Category Archives: АКТУЕЛНО

Се уредија јавните и зелените површини во с.Подмоље

Во рамките на Програмата за работа на Ј.П.„Охридски Комуналец„ за 2015 год. е дефинирано и одржувањето на јавната чистота и јавното зеленило во приградските населби и села, каде по однапред запазена динамика се одржуваат јавните површини и хортикултурно се уредуваат зелените површини.

Во согласност со овие активности  се расчисти с.Подмоље каде се искоси тревата покрај коловозните ленти и пешачки патеки, се подигна расфрланиот ситен отпад, а потоа се изврши темелно метење на јавните површини. 

podmolje

Нов систем за наводнување кај Холандскиот Парк

Екипите на „Паркови и зеленило„ поставуваат систем за наводнување во градскиот парк на потегот од Холандскиот Парк до мостот кај каналот Студенчишта. Со зафатов и овој дел од градскиот парк автоматски ќе се наводнува што претставува главен предуслов за континуирана одржливост на зелените површини.

park1

park2

Во тревните површини и делот околу детското игралиште кое во иднина ќе се прошири ќе се постави 150 м. систем за наводнување.

Акција кабаст отпад У.З. 8„Билјанини Извори„ 19.09.2015 год.(сабота)

             Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 19.09.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З. 8„Билјанини Извори„

          Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

Расчистен просторот кај зградите на влезот во Охрид

По налог на општинскиот инспекторат екипите на Ј.П.“Охридски Kомуналец„ го расчистија просторот кој се наоѓа во близина на станбените згради лоцирани на влезот во Охрид, на ул.„Булевар Туристичка„.

vlez

Поради големата површина на целиот простор се работеше два дена и искосена е тревната површина, а дивото зеленило (жбунови, трње и др.) е отстрането  машински .

Акција кабаст отпад во реон Македонски Просветители-Партизанска-Димитар Влахов-Кеј Македонија и нас.„Охридати„.

             Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 12.09.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) вo реонот опфатен со границите на улиците „Македонски Просветители„ , „Партизанска„ , „Димитар Влахов„ , „Кеј Македонија„   и нас.„Охридати„.

          Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

Отстранети липите од пешачкиот остров кај „Охридска банка„

Како почетна фаза на инфраструктурниот проект кој локалната самоуправа  го реализира за формирање на кружен тек на пресекот на ул.„Булевар Туристичка„ и ул.„Македонски Просветители„,  екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ денеска ги отстранија четирите  липи кои беа засадени на пешачкиот остров во  близина на оваа сообраќајница.

kruzen1

Акцијата започна од раните утрински часови во координација со сообраќајната полиција. Беа ангажирани вработени од Р.Е.„Паркови и зеленило„ кои ги сечеа дрвјата со моторна пила,  специјално возило ИЦБ за отсранување на корењата,  подигнување на пресечените дрвја, две специјални возила за транспорт на пресечените стебла и крошните од дрвјата. 

kruzen2

kruzen3

Од активностите од оваа седмица

Во оваа седмица екипите на „Паркови и зеленило„ хортикултурно го уредија дворот на ДУТУ.„Ванчо Питошески„ како и зелената површина на кејот во близина на училиштето. Засадено е сезонско цвеќе и декоративни грмушки.

pitoseski

Во рамките на Програмата за одржување на јавна чистота за 2015 год., во овој период секојдневно се реализираат активности за расчистување на крајбрежниот појас покрај кејот, на потегот од х.Палас до х.Милениум каде се наталожуваат наноси од реса, трска, муљ и комунален отпад.

kej

Се коси тревниот дел покрај коловозот на патот кој води до Спомен-паркот на Револуцијата

 DSCN0899

Се искоси тревниот дел кај станбените згради на влезот во Охрид

DSCN0901

Акција кабаст отпад У.З.1 „Стар Град„ 05.09.2015 год.(сабота)

Согласно испланираниот работен календар за 2015 год., Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид во месеците септември и октомври ќе ги реализира акциите од есенскиот циклус за подигнување кабаст отпад на територијата на општина Охрид. Акциите ќе се реализираат секоја работна сабота ро различен реон од градот за што граѓаните тековно ќе ги информираме преку средствата за јавно информирање. Распоредот на акциите е табеларно прикажан во календарот за 2015 год.

               Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 05.09.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.1 „Стар Град„ .

          Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

Хортикултурно уреден плоштадот кај музичкото училиште

Екипите на „Паркови и зеленило„ го уредија хортикултурно новиот плоштад кај музичкото училиште „Методи Патчев„. Активностите околу уредувањето на зеленилото се реализираа етапно и беа опфатени повеќе зелени катчиња на овој локалитет.

Се уредија зелените површини на  влезот во плоштадот од страна на сообраќајницата на пресекот на ул.„Булевар Туристичка„ и „Јане Сандански„: се реконструираа површините со нанесување на нов слој на плодна земја, се постави систем за наводнување,  декоративен камен и се засадија декоративни зимзелени грмушки.

minimar2

Се формираа зелени појаси околу дрворедот по ул.„Булевар Туристичка„ каде се формираа цветни леи со претходно поставен систем за наводнување на принципот „капка-по-капка„ и поставени се железни огради.

minimar1

minimar3

Поставени се стилски дрвени жардињери каде се засадени зимзелени борчиња и ниски грмушки околу нив.

minimar5

Околу фонтаната е нанесен плоден слој од земја и засадено е сезонско цвеќе.

minimar4

 DSCN08591

 

 

Се расчистуваше во Св.Стефан,Горица 3, Елшани и Пештани

Екипите на „Јавна хигиена„ денес го расчистуваа просторот во близина на плажата „Горица 3„ -паркинг просторот и пристапните патеки. Од паркингот и од тревниот дел околу пристапните патеки се расчисти расфрланиот комунален отпад (пластични шишиња, картонска амбалажа, најлон кеси и др.)

gorica

Исто така расчистен е просторот во нас.Сфети Стефан, тревниот дел на потегот  опфатен со магистралниот пат Охрид-Св.Наум и крајбрежните објекти во оваа населба. Овие активности се реализираа по налог на општинскиот инспекторат.

DSCN0823

По силното невреме кое го зафати источниот дел од охридското крајбрежје во саботата, нашите екипи три дена ги расчистуваа наносите од земја, песок и чакал по јавните површини во с.Пештани, а денес се расчистуваше во с.Елшани.

elsani

Пред почетокот на охридскиот пливачки маратон, во текот на утрешниот ден 3 комунални работници ќе го расчистуваат пристаништето во Свети Наум. Од езерските води околу пристаништето ќе се расчисти натрупаниот отпад, ресата и трската.