Category Archives: АКТУЕЛНО
Уредување на дрворедите
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид Ве известува дека во деновите од понеделник до петок ќе врши уредувањето на дрворедите со поткастрување на крошните од липите на улицата “Македонски Просветители”. Поради ова потребно е отстранување на паркираните возила за непречено извршување на нашите активности. Уредувањето на дрворедите ќе се врши во деновите:
1. Понеделник 17.11.2014 год. – пресекот на “Кеј Македонија”со улицата “Партизанска”;
2. Вторник 18.11.2014 год. – потегот од ул.”Партизанска” до улицата “Димитар Влахов”;
3. Среда 19.11.2014 год. – од улицата “Димитар Влахов”до “Даме Груев”;
4. Четврток 20.11.2014 год. – потегот од “Даме Груев” до пресекот со улица “Туристичка”;
5. Петок 21.11.2014 год. – потегот од “Даме Груев” до пресекот со улица “Туристичка”;
Во зависност од временските услови овој распоред може да претрпи промени , за што ќе бидете благовремено известени.
Акција за зелен отпад У.З.6 „Даме Груев„ У.З.10 „Горна Влашка Мала„ (15.11.2014 год.-сабота)
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 15.11.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во У.З.6 „Даме Груев„ и У.З.10 „Горна Влашка Мала„ (комплекс згради „Христо Узунов„ , „ Карабегобамала„ и „Горна Влашка Mала„).
Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.
Тековни активности на “Паркови и зеленило” и “Механизација”
Р.Е. “Паркови и зеленило” и Р.Е. “Механизација” работат на расчистување на речното корито на р.Сушица кај ул.Петрино и делот од бул.Туристичка накај “Алтанин мост” од вегетација и од надојден отпаден материјал. За таа цел е ангажирана градежна машина Фиат Хитачи и камиони ФАП Кипер.
Започнато е хортикултурно уредување на малиот плоштад во нас. Рача. Исто така по втор се врши плевење на жардинерите на ул.Железничка а секојдевно се подигнува листот од зелените површини на бул.Туристичка и градскиот парк.
Зголемени активности на “Јавна Хигиена”
Деновиве се мети листот кој интензивно паѓа на тротоарите и коловозите. Поради специфичноста на централното градско подрачје тоа се мети 3 пати во текот на денот при што се собираат 30-тина m3 лисја кои потоа со возила од ЈП Охридски Комуналец се собираат и се носат во расадник за потребите на РЕ “Паркови и зеленило” каде се врши компостирање на истите.
“7-МИ НОЕМВРИ” одбележан со пригодна свеченост
Ј.П.„Охридски Комуналец„ на сите граѓани им го честита 7-ми Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид, а воедно на сите наши вработени им го честита патрониот празник на нашето претпријатие.
Зачувувајќи ја и негувајќи ја традицијата на одбележувањето на својот празник, денеска со пригодна свеченост го одбележавме “7-ми Ноември” со врачување на јубилејни награди на 11 вработени за 20 год. непрекината работа во Ј.П.”Охридски Комуналец”.
Од активностите на „Паркови и зеленило„: Започна засадување на зимската цветна реколта и расчистен локален пат кај Рача
Поволните есенски температури претставуваат идеален предуслов за започнување на активностите за засадување на цветниот саден материјал кој ќе ги разубавува парковите во Охрид во зимскиот период, се` до летната цветна реколта. Моментално се засадуваат 10.000 садници од видот viola (очиња), а планирано е од сопствено производство да се засадат вкупно 36.000 садници од овој вид.
Со разубавување ќе бидат опфатени: градскиот парк, плоштадот, кружните сообраќајници, „Булевар Туристичка„ и други зелени површини во градот.
По налог на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, а во рамки на акцијата за расчистување на локални и регионални патишта на територијата на општина Охрид, се изврши расчистување на локалниот пат кај с.Рача , на потегот од регионалниот пат Охрид-Св.Наум до крајбрежниот појас кај поранешен х.Парк. Отстранети се гранки и друга жбунеста вегетација .
Акција за кабаст отпад У.З.14 „Радојца Новичиќ„ 08.11.2014 год.(сабота)
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 08.11.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) У.З.14 „Радојца Новичиќ„.
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
Со оваа акција завршува циклусот на годинешните акции за подигање на кабаст отпад на територијата на општина Охрид. Согласно испланираниот календар за 2014 год. останува да се реализираат уште 4 (четири) акции за подигање на зелен отпад на 15.11.2014 год (нас.Христо Узунов, Горна Влашка мала), 29.11.2014 год. (нас.Воска и нас.Даљан), 06.12.2014 год. (нас.Видобишта) и 13.12.2014 год. (нас.Радојца Новичиќ).
По повод 7-ми ноември се расчистуваат спомен-обележјата
Согласно Програмата за вонредни активности, во делот од одржување на јавна чистота, денеска екипите на „Јавна хигиена„ ги реализираат активностите за чистење на локалитети околу споменици и спомен обележја.
По повод пранувањата и свеченостите организирани за 7-ми Ноември- Денот на ослободувањето на Охрид се расчистуваат локалитетите: спомениците во Градскиот парк, споменикот на Петре Пирузе (Основен суд-Охрид), споменикот на Јасна Ристеска (с. Рамне) и Спомен паркот на револуцијата.
Акции за расчистување на локални и регионални патишта
Во текот на денешниот ден екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ ќе ја завршат широко-опфатната акција на чистење на просторот околу регионалниот пат Охрид-Св.Наум од расфрланиот комунален отпад, која започна изминатата седмица.
Акцијата се реализира по целата должина на делницата од потегот Хидробиолошки завод до Св.Наум со вкупна должина од 30 км и собрани се околу 200 вреќи отпад (расфрлана пластична амбалажа, лименки, најлон кеси и друг отпад).
По налог на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид расчистен е и патот што води до селата Орман, Горно Лакочереј и Долно Лакочереј каде заради непречено движење на пешаци и возила отстранети се гранки и друга неуредна вегетација.
Расчистување на кејот во близина Холандскиот парк
Екипите на „Охридски Комуналец„ денеска извршија чистење на градскиот кеј во близина на Холандскиот Парк. Овие активности се спроведоа по налог на општинскиот инспекторат согласно годишната програма за работа за 2014 год., во делот на вонредни активности за одржување на јавна чистота.
Со намалувањето на водостојот на Охридското Езеро на овој потег натрупани се големи количини тиња кои се расчистени со употреба на специјална механизација , при што се подигнати и транспортирани околу 30 м3 отпад.