Category Archives: АКТУЕЛНО
Повторно се расчистува речното корито на “Грашница” на потегот од “Ливница” и по ул. “Прилепска”
Само околу еден месец откако коритото на реката “Грашница” беше темелно искосено и исчистено од страна на одделението за”Јавна хигиена” на “Ј.П. Охридски Комуналец”, се јавува повторна слика од околните куќи и жителите кои гравитираат во околината каде што се ангажирани 2 комунални работници и се собира комуналниот отпад.
Се апелира до околното население да не го депонираат отпадот во речното корито затоа што со надоаѓање на водата во реката истото ќе се најде во Охридското езеро и ќе се предизвика поголем проблем.
Акција за расчистување на магистралните патишта кај делниците Охрид-Подмоље и Охрид-Св. Наум
По налог на комунална инспекција се спроведе акција пред новогодишните празници за чистење на магистралниот пат Охрид-Подмоље каде што беа ангажирани 7 работници од “Јавна хигиена”, беа собрани околу 60-тина вреќи комунален отпад. На потегот од Охрид до Св. Наум се започна етапно чистење каде се ангажирани 4 работници кое ќе продолжи во наредните дена.
Се одржуваше јавната хигиена во У.З.14„Радојца Новичиќ„ , подготовки за одржување во зимски услови
Во изминатава седмица екипите на „Јавна хигиена„ беа ангажирани со одржување на јавната чистота во У.З.14 „Радојца Новичиќ„. Беа опфатени улиците „Радојца Новичиќ„, „Кленоец„ и сите пристапни улици, патеки и тротоари. Темелно се расчистени јавните површини од наноси од земја, песок и отстранета е ниската вегетација. Овие активности се одвиваат по динамика која е дефинирана во Програмата за работа за 2015 год.
Согласно задолженијата кои ги има Ј.П.„Охридски комуналец„ по „Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид 2015/2016 год.„ екипирани се сите дежурни служби, механизација, набавени се абразивни средства и дефинирани се улиците по кои ќе се делува според приоритет. Заради специфичноста на теренот во стариот дел од градот на одредени пунктови се депонирани абразивни средства.
Се расчистуваше ул. “Железничка”
Покрај тековните активности, екипите на “Јавна хигиена” вчера и денес темелно ја исчистија ул. “Железничка” на потегот од бензинската “Таци” се до “Петљата” на излезот од градот. Ангажирани беа 6 комунални работници при што беа исчистени тротоарите, коловозните ленти и жардинериите и покрај отежнатите околности предизвикани од сообраќајот.
Ј.П. Охридски Комуналец се приклучи во акцијата “Ден на Дрвото – засади ја својата иднина”
Ј.П. Охридски Комуналец го одбележа денот на дрвото 02.12.2015 со засадување на украсни садници на три локации.
– Првата локација е на влезот од градот каде беа засадени 50 дрва од сортата “Софора” (Јапонски Багрем), украсно цветно дрво.
– Втората локација на која садеа вработените на Ј.П Охридски Комуналец и вработените од Капетанија – Охрид беше потегот од Билјанини извори до Хотел “Славија” помеѓу двете коловозни ленти. На овој дел пеа посадени 120 дрва од сортата “Аризонски Чемпрес”.
-Третата локација каде беа посадени 50 дрва од сортата “Каталпа” беше потегот од мостот према Хотел “Парк” од левата страна на новата патека.
После невремето зголемени активности на „Охридски Комуналец„
После невремето кое го зафати подрачјето на општина Охрид, нашите служби беа вонредно ангажирани во текот на вчерашниот и денешниов ден. Невремето беше проследено со силен ветер, што допринесе големи количини реса, трска и комунален отпад да се наталожат кај градското пристаниште и малото пристаниште пред х.„Палас„.
во текот на вчерашниот ден се расчисти пристаништето
Денес се расчисти и просторот околу малото пристаниште. Активностите се реализираа по добиен налог од општинскиот инспекторат и подигнати се вкупно 30м3 отпад.
Интензивирани беа и активностите за расчистување и подигнување на паднатите лисја од коловозите, тротоарите и другите јавни површини во централното градско подрачје.
Акција за зелен отпад У.З.14 „Радојца Новичиќ„ (21.11.2015 год.-сабота)
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 21.11.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од У.З.14 „Радојца Новичиќ„.
Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.
Оваа акција е последна акција согласно годишниот календар за 2015 год.
Во У.З.11 „Видобишта„ ќе се подига зелен отпад 14.11.2015 год.(сабота)
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 14.11.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од У.З.11 „Видобишта„.
Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.
Од активностите на „Јавна хигиена„
Екипите на „Јавна хигиена„ се вонредно ангажирани околу расчистувањето на јавните површини во градот од лисјата кои во овој период интензивно паѓаат.
Паднатите лисја се расчистуваат и подигаат од сите јавни пешачки и сообраќајни површини во градот, независно од категоријата на улицата. Подигнатиот лист се транспортира во расадникот на јавното претпријатие, каде понатака се искористува како суровина во фазата на компостирање.
Во оваа работна седмица се реализира и акцијата за отстранување на гумите за џвакање од мермерните плочи по градската чаршија, на потегот од плоштадот „Св.Климент Охридски„ до плоштадот „Крушевска Република„ кај Чинарот. Заради непречено одвивање на акцијата, истата се реализираше од раните утрински часови и беа ангажирани 4 комунални работници со специјални алатки.
Се засадува зимската цветна реколта
Екипите на „Паркови и зеленило„ започнаа со разубавување на зелените површини во градот со засадување на цветниот материјал кој ќе ги краси парковите во доцниот есенски период, зимската сезона, па се` до пролетта. Планирано е да се засадат околу 35.000 садници од видот viola (очиња) од сопственото производство.
Благодарение на издржливоста на пониски температури виолата-оче ќе ги освежи парковите во престојниот период, а ќе бидат опфатени: градскиот парк, плоштадот, кружните сообраќајници, новиот мини-плоштад кај музичкото училиште, новата патека после каналот Студeнчишта, и.т.н.