Category Archives: АКТУЕЛНО

Се расчистуваат јавните површини во Пештани

Денеска екипите на Ј.П.Охридски Комуналец спроведуваат широко-опфатна акција за средување на  с.Пештани. Се расчистуваат јавните површини во  центарот на селото и пристапните улици, расчистен е и подигнат натрупаниот и расфрлан отпад, а јавните површини се метат.

pest1

Силниот ветер и големите бранови и на плажата во с.Пештани исфрлија големи количини отпад (пластична и картонска амбалажа, остатоци од друг тешко разградлив отпад, како и големи количини трска). Отпадот од ктајбрежниот појас е подигнат и транспортиран.

pest2

Вонреден ангажман на Јавна хигиена за расчистување на кејот

Изминативе денови екипите на Јавна хигиена при Ј.П.„Охридски Комуналец„  беа вонредно ангажирани на градскиот кеј и градското пристаниште. Променливото време проследено со силен ветер од јужен правец и големи бранови секојдневно во крајбрежниот појас наталожуваа огромни количини од комунален отпад и разградлив био отпад (трски, реси и др.). Остатоци од пластични шишња, најлон кеси, картонска амбалажа и др. пливаа во езерските води од каде нашите служби со вонредни напори секојдневно ги расчистуваа и подигаа. Пешачката зона од кејот секојдневно се метеше од наносите од муљ, трска и друг  вид тешко разградлив отпад.

kej22

 

kej33

Во зависност од временските услови нашите активности ќе бидат димензионирани и планирани во насока да градскиот кеј и градското пристаниште секогаш бидат во  светло какво што му доликува на нашиот град.

Расчистен кејот по силниот ветер

Невремето проследено со силен јужен ветер и големите бранови, наталожија огромно количество отпад по крајбрежијето на охридскиот кеј.

Големи количини од тешко разградлив отпад (пластика, хартиена амбалажаи и најлон кеси) езерскиот бран имаше наталожено покрај пристаништето, како и во близина на старото пристаниште кај х.Палас.

pristaniste

Пешачката зона на охридскиот кеј беше прекриена со песок и трска. Подигнати се 8 м3 разновиден комунален отпад, а кејот е темелно расчистен и вратен во нормална состојба.

kej1

Овие слики станаа вообичаени после силен јужен ветер, но со нив станува се` поевидентна и негрижата кон животната средина.

Расчистен крајбрежниот појас во близина на Холандскиот Парк

Во зависност од временските услови и вегетациониот период на растителниот свет во Охридското Езеро,  екипите на Ј.П.”Охридски Комуналец” редовно спроведуваат акции за чистење на крајбрежниот појас по градскиот кеј. По налог на општинскот инспекторат оваа работна седмица се реализира  чистење на наносите од муљ, трска и натрупан комунален отпад во крајбрежниот појас  во близина на Холандскиот Парк. Чистењето, подигањето и транспортот на наносите од муљ се изведуваше со багеровање со специјална механизација (ровокопач-ИЦБ и  камион ФАП), при што се подигнати околу 20 м3 муљ.

kej

Комуналец ангажиран пред „Прличеви беседи 2016„

Ј.П.„Охридски Комуналец„  по повод одржување на манифестации и празнувања, спроведува вонредни активности за подигнување на степенот хигиена на локациите каде се реализираат манифестациите. По тој повод  екипите на Јавна хигиена темелно ги расчистуваат локациите каде ќе се одбележува манифестацијата „Прличеви беседи 2016„.

Се уреди просторот кај гробното место на Григор Прличев во училишниот двор на О.У.„Климент Охридски„ , темелно се расчисти  просоторот околу спомен-куќата на нашиот ловороносец

prli1

околу споменикот, и целиот простор во близина на Центарот за култура „Григор Прличев„.

prli2

Се расчистува потегот Горна Порта-Дрвара

Екипите на „Паркови и зеленило„  оваа работна седмица го  расчистуваат шумскиот дел на охридското Кале, на потегот од Горна Порта до месноста „Дрвара„.. Бидејќи временските услови се поволни, а вегетацијата во фаза на мирување, се расчистува ниската и дива вегетација, како бршлените и трњето. Во  шумскиот дел кој се наоѓа покрај коловозот се отстранети исушените дрвја од видот багрем и јасен , а заради непречено движење на пешаците и возилата,  гранките од дрвјата кои се наоѓаат во непосредна близина на  коловозот се поткастрени.

drvara

Од овој простор се подигна големо количество расфрлан комунален отпад и градежен шут кој несовесни граѓани го депонирале на овој потег.

Комуналец работно вклучен во празнувањето на Водици и Денот на рибарите

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид  изминативе денови активно беше вклучен во организацијата на  манифестација по повод верскиот празник „Богојавление„.  Беа превземени сите потребни активности за одржување на  хигиената на највисоко ниво на просторот околу градското пристаниште, месноста Сараиште, градскиот плоштад, кејот и парковските површини.

Се изврши украсување на чаршијата и пристапните патишта кои водат до пристаништето со верски знамиња, како и украсување на градското пристаниште со бршлен и зеленика.

ukrasuvanje

Монтирана е бина во близина на пристаништето

bina

и поставени се заштитни огради

ograda

По завршувањето на манифестациите по повод празникот Водици и Денот на рибарите кој оваа година се организираше во месноста Сараиште се изврши темелно метење на јавните површини и се расчистија расфрланите пластични чаши, хартиена амбалажа и други отпадоци.

IMG_3504

СРЕЌНИ НОВОГОДИШНИ И БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ

Ј.П.”Охридски Комуналец” на сите граѓани на Општина Охрид, сите свои корисници и деловни партнери им ги честита новогодишните и божиќните празници со желби за среќна, успешна и бериќетна 2016 год.

 merry-christmas-card-template-vector-1073117

Заложбите за уреден град ќе бидат наш приоритет и во 2016 год. Нашите сервисни услуги за одржување на јавната чистота, јавното зеленило  и услужната хигиена  секојдневно ќе ги надградуваме. На транспарентен начин ќе соработуваме со граѓаните заедно создавајќи здрава животна средина во чии благодети сите ќе уживаме .

Палмите се заштитија од ниските температури

По препораките кои ги добивме од Ј.П.„Македонски шуми„ , екипите на „Паркови и зеленило„ ги заштитија засадените палми со обвиткување на стеблата со јутени вреќи. Со овие активности превентивно ќе се заштитат овие тропски егзотични видови од ниските зимски температури.

palmi

Хортикултурно се уредува кружното на пресек со „Стив Наумов„

Кружниот тек на пресекот на „Булевар Туристичка„ и „Стив Наумов„ , екипите на „Паркови и зеленило„ го уредуваат хортикултурно.

Во првата фаза се донесе плодна земја која се обработи, по што следеше фазата на засадување.

kruzno1

Во централниот дел на кружниот тек се засади украсно дрво- сребрена пицеа, кое за оваа намена подолг период беше одгледувано во расадникот на Ј.П.„Охридски Комуналец„.  На пет сегменти  се формирани цветни леи,  а во околниот простор се засадени декоративни зимзелени грмушки. Заради подобар естетски изглед поставен е декоративен камен и декоративен мулч.

kruzno2

Во близина на кружната сообраќајница, уредена е бетонската жардињера каде се донесе плодна земја и се засадија зимзелени садници од видот топчеста туја.

betonska