројни активности на „Паркови и зеленило„
Екипите на „Паркови и зеленило„ во изминатава недела со бројни активности ги уредуваа градските зелени површини и создаваа нови цветни катчиња.
Во рамките на новото детско игралиште кое локалната самоуправа го уреди на ул.„Пере Тошев„ (нас.Лескајца), нашите екипи го уредија цветното катче во близина на ова игралиште.Формирани се две цветни леи со цвеќиња од видот „винка„ и декоративни грмушки.
Кај сообраќајната клучка на влезот во Охрид од патниот правец Скопје-Охрид извршена е хортикултурна реконструкција на тревнит дел каде е обработен површинскиoт слој и засаден е нов тревен расад. Засадени се цветни грмушки од видот хибискус и спиреа и формирани се пет цветни леи.
По старата градска чаршија по ул.„Гоце Делчев„ канделабрите сега ги красат висечки сардели, откако е извршена замена на претходно засадените петунии.
Од дрворедите по ул.„Булевар Туристичка„ и „Јане Сандански„ одстранети се четири (4) суви дрвја кои претставуваа потенцијална опасност за пешаците и сообраќајот и го деградираa околниот тротоар.
Нови корпи за ситен отпад во Пештани
Во с.Пештани екипите на „Охридски Комуналец„ поставија нови корпи за ситен отпад по новото шеталиште, а постоечките корпи со најлон-кеси кои се наоѓаа во близина на детското игралиште и централниот дел од селото се заменија со нови метални корпи. Во ова село во текот на туристичката сезона јавното претпријатие има поставено дежурни комунални работници кои ја одржуваат хигиента на јавно-прометните површини и плажата.