Category Archives: АКТУЕЛНО

Пролетно освежување на албициите по “Кеј Македонија”

Денеска екипите на “Паркови и зеленило” започнаа со пролетно освежување на дрворедот од албиции покрај пешачката патека по “Кеј Македонија”. Се врши кастрење на гранки и санирање на дрворедот на потег градски плоштад до поранешен х.”Палас”.

IMAG08991

Во близина на музичкото училиште “Методи Патче”, за потребите на изградбата на пешачката патека, екипите на “Паркови и зеленило” ги отстрануваат корењата од дрвјата кои претставуваат опасност по инфраструктурните елементи кои се поставуваат.

IMAG0896

IMAG0898

 

Завршено уредувањето на дрворедот по „7-ми Ноември„

Денеска екипите на „Паркови и зеленило„ ќе завршат со акцијата за средување на дрворедот по ул.”7-ми Ноември” на потегот од поранешната фабрика “Отекс” до ОЕМУЦ.”Св.Наум Охридски”-Охрид. Извршено е санирање на вкупно 86 стебла од постоечкиот дрворед од јавори , лево и десно од коловозот, со уредување на крошните и кастрење на гранките.

 IMAG08941

IMAG08933

Следна планирана активност согласно Програмата за јавно зеленило за 2015 год. на територијата на општина Охрид е уредување на дрворедот покрај пешачката патека по “Кеј Македонија”.

Екипите на „Паркови и зеленило„ активно се вклучени во активностите за уредување на новата пешачка патека која локалната самоуправа ја гради после каналот „Студенчишта„.

 2015-03-11 08.52.522

Се реконструира дрворедот по ул.”7-ми Ноември”

Екипите на “Паркови и зеленило” денеска започнаа акција за средување на дрворедот по ул.”7-ми Ноември” на потегот од поранешната фабрика “Отекс” до ОЕМУЦ.”Св.Наум Охридски”-Охрид. Постоечкиот дрворед од јавори , лево и десно од коловозот, ќе се санира со кастрење на крошните од дрвјата на кои ќе им се даде форма пред пролетното раззеленување и оформување, а ќе се создадат подобри услови во движењето на пешаците и возилата.

 7minoem

Оваа акција ќе се одвива етапно во текот на месец март и се реализира согласно Програмата за јавно зеленило за 2015 год. на територијата на општина Охрид.

Се расчистува кај Грашница, малото пристаниште и с.Лескоец

По налог на општинскиот инспекторат се расчистува крајбрежниот појас на Охридско Езеро на потегот од западната страна од охридското Кале до вливот на р.Грашница. Езерските води на површина имаат исфрлено големи количини неразградлив комунален отпад: пластична амбалажа, најлони, како и хартија и друг вид отпад (ќе се подигнат 4 м3).ластична амбалажа, најлони, како и хартија и друг вид отпад (ќе се 3 отпад).

 grasnica1

  Кај малото пристаниште пред х.Палас синоќешниот ветер од јужен правец натрупа големи количини отпад : трска и друг вид комунален отпад, кој се расчистува рачно од езерските води.

 kej11

Се расчистува месноста Арбатица во с.Лескоец (патот кој води до манастирот “Св.Петар и Павле”) каде поради искршени багремови гранки е оневозможена нормалната проодност на патот . Оваа активност се извршува по налог на општинскиот инспекторат .

 IMAG0873

Генерално чистење на У.З.12 “Гоце Делчев”

Денеска екипите на “Јавна хигиена” спроведуваат акција за генерално чистење на У.З.12″Гоце Делчев” (Бараки). Бидејќи сообраќајниците од оваа населба се вклучени во поприоритетните улици кои се одржуваат со Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид за 2014/2015 год., темелно се метат јавните површини од наноси од песок и земја и се расчистува расфрланиот отпад.

FotorCreated9

 

 

 

Нови канти за ситен отпад на градскиот и малиот плоштад

Ј.П.”Охридски Комуналец” во пресрет на новата туристичка сезона 2015 год. постепено ќе ја обновува урбаната опрема на територијата на општина Охрид. Денеска се поставуваат 10 нови канти за депонирање ситен отпад на градскиот плоштад и новиот мал плоштад. Новите канти имаат поестетски изглед и функционалност, со поцинкувана внатрешна влошка со поголем капацитет.

 korpi

Досегашните канти за ситен отпад ќе бидат дислоцирани на локации каде има потреба од овој вид на урбана опрема.

Акција за чистење во Пештани, на „Кузман Капидан„ се санираат дрвјата

Екипите на „Охридски Комуналец„ денес спроведуваат акција за расчистување на јавните површини во с.Пештани. Се расчистува центарот на селото и улицата која води до основното училиште од наносите од земја, песок и чакал кои со силните врнежи беа слеани од планината кон пониските делови. Ангажирани се 4 работници и според наши проценки ќе се подигнат 4 м3 земја и друг отпад.

  20150217_075248

И во Пештани е евидентирано уништување на урбаната опрема каде од депониран запалив отпад е оштетена канта за депонирање ситен отпад.

 075501

Екипите на „Паркови и зеленило„ денес ги отстрануваат скршените гранки од дрвјата по ул.„Кузман Капидан„ (потег Горна Порта-Плаошник). Во овој дел од охридското Кале се врши санација на дрвјата кои претрпеа големи оштетувања од снежното невреме.

FotorCreated7

 

Повторно запален контејнер – овој пат на „Македонски Просветители„

Измина само едно деноноќие откако беше забележан изгорен контејнер на ул.„Пере Тошев„ и откако упативме апел до граѓаните да не фрлаат недогорени остатоци во контејнерите, денеска повторно е евидентиран изгорен контејнер на ул.„Македонски Просветители„ наспроти „Противпожарната територијална единица„-Охрид.

 101255_resized

101249_resized

                 Фотографиите сами зборуваат, но дали ќе проработат совеста и казните …

Се подига металната конструкција од тротоарот на ул.”Мирче Ацев”

По налог на општинскиот Инспекторат денес Ј.П.”Охридски Комуналец ја расчистува локацијата на ул.”Мирче Ацев” во близина на градинката “Лихнида”, каде од приватен имот на тротоарот беше падната метална конструкција и гранки од киви. Ангажирани се 4 вработени за сечење на гранките и конструкцијата, утовар, транспорт и депонирање на истите.

074721

0747381

Бидејќи сопственикот не превзеде никави мерки за расчистување на конструкцијата со што беше загрозено движењето на пешаците по јавната површина, општинскиот Инспекторат ќе му достави фактура за расчистувањето. 

Запален контејнер на ул.„Пере Тошев„

Многу често Ј.П.„Охридски Комуналец„ се соочува со проблемот на комплетно уништување на јавната опрема и јавни добра кои треба да им служат на сите наши сограѓани . Утрово дежурните екипи затекнаа комплетно уништен пластичен контејнер на ул.„Пере Тошев„ кој беше изгорен од запалив отпад депониран во самиот контејнер. Оваа локација се наоѓа во близина на градинката „Росица„ и тука беа поставени три (3) контејнери за депонирање на комунален отпад.

 kontejn2

Честа е појавата на депонирање недогорени остатоци од отпад во контејнерите од страна на несовесни граѓани со што доаѓа до самозапалување на отпадот. Истото претставува не само проблем за нас, туку и за случајните минувачи и останатите жители зошто може да предизвика штети од поголем размер.

Упатуваме апел до граѓаните да внимаваат што депонираат во контејнерите, а истовремено ги повикуваме инспекциските служби да ги санкционираат несовесните граѓани.