Category Archives: АКТУЕЛНО

Украдени садници на ул.„Димитар Влахов„

Во раните утрински часови по дрворедот на улица „Димитар Влахов„ повторно е забележана кражба на садници. Кражбата е забележана од страна на одговорните работници за одржување на јавното зеленило кои за жал континуиран период ја евидентираат оваа деструктивна појава каде несовесни граѓани само на оваа улица украле украсни грмушки: 40 зеленики  од видот букус и 38 од видот елата.  Појавата на кражба на садници е забележана и на новата пешачка патека од каналот Студенчишта до Горица.

Ј.П.„Охридски Комуналец„ е принуден да ангажира обезбедување за  да се пронајдат сторителите. На тој начин се надеваме ќе имаме поголем респект кон вложените средства и труд за разубавување на градот.

dim1

вака изгледа хортикултурното катче  покрај дрворедот од лигуструми по извршената кражба на садници

dim22

Зошто да се крадат садниците кога може да изгледа вака?

 

Зголемени активности на “Ј.П. Охридски комуналец”

Во изминатите денови екипите на “Ј.П. Охридски Комуналец” беа дополнително ангажирани поради зголемените температури и припремање за туристичката сезона. Екипите на “Паркови и зеленило” работеа на косење и чистење на улиците и населбите. Беше исчистена ул. “Андреја Јованоски” од “Стобекс” према “Велгошти”, населбата “Гоце Делчев” (кај бараките) и дел од ул. “Марко Цепенков” и “Момчило Јорданоски” а на патеката кај “Кадмо” плажа беа засадени нови садници од видот “Сабина” и “Џунџуле”.FotorCreated FotorCreated1 FotorCreated2

Ангажирани беа и екипите на “Р.Е. Механизација” со чистење на коритото на реката кај населбата “Рача” на местото каде што се влева во езерото.

FotorCreated3

 

Од активностите на Јавна хигиена

Покрај тековните активности на метење и миење на улиците деновиве екипите на “Јавна хигиена” при “Ј.П. Охридски Комуналец” учествува како испомош на “Паркови и зеленило” поради зголемените активности со косење на израснатата трева на улиците “Крум Точков”,”Пере Тошев”,”Стив Наумов”, “8-ми Март”, “Крали Марко”, “Абаз Емин”, “Дејан Војвода”, “Бекир Алириза”,”7-ми Ноември”,”Егејска”,”Крсте Мисирков”,”Кузман Шапкарев”,”Васил Главинов”,”Марко Нестороски” и нас. “Ѓорче Петров”.

FotorCreated FotorCreated1

Од активностите на паркови и зеленило

Во изминативе денови екипите на Паркови и зеленило при “Ј.П. Охридски Комуналец” работеше на привршување на кружниот тек на пресекот кај булеварот “Туристичка” со ул. “Абаз Емин” со полнење на земја и припремање за хортикултурно уредување.

FotorCreated

Се уреди и улицата “Ариф Мустафа” каде се засадија зимзелени растенија и трева.

FotorCreated1

Чистење на кејот и Лагадин

Денес екипите на “Јавна хигиена” при “Ј.П. Охридски Комуналец” после невремето проследено со силен ветар и бранови извршија расчистување на кејот од пристаништето до хотел “Милениум” при што беа подигнати 5 трактори на комунален отпад. Дел од отпадот беше исфрлен на самиот кеј, а дел се вадеше од езерото со вили каде што беа активирани 12 работници.FotorCreated FotorCreated1 FotorCreated3

На потегот од Лагадин до кампот Елешец се чистеше комунален отпад исфрлен од несовесни граѓани и донесен од езерото и сува трска.

FotorCreated4

Се коси тревата низ градот

Зголемените температури и врнежите на дожд во изминатите неколку дена придонесоа вегетацијата на тревата низ градот да нарасне со зголемено темпо, така и службите на “”Ј.П. Охридски Комуналец” започнаа со тековно уредување на улиците и парковите со косење на истата. Изминативе неколку денови се косеше на неколку локации каде беше опфатен стариот дел на градот, булеварот “Туристичка”, улиците “Бистрица” и “Шар планина” и покрај кејот “Македонија”.

FotorCreated FotorCreated1 FotorCreated2

Чистење кај трската на Мазија

“Ј.П. Охридски Комуналец” по договор со “Хидробиолошкиот завод – Охрид” изврши чистење на делот кај трската на Мазија пред хотел “Милениум” каде што е засаден локвањот. Ангажирани беа 2ца работници кои од крајбрежниот појас со вили и гребла го отстрануваа пластичниот отпад, а од длабинскиот дел отпадот се отстрануваше со помош на кајче. Беше отстранета поголема количина на пластичен и комунален отпад а во наредните денови ке се отстранува трската која е откорната по природен пат, исто по барање на  “Хидробиолошкиот завод – Охрид”.FotorCreated FotorCreated1 FotorCreated2

Расчистување на ул. “Петрино”

“Р.Е. Механизација” при “Ј.П. Охридски Комуналец” по налог на комунална инспекција вршеше расчистување на дива депонија на ул. “Петрино” после објектот на “Дооел Евергрин енерџи” на пошљунчениот пат каде што беа подигнати големи количини на градежен, градинарски, кабаст и комунален отпад. Оваа депонија, како и предходните е направена од страна на несовесни граѓани и покрај апелите на “Ј.П. Охридски Комуналец” до граѓаните да го депонираат отпадот на местата одредени за тоа и во термините наменети за истото.

FotorCreated FotorCreated1

Чистење на ул. Железничка и 15ти Корпус

Јавна хигиена при “Ј.П. Охридски Комуналец” вчера започна со чистење на ул. “Железничка” и ул. “15ти Корпус” затоа што заврши обврската на “Македонија пат” за зимско одржување на истите улици. “Ј.П. Охридски Комуналец” врши одстранување на абразивни средства кои беа употребени за заштита против мрзнење и голомразица, наноси од земја, песок и израсната трева помеѓу коловозите и тротоарите. Ангажирани се 2 екипи од кои 4ца работници на потегот од кружниот тек по 15ти Корпус до “Застава агп”, и 6 работници од кружниот тек до петљата на излезот од Охрид према Скопје.

FotorCreated FotorCreated1

Чистење кај “Климентов конак”

По барање на комунална инспекција се расчисти шумата помеѓу двете патчиња кои водат до саат кулата каде што беше направена дива депонија предизвикана од несовесноста на населението. Ангажирани беа 10 комунални работници и беа подигнати околу 10 метри кубни кабаст отпад, градежен шут, депонирани електрични апарати и 2 трактори зелен отпад.

FotorCreated FotorCreated1 FotorCreated2

Повторно апел до граѓаните да не создаваат диви депонии туку да го депонираат отпадот на местата предвидени за тоа.