Category Archives: АКТУЕЛНО
Не се почитуваат акциите за кабаст и зелен отпад, отпадот секојдневно се депонира
Како јавно претпријатие во чија надлежност е одржувањето на јавната хигиена и јавното зеленило на територијата на општина Охрид и приградските населби, секојдневно се соочуваме со проблемот на несоодветно депонирање на зелен и кабаст отпад. И покрај дефинираниот работен календар за 2014 год. со кои се предвидени акции за подигање кабаст и зелен отпад по сите урбани заедници во пролетниот и есенскиот период, несовесни граѓани секојдневно депонираат зелен и кабаст отпад на јавни површини.
Апелираме граѓаните да се придржуваат до календарот на одржување акции за кабаст и зелен отпад, како и динамиката на подигнување на комуналниот отпад, зошто ваквите грди слики не ни наштетуваат само нас како јавно претпријатие, туку и на останатите граѓани кои совесно го депонираат отпадот.
Бројни активности на екипите на „Јавна хигиена„
Екипите на „Јавна хигиена„ темелно ги расчистуваат јавните површини вдолж „Булевар Туристичка„. Од тротоарите се збира паднатиот лист, темелно се расчистуваат граничниците покрај коловозната лента и одливните шахти. Рачното чистење е надополнето со машинско чистење покрај коловозните ленти.
Согласно Програмата за работа за 2014 год. и предвидените активности за подигнување на јавната хигиена за врема на одржување на јавни манифестации, собири и празнувања, пред предстојниот празник „11-Октомври„-Денот на востанието на македонскиот народ и Денот на борецот, детално се расчистува просторот на Спомен-паркот на паднатите борци.
Од тековните активности го издвојуваме континуираното чистење на градскиот кеј и крајбрежниот појас на потегот од градското пристаниште до Холандскиот Парк од натоложен окрек, реса и друг комунален отпад.
Се уредува сообраќајната клучка на влезот во Охрид од ул.„Железничка„
Ј.П.„Охридски Комуналец„ ги започна активностите за уредување на просторот кој се наоѓа во непосредна близина на сообраќајната клучка на влезот во Охрид- левата страна од ул „Железничка„ во насока на магистралниот правец Охрид-Скопје.
Овој простор зафаќа голема површина и во првата фаза со специјална механизација ќе се изврши рамнење на теренот и отстранување на неуредната вегатација, а во втората фаза ќе се изврши хортикултурно уредување на просторот со засадување на цветни садниици и декоративни грмушки.
„Паркови и зеленило„ со бројни редовни и вонредни активности
Екипите на „Паркови и зеленило„ , согласно „Програмата за одржување на Јавно зеленило за 2014 год.„ , ги реализираат зацртаните редовни и вонредни активности на територијата на општина Охрид и приградските населби. Хортикултурно е уреден паркот во близина на мини-трговскиот центар „Гранит„ на „Булевар Туристичка„. Просторот е ограден со бетонски граничници, нанесен е плоден слој земја и засадени се 30 декоративни грмушки.
Во делот на одржувањето на јавното зеленило уредени се крошните од неколку дрвја во училишниот двор на О.У.„Христо Узунов„ ,
отстранети се гранки и друга вегетација која го попречуваше нормалното движење на пешаците по тротоарот на ул „Сирма Војвода„ во близина на Ј.З.У.„Општа болница„-Охрид.
Во приградските населби се уредуваше јавното зеленило во с.Велгошти каде се отстрануваа гранки и вегетација покрај коловозот на ул.„Илинденска„ и се расчистуваше дел од речното корито на Велгошка Река.
Продажба на 120л. канти на 12 рати
Ј.П.„Охридски Комуналец„ -Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид, како и правните субјекти кои ја обавуваат својата дејност на територијата на општина Охрид дека врши продажба на пластични канти за отпад со капацитет од 120 литри по цена од 1.200,00 ден. Отплатата на кантите може да се врши одложено на 12 рати. Износот на месечната рата ќе биде вкалкулиран во вкупниот износ на месечните сметки за подигање, транспортирање и депонирање комунален отпад и јавна чистота, по претходно регулиран Договор кој странките можат да го склучат во просториите од дирекцијата „Нов Расадник„ бб Охрид.
Акција за кабаст отпад У.З. 12 „Гоце Делчев„ (нас.Бараки) 27.09.2014 -сабота
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 27.09.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад(душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З. 12 „Гоце Делчев„ (нас.„Бараки„).
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
Започна украсувањето на зелените површини со есенски цвеќиња
Екипите на „Паркови и зеленило„ започнаа со разубавување на зелените и цветни површини во градското и воградското подрачје со засадување на есенскиот саден материјал од видот хризантема. Првите цветни катчиња со хризантеми никнаа кај паркот во близина на мостот кај каналот „Билјанини Извори„ и паркот кој го симболизира влезот во Охрид кај сообраќајната клучка од магистралниот пат Скопје-Охрид.
Есенскиот расад се произведува во сопствениот расадник и застапени се хризантеми со различна големина и широк колоритен спектар. Предвидено е засадување во градскиот парк, парковите кај кружните сообраќајници и други позначајни локации.
Есенскиот расад ќе остане на цветните површини во текот на есенскиот период, а веќе од месец декември е предвидено засадување на цветен расад од видот виола (очиња).
Силниот ветер им донесе полни раце работа на „Јавна хигиена„
Нестабилното време кое во изминативе два дена го зафати охридскиот крај, проследено со силен југозападен ветер им донесе полни раце работа на екиите на „Јавна хигиена„. Големите бранови по охридскиот кеј исфрлија големи количини комунален отпад и реса, а бехатон подлогата по кејот се прекри со слој од ситен песок кој се расчистува рачно . Од тие причини вработените од „Јавна хигиена„ се вонредно ангажирани околу расчистување на кејот, во текот на вчерашниот ден се работеше до 20.00 часот, а денес продолживме од раните утрински часови и до овој момент се подигнати 20 м3 разновиден отпад.
Акција за кабаст отпад У.З. 8„Билјанини Извори„ 20.09.2014
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 20.09.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад(душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З. 8„Билјанини Извори„.
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
Се средува паркот пред мостот кај „Билјанини Извори„
Екипите на „Паркови и зеленило„ деновиве интензивно го уредуваат паркот лоциран пред мостот кај каналот „Билјанини Извори„. На локацијата од отстранетитe киосци ќе се засадува трева, а во најскоро време на целиот простор треба да се постави систем за наводнување. Уредени се крошните од дрвјата и отстранети суви гранки. Расчистена е и областа „Мазија„ која се наоѓа во близина на обновеното живеалиште на жолтиот локвањ.