Category Archives: АКТУЕЛНО
Акција за зелен отпад У.З.14 „Радојца Новичиќ„ 13.12.2014 год.(сабота)
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 13.12.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од У.З.14 „Радојца Новичиќ„.
Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.
Оваа акција е последна акција согласно годишниот календар за 2014 год.
Акција за зелен отпад „Видобишта„ (06.12.2014 год.-сабота)
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 06.12.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во У.З.11 „Видобишта„ .
Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.
Во календарската 2014 год. останува да се реализира уште акцијата за зелен отпад на 13.12.2014 год. во У.З.14 „Радојца Новичиќ„ .
Активностите на јавна хигиена прилагодени на 8.мо декемвриските празнувања
Деновиве активностите на екипите на „Јавна хигиена„ се прилагодени согласно свеченостите кои ги организира општина Охрид по повод 8-ми декември, денот на заштитникот на Охрид Свети Климент Охридски. Организирани се дежурни служби со посебен режим на работа за одржување на повисок степен на хигиена на локациите каде во следните пет дена ќе се реализира свечената програма. Се расчистуваат пристапните патишта до Плаошник, градскиот плоштад и другите локации. Клупите околу споменикот на Свети Климент Охридски ќе светнат во нов сјај и плочникот ќе биде детално исчистен од залепените гуми за џвакање.
Ден на дрвото-засади ја својата иднина
Ј.П.„Охридски Комуналец„ , како јавно претпријатие во чија надлежност е одржувањето на јавните парковски површини, дрвореди и скверови на територијата на општина Охрид, активно се вклучи во акцијата Ден на дрвото-засади ја својата иднина.
Активно се вклучивме во традиционалното одбележување на оваа акција каде Градоначалникот Никола Бакрачески заедно со претседателката на Советот Гордана Коњаноска, директорите на јавните претпријатија и раководители на општински сектори, симболички засадија зимзелени садници во градскиот парк.
Вработените од „Паркови и зеленило„ ја потпомогнаа акцијата со распределување и доставување на садниците кои ги донира Ј.П.„Македонски Шуми„ до сите воспитно-образовните институции: градинки, основни и средни училишта. Вкупно 300 садници од видовите бреза, јасен и аризонски чемпрес денеска ќе никнат во школските дворови и ќе ја разубавуваат околината на нашите најмлади сограѓани. Така симболички со растот на садниците ќе расте и свеста на младата популација за здрава животна средина.
Во с.Рача се засадија садници околу новиот плоштад
Денот на дрвото-засади ја својата иднина ја одбележаа и вработените од „Заеднички Служби„ при Ј.П.„Охридски Комуналец„ кои заедно со Директорката во дворот на претпријатието засадија 20 зимзелени садници од видот „туја„ од сопствено производство.
Од активностите на „Паркови и зеленило„
Во изминатава седмица продолжија активностите на засадување на есенско-зимскиот цветен материјал по градските зелени површини. Во градскиот парк се оформуваат цветни катчиња со складен колоритет и визуелен естетски изглед. Засадените садници од видот виола-оче ќе ги освежат парковите и во поладните денови, благодарение на издржливоста на пониски температури.
Како доминантна активност на „Паркови и зеленило„ во овој период е секојдневното собирање на паднатиот лист од сите зелени површини во градот, при што дневно се подигаат околу 12 м3 паднат лист само од зелените површини.
Завршено и уредување на крошните од дрвјата по целата должина на дрворедот од липи по ул.„Македонски Просветители„ (од двете страни на улицата), каде е извршено поткастрување, сечење и уредување на крошните од липи.
Акција за зелен отпад У.З.3 „Кошишта„ и У.З.4 „Воска„ 29.11.2014 год.(сабота)
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 29.11.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во У.З.3 „Кошишта„ и У.З.4 „Воска„ (заедно со комплексот згради и куќи во населба „Даљан„) .
Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.
Од денешните активности на „Охридски Комуналец„
Синоќешното невреме го зголеми интензитетот на денешните активности на одделението „Јавна хигиена„. Паднатите лисја се расчистуваат и подигаат од сите јавни пешачки и сообраќајни површини во градот, а во рамките на можностите и оперативноста, се делува на улиците од сите категории. Подигнатиот лист се транспортира во расадникот на јавното претпријатие, каде понатака се искористува како суровина во фазата на компостирање.
Се расчистуваше и градскиот кеј од наносите од реса и друг отпад кој на кејот го натрупа езерскиот бран. Подигнати се 20 м3 отпад.
Продолжува акцијата за чистење на речните корита и денеска се расчистуваше река Сушица по должина на ул.„Аџи Мустафа„.
Се реализира акцијата за уредување на дрворедот по „Македонски Просветители„
Екипите на „Паркови и зеленило„ денеска ја продолжија акцијата за уредување на крошните од дрвјата по целата должина на дрворедот од липи по ул.„Македонски Просветители„.
Поткаструвањето, сечењето и уредувањето на крошните од липи се реализира етапно, согласно планираната динамика. Во текот на вчерашниот ден завршено е уредувањето на потегот од „Кеј Македонија„ до „Партизанска„ , а денес се уредуваше потегот од „Партизанска„ до „Димитар Влахов„.
кроење на крошните пред поштата
Со кроењето на крошните ќе се отстранат гранки кои го оневозможуваат природното вегетирање на стеблото и кои го оптоваруваат стеблото и ќе се овозможи подеднакво продирање на сончевата светлина. Со тоа ќе се создат побезбедни услови за движење на пешаците и возилата.
кроење на крошните пред „Уни банка„
Акцијата се спроведува по налог на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид и според динамиката во среда ќе се уредува потегот од „Димитар Влахов„ до „Даме Груев„, а во четврток и петок ќе се поткаструваат крошните на „Македонски Просветители„ на потегот од „Даме Груев„ до „Булевар Туристичка„.
кроење на крошните на пресекот со „Димитар Влахов„
Се расчистува р.Сушица од „Петрино„ до Винарска визба
Ј.П.„Охридски Комуналец„ продолжи со реализацијата на активностите околу расчистувањето на речните корита и канали на територијата на општина Охрид. Се расчистува речното корито на р.Сушица, на потегот од ул.„Петрино„ до Винарска визба.Расчистувањето на наносите и ниската вегетација, како и расчистувањето на комуналниот и градежен отпад се врши со ангажирање на специјална механизација.
чистење на речното корито на р.Сушица
Со овие активности ќе се подобри еколошкиот амбиент на ова подрачје, а воедно ќе се превенира евентуалното поплавување на околното земјиште.