Category Archives: АКТУЕЛНО

Акција за расчистување на магистралниот пат Охрид-Св.Наум

По налог на општинскиот инспекторат Ј.П.„Охридски Комуналец„ повторно организира акција за расчистување на расфрланиот отпад околу магистралниот пат Охрид-Св.Наум.

Расфрланите отпадоци (хартија, пластика, лименки и друг вид отпад) се расчистуваат од тревниот дел покрај коловозните ленти, а акцијата ќе се реализира етапно и ќе продолжи и во наредната седмица, заради должината на делницата. Во акцијата се ангажирани пет комунални работници и механизација.

311020148971

 

Потребата од реализирање на вакви акции е неминовност која произлегува од ниската култура на поединци заради кои се стекнува генерален погрешен впечаток за хигиената на оваа делница. Не смее да дозволиме ваквите слики да ги бодат очите на туристите на оваа најфрквентна делница.

Се расчитува речното корито на река Грашница

 По налог на општинскиот инспекторат екипите на „Јавна хигиена„ го расчистуваат речното корито на река Грашница и околниот простор, на потегот од „Булевар Туристичка„ до пресекот со ул.„Гоце Делчев„.

Fotor0103190212

Речното корито се расчистува рачно од натрупаниот отпад, како и израснатата вегетација, а околниот простор на двете страни од речното користо се коси и се уредува. Со овие активности ќе се обезбеди непречен тек на речните води и ќе се минимизира можноста за поплавување на околното земјиште .

Акција за кабаст отпад У.З.11 „Видобишта„ 01.11.2014 (сабота)

              Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 01.11.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад(душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) У.З.11 „Видобишта„.

          Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

Нови хортикултурни решенија кај Мазија, Сараиште и Даљан

Деновиве екипите на “Паркови и зеленило„ работат на формирање на зелени катчиња со нов естетски изглед и оформување на нови парковски решенија.

 

 

Се реконструираат:

                            паркот во близина на мостот кај каналот „Билјанини Извори„

 IMAG05791

                         кружната сообраќајница на влезот во Охрид кај населба „Даљан„

 IMAG05741

                   зеленото катче околу спомен-обележјето на Коста Абраш на Сараиште

 IMAG05821

085648

Постоечките површини се реконструираат со оплеменување со плодна земја, засадување на нови цветни леи и декоративни садници и украсување со декоративен чакал.

 

Акција за кабаст отпад У.З.3 „Кошишта„ и У.З.4 „Воска„

               Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 25.10.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад(душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.3 „Кошишта„ и У.З.4 „Воска„ (заедно со комплексот згради и куќи во населба „Даљан„) .

          Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

„Јавна хигиена„ на терен-се подига паднатиот лист и се чисти кејот

За вработените од „Јавна Хигиена„ денешниов празничен ден започна работно од раните утрински часови. Синоќешното невреме проследено со силен ветер им донесе полни раце работа и тие се на терен расчистувајќи ги јавните површини од паднатиот лист, како и градскиот кеј од натрупаниот отпад.

Паднатиот лист  се подига од сите улици, независно од категоријата на улицата, во централното подрачје и периферните делови од градот. Се расчистуваат тротоарите, коловозите и другите јавни површини.

Fotor01023120733

Силниот бран на кејот исфрли големи количини отпад кои во текот на денот се расчистуваат.

IMG108421

Голем успех на Комуналец на 21.та Комуналијада

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид се закити со бројни награди на одржаната 21.ва Комуналијада на јавни комунални претпријатија од Македонија која се одржа изминатиот викенд во х.„Десарет„-Охрид.
На овие традиционални игри учествуваа претставници од 17 комунални претпријатиа од Македонија. анашето претпријатие пријави свои вработени да се натпреваруваат во следните дисциплини: мал фудбал, шах, пикадо, миење на јавни површини, изнесување на смет, аранжирање на цвеќе и др.

Fotor01020115522

Освоени се следните награди: 1.во место – мал фудбал, 2.ро место – изнесување на смет, 3.то место – миење на јавни површини, 3.то место – пикадо жени и 3.то место во аранжирање на цвеќе.

Fotor01020113112

Успешно реализирана акцијата „Македонија без отпад„

Ј.П.„Охридски Комуналец„ денеска активно се вклучи и успешно ја реализира  националната акција за чистење „Македонија без отпад„ која ја спроведе Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата „Ајде Македонија„.   Се  расчистуваше патниот правец Охрид -Скопје, на потегот од сообраќајната клучка на влезот во Охрид до с.Подмоље. Акцијата започна  во 06.00 часот наутро и собрани беа 40 вреќи најразновиден комунален отпад (отпадоци од хартија, пластика и друг вид на амбалажа кој беше расфрлан во појасот покрај коловозната лента).

Fotor0101817347

 Нашето претпријатие и во иднина ќе организира и ќе земе учество во вакви акции за подобро справување со неорганизираното и незаконско фрлање на отпад, а со крајна цел почиста и поубава здрава околина за сите нас.

Кабаст отпад ќе се подига У.З.6 „Даме Груев„ и У.З.10 „Горна Влашка Мала„ 18.10.2014 год.(сабота)

             Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 18.10.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад(душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.6 „Даме Груев„ и У.З.10 „Горна Влашка Мала„ (комплекс згради „Христо Узунов„ , „ Карабегобамала„ и „Горна Влашка Mала„).

          Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

Акција „Македонија без отпад„ 18.10.2014.год-сабота

Ј.П.„Охридски Комуналец„ во соработка со локалната самоуправа ќе земе активно учество во националната акција за чистење „Македонија без отпад„ која ја спроведува Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата „Ајде Македонија„. Акцијата ќе се реализира на ден 18.10.2014 год. (сабота) со почеток во 06.00 часот, а нашето претпријатие ќе го расчистува патниот правец Охрид -Скопје, на потегот од сообраќајната клучка на влезот во Охрид до с.Подмоље.

Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани да се вклучат во акцијата, а од наша страна ќе им бидат доделени ракавици и најлон-кеси.Со тоа и проектот ќе ја оправда својата цел- чистење на отпадот кој се наоѓа на несоодветни места во околината, развивање на свеста кај граѓаните за правилно управување со отпадот и развивање на механизми за поддршка на граѓаните, општините и другите засегнати групи за подобро справување со неорганизираното и незаконско фрлање отпад.