Category Archives: АКТУЕЛНО

Расчистување на кејот

Денес работниците на “Јавна хигиена” при “Ј.П. Охридски Комуналец” беа вонредно ангажирани на расчистување на кејот на потегот од градското пристаниште, се до хотел “Милениум”. Се расчистуваа наноси на сува трска и комунален отпад донесени од невремето со засилен јужен ветар при што беа ангажирани 8 работници за метење и товарење, каде што беа подигнати 3 трактори на отпад.FotorCreated FotorCreated1 FotorCreated2

Од активностите на “Паркови и зеленило”

Во изминативе неколку дена екипите на “Паркови и зеленило” при “Ј.П. Охридски Комуналец” почнаа со активности околу уредување на дрвата во градинките со сечење на израснатите гранки кои надвисуваа над објектите и коловозот.

FotorCreated1 FotorCreated

Се чистеа тротоарите од израснатата трева.

FotorCreated2

Се садеа нови садници на кружниот тек кај Охридска Банка.

FotorCreated3

Чистење покрај ул. “Марко Цепенков”

По налог на комуналната инспекција денес екипите на “Јавна хигиена” при “Ј.П. Охридски Комналец” ја исчистија десната страна покрај ул. “Марко Цепенков” во тревнатиот дел на потегот од поштата до пресекот со ул. “Момчило Јорданоски” паралелно со градската болница. Беа ангажирани 4ца работници и собрани околу 30 вреќи комунален отпад и кабаст отпад депониран од страна на населението.

FotorCreated FotorCreated1

Повторно апелираме до граѓаните да не го расфрлаат отпадот и да го депонираат  на местата предвидени за тоа.

“Ј.П. Охридски Комуналец” врши бесплатно подигање на кабаст отпад од дома, во термините одредени за истото.

За информации на тел. 046/265-353

Се расчистуваше кај “Петљата”

Денес екипите на “Јавна хигиена” при “Ј.П. Охридски Комуналец” по налог на комунална инспекција расчистуваа на влезот на Охрид кај “петљата”, расфрлан и намерно депониран комунален отпад, при што беа ангажирани 4ца комунални работници.

FotorCreated FotorCreated1

Апелираме до населението да не создаваат диви депонии, отпадот да се депонира во депонија ако е во поголеми количини или граѓаните можат да се јават кај службите на Ј.П. Охридски Комуналец за подигање на истиот.

Акција за расчистување на локалниот пат Косел до Ливоишта и Сирула

Денес екипите на Јавна хигиена при Ј.П.Охридски Комуналец спроведоа акција за чистење на локалниот пат на потегот од с.Косел се до селата Вапила, Сирула и Ливоишта. Оваа акција беше по налог на комуналната инспекција во соработка со месните заедници од истите села. Беа подигнати околу 30тина вреќи расфрлан комунален отпад.

FotorCreated FotorCreated1

Повторно апелираме до месното население да не го расфрлаат комуналниот отпад, да го депонираат на местата определени за тоа бидејќи благовремено Ј.П.Охридски Комуналец врши подигање на истиот во деновите одредени за тоа.

Акција за расчистување во населба Гоце Делчев

Со налог на комунална инспекција вчера екипите на Јавна хигиена при “Ј.П. Охридски Комуналец” извршија чистење на депонија создадена од околните куќи во населбата Гоце Делчев (под бараките). Ангажирани беа 4ца работници при што беше собран 1 трактор отпад.

FotorCreated FotorCreated1

Се апелира до околното население отпадот да го депонираат на местата наменети за истиот. Овие акции ги спроведуваме за подигнување на еколошката свест кај населението.

Акција за чистење на Градска плажа и сливот на реката Грашница

Денес екипите на ЈП Охридски Комуналец го расчистуваа сливот на реката Грашница и истоимената плажа на потегот од “Хотел Мизо”  до калето. Подигнати беа околу 30тина вреќи неразградлив комунален отпад кој беше донесен од количината на самата вода во речното корито и исто беа собрани големи количини на трска. Целиот отпад и трска беа подигнати од страна на службите на ЈП Охридски Комуналец. Оваа акција беше по налог на комуналната инспекција и со вакви и сличи акции ке продолжиме и во наредните денови се со цел подигнување на еколошката свест кај населението. Овие акции се вонредни акции кои ги организираме со предходен договор и налог од комунална инспекција во соработка со локалната самоуправа.FotorCreated FotorCreated1 FotorCreated2

Се расчистуваше патот до с.Орман

Вчера екипите на “Јавна Хигиена” на Ј.П. Охридски Комуналец го исчистија локалниот пат од булевар Туристичка до селото Орман од расфрланиот комунален отпад. Ангажирани беа 4 работници и беа собрани 20тина вреќи комунален отпад.

 

FotorCreated FotorCreated1

Апелираме до месното население  отпадот да го депонираат до местата предвидени за тоа бидејќи благовремено вршиме подигање на истиот.

Овие акции ги спроведуваме за подигнување на поголема јавна свест кај населението.

Се расчистуваше спустот на градското пристаниште

FotorCreated

Денес екипите на “РЕ Механизација” и “Јавна Хигиена” на ЈП Охридски Комуналец го расчистуваа спустот кај градското пристаниште. Подигнати се околу 6м кубни песок и камења, како последица на невремето проследено со јужен ветар. Ангажирани беа специјална машина ИЦБ, ФАП и двајца работници.

FotorCreated1FotorCreated2

Се реализира последната фаза од хортикултурното уредување на Димитар Влахов

Екипите на „Паркови и зеленило„ ја реализираат последната фаза од хортикултурното уредување на ул .„Димитар Влахов„ со која се поставуваат украсни штитници околу секое стебло од дрворедот од лигуструми. Во последната фаза ќе се уреди дрворедот на потегот од   централната градинка „Јасна Ристеска“ до пресекот со улица „Јане Сандански“.

Со уредувањето, покрај поставувањето на украсни штитници е опфатено и поставување на систем за наводнување и засадување на украсни нискостеблести земзелени грмушки и сезонско цвеќе.

dimitarvl

Следна активност на Ј.П. „Охридски Комуналец“ во согласност со Програмата за јавно зеленило за 2016 е реконструирањето на дрворедот по ул.„Македонски Просветители„ на потегот од Т.Ц.Амам до градскиот плоштад, каде исто така ќе се поставуваат украсни штитници околу секое стебло од дрворедот.