Category Archives: АКТУЕЛНО

Се расчистува Стар Град пред почетокот на „Охридско лето„

Пред почетокот на културно-уметничката манифестација „Охридско лето„ Ј.П.„Охридски Комуналец„ реализира акција за уредување и расчистување на стариот дел од градот. Се коси тревата во близина на сцената на Античкиот театар и летната сцена на катедралната црква Св.Софија. Сите пристапни улици и сокачиња се расчистени и искосена е тревата покрај коловозот на патот кој води од Втор Чинар до Горна Порта, од Горна Порта до ул.„Крум Точко„ и ул.„Илинденска„.   За време на отворањето на фестивалот ќе бидат ангажирани дежурни екипи кои  ќе делуваат на пристапните улици и околу Антички театар заради одржување на поголемо ниво на хигиена. ohridsko

Генералка во У.З.12.Гоце Делчев, се коси на Марко Цепенков, Мирка Гинова и Крум Точко

Екипите на „Јавна хигиена„ и „Паркови и зеленило„ на повеќе локации во градот ја одржуваат јавната хигиена и јавното зеленило:  генерално се чисти во У.З.12 „Гоце Делчев„ (населба „Бараки„), а се коси тревата покрај пешачките патеки и коловозот на ул.„Марко Цепенков„ , „Мирка Гинова„, „Крум Точко„ .

baraki                                        У.З.12 „Гоце Делчев„

        DSCN02741                                            ул.„Марко Цепенков„

mirka                                                 ул.„Мирка Гинова„

krumtocko                                                 ул.„Крум Точко„

На ул.„Димитар Влахов„ каде естетски се уредува дрворедот од лигуструми, дел од неодамна засадените садници се украдени , а една од железните огради е турната со моторно возило. Намерното уништување на јавните добра не оди во прилог на граѓаните, па затоа апелираме на секој можен начин да се спречи деградирањето  и уништувањето на истите.

dimitarvl

 

Во Лагадин комуналниот отпад ќе се подигнува во вторник и петок

          Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува жителите чии индивидуално-станбени објекти се наоѓаат во туристичката населба Лагадин дека во летната сезона комуналниот отпад од овој дел на градот ќе се подигнува два пати неделно и тоа во деновите вторник и петок. Граѓаните се должни да го почитуваат комуналниот ред и уредно да го депонираат отпадот.

Интензивно ангажирани на повеќе локации…

Хортикултурно е уреден кружниот тек помеѓу „Булевар Туристичка„ и ул„Бистрица„ каде се засадени зимзелени грмушки и цветен расад .

 bistrica

Наши екипи активно се вклучени во завршните зафати околу уредувањето на пешачката патека кон Горица каде се поставуваат клупи.

  DSCN0248

Темелно е расчистен и искосен „Паркот на пријателство„ лоциран на пешачката патека кон Горица.

 prijatelstvo

Оваа седмица со косење и метење се опфатени селата: Лескоец, Косел и Велгошти , а наредната седмица ќе се опфатат Горно Лакочереј, Долно Лакочереј и Подмоље.

 DSCN0256

Екипите на „Јавна хигиена„ на 04.07.2015 год. (сабота) ќе спроведат акција за расчистување на комплексот Св.Наум по завршувањето на празнувањето на големиот верски празник , каде ќе бидат ангажирани 15 комунални работници.

Се уредува Долни Сарај

Пред почетокот на културно-уметничките манифестации кои на најрепрезентативен начин го претставуваат Охрид во текот на туристичката сезона,  Ј.П.Охридски Комуналец превзема вонредни активности за зголемување на хигиената на локациите каде ќе се реализираат манифестациите.

   Пред почетокот на „Балканскиот фестивал на народни песни и ора„ темелно се расчистува локацијата „Долни Сарај„:  просторот од летната сцена и паркинг-просторот се расчистува од расфрланиот отпад, а околниот простор хортикултурно се уредува со косење на тревата и кастрење на суви и надвиснати гранки. Во овие активности ангажирани се 10 вработени од „Јавна хигиена„ и „Паркови и зеленило„.

scena

parking

Од активностите на „Охридски комуналец„ …

Во рамките на активностите кои ги реализира локалната самоуправа за изградба на пешачката патека од каналот Студенчишта до Горица, нашето претпријатие ги започна активностите за хортикултурно уредување на бетонските жардињери кои се поставени на овој потег (вкупно 7 жардињери). Истите се исполнети со плодна земја, поставен е систем за наводнување, се засадуваат листопадни дрвја од видот „каталпа„ , се формираат цветни леи од сезонско цвеќе  и се засадуваат декоративни зимзелени грмушки.

pateka

Повторно е забележано уништување на засадените палми во скејт-паркот каде насилници се обиделе да откорнат една од палмите. Пред два дена на истата локација една палма беше откорната и фрлена во близина.

DSCN01011

На ул.„Димитар Влахов„ етапно продолжуваат активностите за естетското уредување на постоечкиот дрворед од лигуструми ( во правец кон ул.„Македонски просветители„) : се поставува украсна ограда, систем за наводнување, а просторот околу лигуструмите хортикултурно се уредува.

vlahov

Во рамките на годишната програма за одржување на јавното зеленило и јавната чистота, се уредува ул.„Ристо Чадо„ каде тревниот дел покрај коловозот се коси, улицата темелно се мети и се расчистува расфрланиот отпад. 

ristocado

Од 29.06.2015 год. комуналниот отпад ќе се подига од 06.00 часот

Ј.П.„Охридски Комуналец„-Охрид ги известува корисниците на своите услуги – физички и правни субјекти, дека во периодот 29.06.2015 год. до 31.08.2015 год. комуналниот отпад ќе се подига од 06.00 часот наутро.

DSCN09111

Овие активности се спроведуваат со цел за време на  туристичкиот шпиц нивото на услужната хигиена да се одржи на највисоко ниво. 

Нов систем за наводнување по „Кеј Македонија„

Постоечкиот систем за наводнување на потегот од градскиот плоштад до х.Палас, покрај пешачката патека по „Кеј Македонија„ е заменет со нов. Поставена е подземна инсталација на системот за наводнување и монтирани се 50 прскалки на овој потег.

prskalki

Во жардињерите поставени пред центарот за култура „Григор Прличев„ засадени се цвеќиња од новата летна реколта.

kino

Во скејт-паркот кај пешачката патека после каналот „Билјанини Извори„  вандали откорнале една од засадените палми и истата е најдена фрлена во близина.

palma

Акција за кабаст отпад У.З.14 „Радојца Новичиќ„ 20.06.2015 год.(сабота)

             Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 20.06.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.14 „Радојца Новичиќ„.

          Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

          Согласно годишниот календар за 2015 год. оваа акција е последна акција од пролетниот циклус. Следниот есенски циклус ќе продолжи да се реализира од месец септември 2015 год.

Голем избор на цветен материјал во Расадникот

Секојдневно низ парковите во Охрид никнуваат цвеќиња од новата летна цветна реколта. Садниците се од сопствено производство од расадникот кој функционира во рамките на „Паркови и зеленило„ кој за оваа сезона произведе 40.000 садници најразновиден цветен материјал. Со садниците се разубавуваат јавните зелени површини, а исто така нудме широка понуда и за граѓаните и правните субјекти.Од богатиот асортиман го издвојуваме сега актуелното сезонско цвеќе од видовите петунија, газанија, бегонија, вербена, винка, агератум, импатиенс, салвија и др., потоа ружи (полианта, мини и класична) и голем број украсни садници и дрвца.

 impatiens

                            импатиенс

DSCN00331

                   петунија

sino

               агератум

zunzule

                џунџуле

DSCN0032

              петлов гребен