Category Archives: АКТУЕЛНО
Активности по повод „Прличеви беседи 2015„
Согласно Програмата за работа за 2015 год. и зацртаните активности за подигнување на нивото на хигиена по повод празнувања и одржување на манифестации, денес екипите на Јавна хигиена и Јавно зеленило темелно расчистуваа локации по повод манифестацијата „Прличеви беседи 2015„.
Хортикултурно се уреди просторот кај гробното место на Григор Прличев во училишниот двор на О.У.„Климент Охридски„. Беа уредени крошните на околните дрвја кои заради последните снежни врнежи беа оштетени, се засадија нови зимзелени садници од видот „котонастер„ и целиот простор темелно се исчисти.
Темелно се расчистуваше и просоторот околу спомен-куќата на нашиот ловороносец и околу споменикот во близина на Центарот за култура „Григор Прличев„.
Обновено: Од градскиот кеј подигнати 30м3 отпад
Како последица на силниот ветер од јужен правец на градскиот кеј беа натрупани енормни количини комунален отпад. Во изминативе два дена Ј.П.Охридски Комуналец подигна 30 м3 отпад од градскиот кеј, на потегот од пристаништето до Холанскиот Парк. Беше ангажиран ровокопач, два камиони за утовар и одвоз на отпадот, 3 комунални работници кои рачно од езерските води го расчистуваа отпадот и 10 метачи. Од езерските води подигнати се огромни количини пластични шишиња, хартија, трска и друг вид отпад.
На лице место увид изврши и општинскиот инспекторат, по чиј налог се спроведоа овие активности.
„Паркови и зеленило„ на терен
Со последните врнежи од снег и дожд повторно се забележани штети и скршени дрвја на територијата на општина Охрид. Екипите на „Паркови и зеленило„ се на терен и ја санираат штетата:
се отстрануваат скршените гранки во близина на маркетот „Рамстор
по градскиот кеј во близина на поранешното ПТТ одморалиште
во стариот дел од градот- по патеката која ги поврзува месноста Кошишта со Горна Порта каде паднатите гранки ја оштетиjа оградата и клупите.
Во изминатите два дена покрај ангажирањето на вработените од оваа работна единица во расчистување на тротоарите по целата должина на „Булевар Туристичка„ и другите позначајни сообраќајници, се реализра и акцијата за одстранување на скршени гранки и стебла покрај патниот правец Косел-Вапила-Ливоишта, по претходно добиено барање од урбаната зедница од с.Вапила.
По обилните врнежи се чисти кејот и чаршијата
Обилните врнежи од дожд и снег што го зафатија охридскиот регион изминатите два дена предизвикаа големи количини отпад од околните реки да се влеат во водите од Охридско Езеро. На градскиот кеј езерскиот бран исфрли отпад: пластична , картонска , најлонска амбалажа и друг вид отпад. Јавна хигиена е ангажирана од раните утрински часови со сите расположиви ресурси и директно од езерските води се собира отпадот, а кејот се мети.
Другата оперативна група е задолжена за отсранување на остатоците од снег по градската чаршија.
Активности пред предстојниот празник “Богојавление”
ЈП “Охридски Комуналец” денеска започна со уредување на центрaлното градско подрачје поточно потегот околу градското пристаниште по повод предстојниот празник “Богојавление”. Се изврши китење на чаршијата и пристапните патишта кои водат до пристаништето со верски знамиња како и украсување на бродовите и канделабрите со бршлен и зеленика.
Како и секоја година на градското пристаниште се донесени 20-тина тезги кои ќе послужат за служење со топла ракија и вино на самиот празник.
Исто така во градскиот парк во близина на рибниот ресторан старите корпи за ситен отпад беа заменети со 10 нови корпи.
ЈП “Охридски Комуналец” овие денови ќе обрне посебно внимание согласно потребите на хигиената како услужна така и јавната со цел презентирање на Охрид во подобро светло пред предстојните гости кои се најавени во поголем број.
Среќни новогодишни и божиќни празници
Ј.П.”Охридски Комуналец” на сите граѓани на Општина Охрид, сите свои корисници и деловни партнери им ги честита новогодишните и божиќните празници со желби за среќна, успешна и бериќетна 2015 год.
Во претстојната 2015 год. нашите сервисни услуги ќе се во служба на нашиот краен корисник „Граѓанинот„ со зголемување на степенот на одржување на јавната чистота, јавното зеленило и услужната хигиена.
Од активностите на Комуналец во зимски услови
Поради снежното невреме кое го зафати охридскиот крај, Ј.П.”Охридски Комуналец” од вечерните часови е на терен и го расчистува снегот од коловозите и тротоарите. Расчистувањето на коловозите се врши со расположивата механизација, додека за расчистување на тротоарите и непречено движење на пешаците ангажирани се вработени од сите јавни претпријатија во Охрид: Ј.П.”Нискоградба”, М.Ј.П.”Проаква”-Охрид, Ј.П.”Градски Гробишта”, С.Р.Ц.”Билјанини Извори” и Територијалната противпожарна единица-Охрид . Мобилни се и екипите на “Паркови и зеленило” кои имаат полни раце работа . Влажниот снег со својата тежина допринесе на многу места во градот да се скршат гранки од дрвја. Ситуацијата на терен постепено се санира, прво се расчистуваат новите дрвореди по ул.”Димитар Влахов” и “Партизанска”, а се пристапи и во расчистување на паднатите гранки по патните правци кон Свети Стефан, кон Лескоец и во страиот дел од градот. Дежурните екипи и понатака остануваат во мобилна состојба.
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува сите граѓани и правни субјекти од Општина Охрид, дека согласно Законот за Јавна чистота во зимски услови при снежни врнежи се должни веднаш да започнат со чистење на снегот на отворените простори пред нивните објекти како би обезбедиле непречен пристап по тротоарите, коловозите и до објектите. Секое непочитување на Законот за јавна чистота може да биде санкционирано.
Комуналец на терен по првиот снег
Со започнувањето на снежните врнежи, мобилните екипи на Ј.П.„Охридски Комуналец„ синоќа веднаш излегоа на терен. Ангажирани беа два камиони со епоха кои по коловозите посипуваа сол и ризла, а по потесните улици се делуваше со трактор. Опфатени беа сите улици кои според програмата за зимско одржување им е дефиниран приоритет со цел непречено одвивање на сообраќајот и движење на пешаците. До раните утрински часови употребени се 30 м3 сол и ризла.
Нашите дежурни служби ја пратат временската ситуација и најавите за нови снежни врнежи со цел што поефикасно и поажурно да се делува на целата територија на општина Охрид.
Комуналец спремен пред првиот снег
Следејќи ја временската прогноза и најавите за снежни врнежи и ниски температури, Ј.П.”Охридски комуналец” е подготвен за подобро функционирање во зимски услови. Сoгласно задолженијата кои ги има и „Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид 2014/2015 год.„ , екипирани се сите дежурни служби, механизација, набавени се абразивни средства и дефинирани се улиците по кои ќе се делува според приоритет. Деновиве превентивно се посипани уличките во стариот дел од градот со абразивни средства.
Се расчистува речно корито на р.Сушица и генералка на ул.„Железничка„
По добиен налог од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, Ј.П.„Охридски Комуналец„ пристапи кон расчистување на речното корито на река Сушица, на потегот од ул.„15.ти Корпус„ до „Отпад„. Ви изминативе три дена речното корито се расчистуваше од расфрланиот отпад и неуредната вегетација која го попречуваше нормалниот тек на реката.
Согласно работниот календар, екипите на „Јавна хигиена„ денес и утре ќе ја расчистуваат детално ул.„Железничка„ по целата нејзина должина. Ангажирани се 10 работници кои ги одстрануваат наносите од песок и земја покрај граничниците од коловозните ленти и ги метат јавните пешачки површни.