Category Archives: АКТУЕЛНО

Искршени 15 јасени на „Булевар АСНОМ„

На вандалското однесување на поединнци му нема крај. На неодамна ревитилизираниот дрворед од јасени по „Булевар АСНОМ„ искршени се 15 стебла кои „Охридски Комуналец„ ги имаше засадено.

asnom

 И покрај напорите на нашето претпријатие за подигнување на еко-свеста и зачувување на јавните урбани добра, постојано се случуваат вакви немили настани со кои се уништува зеленилото кое треба да им служи и на идните генерации.

Акција за кабаст отпад У.З.11 „Видобишта„ (13.06.2015 год.)

              Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 13.06.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) У.З.11 „Видобишта„.

          Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

Јавната чистота се одржува со зголемен интензитет

Екипите на Јавна хигиена со зголемен обем на активности го подигнуваат степенот на јавна чистота на повеќе локации во градот и приградските населби. Темелно се чисти и мети од наноси од песок , земја , ситен отпад , како и ситна вегетација ул.„Железничка„

 zeleznicka

се коси и расчистува од расфрлан отпад дворот и околниот простор на подрачното училиште „Св.Климент Охридски„ во населба Даљан

 daljan

 

темелно расчистување на тротоарот покрај магистралниот пат Охрид-Св.Наум на потег Хидробиолошки завод – нас.Рача

 

FotorCreated600-450

Во пресрет на планираниот состанок на министрите за надворешни работи на државите членки на ЦЕИ  се реализира акција за расчистување на расфрланиот отпад покрај магистралниот пат на потегот од Подмоље до Метропол.

FotorCreated FotorCreated2

Акција за кабаст отпад „Кошишта„, „Воска„ и „Даљан„ (06.06.2015год.)

             Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 06.06.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.3. и У.З.4. населби „Кошишта„, „Воска„ и „Даљан„.

          Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

Оглас БПП 2-03/2015

Oглас за барање за прибирање на понуди бр.2-03/2015

Набавка на хидраулични елементи

 Ве молиме отворете на веб-сајтот за јавни набавки наведен во продолжение:

https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/1b581f2c-cc5f-4e86-b202-f7a01d620b5a/RequestForProposal

Нов парк во Подмоље, a Калето се дотерува

Екипите на „Паркови и зеленило„ хортикултурно го уредија просторот во центарот на с.Подмоље, околу игралиштето. Теренот беше реконструиран со раскопување и оплеменување со 20 м3 плодна земја, засадена е трева, 50 зимзелени садници и 40 цветни декоративни грмушки.

 podmolje

Улиците во стариот дел од градот  и патеките кои водат до Самоилова Тврдина, Канео, Лабино и Плаошник хортикултурно се дотеруваат. Веќе трет пат е опфатен стариот дел на градот со косење заради бујната вегетација во пролетниот период.

varos

Парковите во ново летно руво

Градскиот парк и зелените површини во градот се разубавуваат во нови бои и цветни содржини. Новиот изглед на парковите каде се засадува новата летна цветна реколта ќе претставува препознатлива слика за Охрид во летниот и есенскиот период. Цветните садници се од сопствено производство од расадникот со топли леи, ги има во широк асортиман, колорит и висок квалитет од видовите: петунија, сурфинија, агератум, импатиенс, сардела, џунџуле, салвија, винка и др. Планирано е да се засадат околу 40.000 садници во градскиот парк и голем број зелени јавни површини во централниот и периферниот дел од градот.

park2

park1

 

Нов изглед добива и ул.„Димитар Влахов„ каде околу дрворедот од лагестремии се поставени украсни штитници, систем за наводнување на принципот „капка по капка„,, а околу дрвјата се засадуваат зимзелени грмушки и сезонско цвеќе.

dimvlahov

 

По „Булевар Туристичка„ искршени канти за отпад

Изминатиот викенд по „Булевар Туристичка„ беа искршени пет канти за депонирање на ситен отпад.. Не изминаа 15 дена откако овие канти беа поставени од страна на Ј.П.„Охридски Комуналец„ во близина на автобуските постојки, детските игралишта и обрзовните нституции, а веќе голем дел од нив се оштетени или комплетно уништени.

korpiuk

Поради несовесноста, ниската култура и вандалско однесување голем број на јавни добра во градот намерно се уништуваат. Ваквиот однос не само што го нагрдува ликот на градот , туку не` принудува повторно да се трошат средства за поправка и поставување на нова инфраструктурна опрема. И овој пат ќе упатиме апел до сите надлежни институции за поголем ангажман и санкционирање на сторителите.

Акција кабаст отпад У.З.6 „Даме Груев„ и У.З.10 „Горна Влашка Мала„

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 30.05.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.6 „Даме Груев„ и У.З.10 „Горна Влашка Мала„ (комплекс згради „Христо Узунов„ , „ Карабегобамала„ и „Горна Влашка Mала„).

Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.

Акција за кабаст отпад У.З. 12 Гоце Делчев (нас.Бараки)

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 23.05.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З. 12 „Гоце Делчев„ (нас.„Бараки„).

          Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.