Category Archives: АКТУЕЛНО
Одбележан „7-ми Ноември„ патронот на Комуналец
Ј.П.„Охридски Комуналец„ го одбележа својот патронен празник “7-ми Ноември”. Во административните простории на Ј.П.„Охридски Комуналец„ со пригодна свеченост на вкупно 12 вработени им беа врачени награди за 10, 20 и 30 години непрекината работа во Ј.П.”Охридски Комуналец” и тоа : четворица вработени за 30-годишно работење, двајца вработени за 20-годишно работење и 6 вработени за 10-години непрекинат работен стаж.
Задоволството оваа година е поголемо што после долг временски период ЈП „Охридски комуналец“ го обнови возниот парк со пет најсовремени специјални возила за подигање на отпад од јавните површини со што ќе се подобри квалитетот на јавните комунални услуги во градов.Набавката на возилата е резултат на проектот што општина Охрид го реализира со поддршка на Светска Банка и Министерството за финансии.
Вонредни активности по повод Денот на ослободувањето на Охрид
Согласно агендата на празнувања и активности кои ги организира локалната самоуправа за 7 Ноември- Денот на ослободувањето на Охрид, Ј.П.„Охридски Комуналец„ превзеде вонредни активности за поголем степен на јавна чистота и јавно зеленило на следните локации: Спомен-паркот на револуцијата, спомен-обележјето на Јасна Ристеска во с.Рамне, спомен-обележјата кај Основниот суд-Охрид, градскиот парк и средното стручно училиште „Св.Кирил и Методиј„.
Ќе се подига зелен отпад У.З.3 Кошишта и У.З.4 Воска 07.11.2015 год
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 07.11.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во У.З.3 „Кошишта„ и У.З.4 „Воска„ (заедно со комплексот згради и куќи во населба „Даљан„) .
Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.
Расчистено речно корито на Грашница на потегот по ул.„Прилепска„
Речното корито на р.Грашница е расчистенo на потегот по ул.„Прилепска„ до пресекот со ул.„Железничка„. Моментално на овој потег нема водостој, па речното корито се расчистува од бујната вегетација, како и комуналниот отпад кој е тука расфрлан.
Апелираме до околното население да не се фрлаат отпадоци во речното корито зошто стануваат потенцијална загадувачи на Охридско Езеро. Со надоаѓање на реката истите ќе завршат во езерото.
Кружното кај „Бистрица„ во есенско руво
Кружниот тек на пресекот на булеварот „Туристичка„ и ул.„Бистрица„ доби нов лик со засадување на цветните садници-хризантеми.
Летниот цветен расад кој беше засаден на оваа зелена површина е отстранет, земјената подлога е обработена и оплеменета, а потоа се засадени нови цветни садници кои ќе го красат ова катче до зимскиот период.
Акција зелен отпад во У.З.6 „Даме Груев„ и У.З.10 „Горна Влашка Мала„
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 31.10.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во У.З.6 „Даме Груев„ и У.З.10 „Горна Влашка Мала„ (комплекс згради „Христо Узунов„ , „ Карабегобамала„ и „Горна Влашка Mала„).
Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.
Од активностите на „Паркови и зеленило„
Оваа работна седмица екипите на „Паркови и зеленило„ вршат тековно одржување на зелениот појас помеѓу двата коловози вдолж ул.„Железничка„. Бетонската жардињера се расчистува од ниската дива вегетација, се отстрануваат оштетените садници, а на местата каде се украдени садници се засадуваат нови. Зелената ограда од пироканта и котонастер се поткаструва и соодветно се оформува. Овие активности се одвиваат координирано со „Јавна хигиена„ кои темелно ја метат оваа сообраќајница и околниот простор.
Во дворот на локалната самоуправа се засадени цветни садници од видот хризантема (народски-митровденки) кои се карактеристични во доцниот есенски период. Со ова есенско цвеќе кое го има во различен колорит ќе се украсат и кружните сообраќајници по „Булевар Туристичка„.
Следуваат планираните активности со кои во парковските површини во градот ќе се засади зимската цветна реколта од видот виола-очиња.
Акција за кабаст отпад У.З.14 „Радојца Новичиќ„ 24.10.2015 год.(сабота)
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 24.10.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.14 „Радојца Новичиќ„.
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
Согласно годишниот календар за 2015 год. ова e последната акција за подигање на кабаст отпад, а саботите од следниот месец ќе бидат резервирани за подигање зелен отпад. За динамиката на подигање зелен отпад граѓаните ќе бидат навремено информирани.
Ќе се подига кабаст отпад од У.З.11 „Видобишта„ 17.10.2015 год.(сабота)
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 17.10.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) У.З.11 „Видобишта„.
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.
Се расчистува с.Пештани
По машинското расчистување на наносите од земја, песок и одрони во с.Пештани, од денес Ј.П.„Охридски Комуналец„ започна со темелно расчистување на јавните површини и плажата во оваа туристичка населба.
Поради големите количини од земјени наноси акцијата ќе се реализира и во наредните два дена. Рачно со шпакли се одстранува земјата од централните улици и пешачки патеки, а потоа јавните површини се метат. Силните врнежи по своето течение донесоа со себе и големи количини од тешко разградлив отпад (пластични шишиња, најлон кеси и др.комунален отпад) кои испливаа по крајбрежниот појас во с.Пештани, па затоа со акцијата темелно ќе се расчисти и плажата.