Category Archives: АКТУЕЛНО
Расчистена плажа Грашница и нас.Св.Стефан
Екипите на „Јавна хигиена„ спроведоа акции за санирање на состојбата и расчистување на повеќе локации во градот и околните населени места по силното невреме и обилните врнежи кои го зафатија охридскиот крај изминатиот викенд. Со обилните врнежи големи количини од песок, земја, паднат лист и комунален отпад се натрупаа по коловозите, пешачките патеки и другите јавни површини.
Се расчисти плажата Грашница и сливното подрачје на река Грашница во Охридското Езеро, како и патеката која води кон Охридското Кале, каде езерските води исфрлија големи количини трска и комунален отпад.
Денес се расчистуваа јавните и сообраќајните површини во туристичката населба Свети Стефан од наноси од земја и песок.
После машинското расчистување во с.Пештани со специјална механизација, од утре ќе се пристапи кон рачно чистење и метење на јавните површини во ова село.
Расчистени локации во стариот дел од градот
По налог на општинскиот инспекторат, екипите на „Паркови и зеленило„ расчистија повеќе локации во стариот дел од градот. Комплетно се расчистени тешко пристапни парцели во близина на Античкиот театар (ул.„Браќа Миладиновци„ ) кои беа обраснати со жбунеста вегетација и трње, а зелениот отпад е транспортиран.
Расчистена е и локацијата над спомен-куќата на Григор Прличев.
Акција за кабаст отпад У.З.3 „Кошишта„ и У.З.4 „Воска„
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 10.10.2015 год. (сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.3 „Кошишта„ и У.З.4 „Воска„ (заедно со комплексот згради и куќи во населба „Даљан„) .
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
Се расчистува речното корито на Сушица
Со акцијата за расчистување на реките во охридскиот крај се опфати и река Сушица. Екипите на „Паркови и зеленило„ го расчистуваа речното корито на Сушица по нејзиното течение по ул.„15-ти Корпус„, „Кленоец„ и „Прилепска„ . Како би се обезбедил непречен проток на речните води во есенскиов период, се отстранува жбунестата вегетација и натрупаниот градежен шут од речното корито, а околниот простор се коси.
Комуналец се вклучува во акцијата „Македонија без отпад 2015„
Ј.П.„Охридски Комуналец„ се вклучува во реализацијата на националната акција за чистење „Македонија без отпад 2015„ која ја организира Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата Ајде Македонија.
Во рамките на оваа акција на 03.10.2015 год. (сабота) ќе се спроведе расчистување на просторот околу магистралниот пат Охрид-Скопје на потегот од с.Подмоље до сообраќајната клучка на влезот во Охрид каде Ј.П.„Охридски Комуналец„ ќе ангажра 6 комунални работници и ќе се подигне собраниот отпад.
Ќе се подига кабаст отпад од Горна Влашка Мала
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 03.10.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.6 „Даме Груев„ и У.З.10 „Горна Влашка Мала„ (комплекс згради „Христо Узунов„ , „ Карабегобамала„ и „Горна Влашка Mала„).
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
Се подготвува зимската цветна реколта
Во расадникот кој функционира во рамките на работната единица „Паркови и зеленило„ при Ј.П.„Охридски Комуналец„ веќе се подготвува зимската реколта од цветниот расад од видот „виола„-очиња.
Процесот на подготовка започнува со обработка на плодна хумусна земја која е збогатена со органско ѓубриво
никнување на семето во топлите леи на расадникот и засадување на садниците во соодветни саксии со плодна земја
После одреден период кога садникот ќе добие соодветна форма, цврстина и големина, истите ќе бидат засадени во градските парковски површини и ќе ги красат до пролетниот период.
Се продолжи со расчистување на р.Грашница
Екипите на „Јавна хигиена„ го расчистуваат речното корито на р.Грашница по нејзиното течение на потегот од ул.„Булевар Туристичка„ до ул.„Гоце Делчев„. Оваа акција е продолжение на минатонеделната акција кога машински се расчистуваше речното корито на Грашница во месноста Лескајца, а сега поради тешка пристапност на специјалната механизација, овој потег се расчистува рачно.
Речното корито на овој дел од течението има бетонска подлога и се расчистува од тревната и жбунестата вегетација, како и наносите од земја, песок и расфрлан комунален отпад.
Се расчистува р.Грашница кај месноста Лескајца
Ј.П.„Охридски Комуналец„ го започна есенскиот циклус на акции за расчистување на речните корита на реките кои со своето течение поминуваат низ територијата на општина Охрид. Овие акции се реализираат по налог на локалната самоуправа со цел темелно расчистување на комуналниот отпад и градежен шут кој несовесни поединци го расфрлаат во околните реки, а превентивно ќе се минимализира можноста од прелевање на реките и поплави во околното земјиште.
Со првата акција е опфатена р.Грашница по нејзиното течение во месноста Лескајца. Расчистувањето се извршува со специјална механизација-ровокопач, а во наредниот период ќе се расчистуваат и другите речни корита по однапред утврдена динамика .
Акција за кабаст отпад У.З. 12 „Гоце Делчев„ (нас.„Бараки„)
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 26.09.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З. 12 „Гоце Делчев„ (нас.„Бараки„).
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.