Category Archives: АКТУЕЛНО

Акција за зелен отпад У.З.1. „Стар Град„ (04.04.2015-сабота)

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид  од месец април започнува со пролетниот циклус на акции за подигнување кабаст и зелен отпад. Месец април е резервиран за акциите за подгинување зелен отпад, а во мај и јуни ќе се подига кабаст отпад. Динамиката на подигнување е дефинирана во годишниот календар за работа за 2015 год. и вообичаено акциите ќе се реализираат во саботите во различни делови од градот.

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 04.04.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.)  од У.З.1. „Стар Град„.

Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

Расадени цвеќиња на влезот од Охрид

Ј.П. “Охридски Комуналец” со дел од цветниот расад изврши  освежување на зелената  површини  кај  сообраќајната клучка на влезот во Охрид со садење на цвеќиња од видот виола – “очиња”

Екипи на јавното претпријатие извршија и метење на улиците кај месноста Лагадин, с.Лескоец и с.Елшани.

DSCN0374_Fotor_Collage-2

DSCN0374_Fotor_Collage

Се чистат паркинзите на регионалниот пат Охрид-Ресен

Екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец” Охрид, односно одделението за јавна хигиена во текот на денешниот ден, а по налог на Општинскиот инспекторат, пристапи кон чистење на регионалниот пат Охрид-Ресен.

Имено се чистеа површините ( паркинзите) предвидени за одмор на патничките и моторните возила, од сметот што зад себе го оставаат некои од учесниците во сообраќајот, а притоа ја загадуваат  животната средина.

Апелираме и се надеваме дека во иднина ќе проработи свеста и ќе се одлага сметот на соодветни места предвидени за таа намена.
DSCN0347_Fotor_Collage

 

 

DSCN0347_Fotor_Collage-2

 

Се расчистува месноста „Мазија„

Во месноста „Мазија„ во близина на Холандскиот Парк се расчистува обраснатата џбунеста вегетација (диви капини, трње и др.). Со тоа зелената тревна површина ќе се прошири и полесно ќе се одржува. Ангажирани се 4 парковски работници и специјално возило за транспорт на зелениот отпад.

mazija

Пролетни генералки во градот и околината

Во оваа работна седмица според планираните активности на Ј.П.„Охридски Комуналец„ ќе се спроведе расчистување на јавните површини во приградските населби. Во текот на вчерашниот ден се расчитуваше расфрланиот комунален отпад (хартија, пластика и др) во с.Велгошти, месноста Навис и с.Љубаништа. Денес се расчистуваат селата Трпејца и Косел, а до крајот на седмицата ќе бидат опфатени селата на потегот до Пештани, Подмоље и Горно и Долно Лакочереј.

 sela

Клупите на градскиот плоштад и кејот се санираат и добиваат нова фарба

 klupi

Темелно се расчистуваат пешачките патеки во градскиот парк и граничниците со отстранување на ниската вегетација

 spaklanje

Мини-парковските содржини се освежуваат со засадување на цветни садници-очиња. Разубавен е мини-паркот околу споменикот на Коста Абраш кај Сараиште

 kostaabras

 По налог на општинскиот инспекторат расчистена е локација на ул.„Живко Чинго„ каде беше отежнато движење на возила и пешаци од надвисната ограда од пироканта.

 zivkocingo

Акции за расчистување „Горица 3„ и „Алтанин Мост„

И покрај континуираното спроведување на акции и кампањи за подигнување на еколошката свест на населението со цел да ја зачуваме околината од загадување и расфрлање на отпад чиј век на разградливост е многу долг, „Охридски Комуналец„ секојдневно се соочува со проблеми за подигнување на степенот на јавна хигиена.

Во прилог Ви презентираме каква беше состојбата со расфрлан отпад во близина на плажата „Горица 3„ -паркинг просторот и пристапните патеки , како и месноста „Алтанин Мост„ (потег „Булевар Туристичка„-с.Орман) .

 Во близина на плажата „Горица 3„ -кај паркингот и во тревниот дел околу пристапните патеки собрани се 10 вреќи со комунален отпад (пластични шишиња, картонска амбалажа, најлон кеси и др.)

 gorica3

Кај месноста „Алтанин Мост„ (потег „Булевар Туристичка„-с.Орман) собрани се 13 вреќи со комунален отпад

altanin

 

Расчистени „Ристо Чадо„ и „Железничка„, на Калето се санираат багремите

По налог на општинскиот инспекторат на ул .„Железничка„ (во близина на сообраќајната клучка „Петља„) расчистена е мини-депонија од расфрлан отпад од различен вид.

 zeleznicka3

Детално се расчистуваше ул.„Ристо Чадо„ (потег „Стобекс„-„Здружение на возачи„) каде несовени граѓани во зелениот појас расфрлале комунален отпад.

vidobista 

Екипите на „Паркови и зеленило„ ги санираат дрвјата на северозападниот дел од Калето под бедемот од „Самоилови Тврдини„

kale1

Во шумскиот дел од Калето, покрај патеката која води од месноста Кошишта до Горна Порта, се санираат багремови стебла и гранки и се отстранува жбунестата вегетација.

kosista

Богат асортиман на саден материјал во Расадникот

Пролетта е период кога интензивно хортикултурно се средуваат парковите и градините. Ј.П.”Охридски Комуналец” Охрид преку својата Р.Е.”Паркови и зеленило” врши одржување и уредување на јавните парковски површини. Исто така врши производство и продажба на украсни дрвца, грмушки и сезонско цвеќе, изработка и изведба на хортикултурни рашенија на приватни паркови и одржување на дворни места. 

 cveka

Виолата (народски позната како оче) е сезонско цвеќе кое ги краси дворовите и зелените површини во периодот март-јуни, по што ќе се обнови со нова летна цветна реколта. Нашиот расадник располага со најрозновидни садници од овој цветен материјал со најразличен колорит.

Заинтересираните граѓани можат да го посетат Расадникот лоциран во близина на “Хидробиолошки Завод” каде ќе се запознаат со целиот саден асортиман со кој располагаме.

Комуналец на терен

Сите работни единици  од Ј.П.Охридски Комуналец се ангажирани на различни локации  во градот со цел подигнување на јавната хигиена и зеленило на повисоко ниво.

Екипите на јавна хигиена поставуваат нови канти за депонирање на ситен отпад по ул.„Димитар Влахов„ и старата чаршија.

kanti

Се прави генералка на ул „15-ти Корпус„ и „Железничка„ каде се отстрануваат наносите од песок и земја од зимското одржување на сообраќајниците, како и отсранување на ниската вегетација.

zeleznicka

Се реконструира дрворедот по ул.„АСНОМ„ (потег „Кеј Македонија„-„Булевар Туристичка„) каде голем број стебла се комплетно уништени. Се засадуваат нови садници „јасен„ .

asnom

Денеска е завршено со реконструирањето на бетонската жардињера на „Булевар Туристичка„ каде се отсранија оштетените декоративни грмушки, се исполни жардињерата со плодна земја и се засадија нови декоративни садници од сопствениот расадник.

turisticka

На депонија „Буково„ со сопствени средства се реконструира патот од влезот во депонијата до платото за депонирање на комунален отпад со тампонирање.

DSC_00451

Утрово во градскиот парк пред ФТУ-Охрид  констатирано е оштетување на паркот каде се откорнати 6 (шест) садници од видот вертикална туја.

DSCN0213

 

Обновување на бетонската жардињера по “Булевар Туристичка”

Поволните временски услови овозможија екипите на “Паркови и зеленило” максимално да се ангажираат во пролетното подготвување на парковските и зелени површини во градот.

Заради претрпените штети од обилните снежни врнежи, се заменуваат оштетените садници во бетонската жардињера помеѓу двете коловозни ленти на “Булевар Туристичка” (потег градски пазар-Гимназија). На одредени делови се врши комплетна реконструкција на жардињерата со отстранување на садниците и земјата, каде ќе се засадат нови декоративни грмушки од сопствениот расадник. Изборот на садниците ќе одговара на просторот и функционалноста, да не се попречува нормалното одвивање на сообраќајот, а во исто време ќе се запази естетската компонента.

 FotorCreated17

Во прилог Ви презентираме зелени разгледници од денешните многубројни активности на “Паркови и зеленило” (се коси тревата, се режат повеќегодишните садници во градскиот парк и “Булевар Туристичка”, се уредуваат крошните од дрвјата…)

 FotorCreated18

FotorCreated19