Category Archives: АКТУЕЛНО

Чистење на кејот

Поради високиот водостој на езерото големи количини на езерска алга (окрек и реса) беа исфрлени на градскиот кеј, при што екипите на “Ј.П. Охридски Комуналец” работеа на расчистување на истото во вчерашниот и денешниот ден на потегот од градското пристаниште, се до хотелот “Милениум”, а останатото кое пливаше во езерските води исто така беше извадено и собрано од страна на вработените на “Јавна хигиена”. Отпадот беше натоварен со трактор и тоа во вчерашниот ден поради невремето и ограничениот пристап беше натоварен еден трактор, а денес беа собрани два трактори. Ке продолжиме и во утрешниот ден со почеток од 5:00 часот, во рамките на можностите кои ке ги дозволи самото време. Во наредните 2-3 месеци нормало е цутење и таложење на езерската алга при што нашите екипи ке продолжат континуирано и тековно да работат на расчистување на истата.FotorCreated FotorCreated1

 

Косење во Месокастро и населба Исток

Во тек на вчерашниот ден и денес екипите на “Паркови и зеленило ” и “Јавна хигиена” при “Ј.П. Охридски Комуналец” во координирана работна задача беа ангажирани на уредување во дел од стариот град или познат како “Месокастро” и во населбата “Исток” која се наоѓа над хотелот “Гранит”. Беше искосена и исчистена тревата покрај улиците и пешачките патеки со цел да се зголеми видливоста на патиштата и безбедноста на граѓаните.

FotorCreated FotorCreated1

Хортикултурно уредување на центарот

Изминативе денови екипите на “Паркови и зеленило” при “Ј.П. Охридски Комуналец” покрај тековните активности хортикултурно го уредуваa центарот на градот. Во парковите кај плоштадот, малиот плоштад и на кејот “Македонија” беа засадени нови садници од сортите “игератум”, “салвија”, “петунија” и “џунџуле”. Исто така “џунџуле” беше засадено и на кружниот тек кај Охридска банка.

FotorCreated FotorCreated1 FotorCreated2

Косење во с. Подмоље

Со редовните и тековни активности дел од екипите на “Ј.П. Охридски Комуналец” денес беа ангажирани и во с. “Подмоље”. Се косеше и чистеше покрај улиците и тротоарите, а беше уреден и просторот околу игралиштето, при што беа ангажирани 4ца работници на “Јавна хигиена”.

FotorCreated FotorCreated1

Косење во с. “Коњско” и с. “Трпејца”

Екипите на “Паркови и зеленило” при “Ј.П. Охридски Комуналец” во вчерашниот ден, како и денес покрај редовните активности во градот беа ангажирани на косење и расчистување во с. “Коњско” и с. “Трпејца” на зараснатите тревни површини кои ја намалуваа прегледноста на улиците и пешачките зони.FotorCreated FotorCreated1

Од работата на Паркови и зеленило

Денес, како и изминатите денови екипите на “Паркови и зеленило” при “Ј.П. Охридски Комуналец” продолжија со извршување на редовните работни задачи како косење, плевење и садење. Беше уреден главниот плоштад со косење и плевење, а кај малиот плоштад беа извадени старите садници каде што ке бидат посадени нови во изминативе денови.

FotorCreated FotorCreated1

И кружниот тек кај охридската “Гимназија” беше посаден со нови садници од сортите “Џунџуле” и “Салвија”.

DSC_2324

Косење во “Пештани”

Вчера и денес екипите на “Паркови и зеленило” при “Ј.П. Охридски Комуналец” покрај тековните активности беа ангажирани и на средување на главните улици и крајбрежјето во с. “Пештани” каде ја косеа израснатата трева.

FotorCreated FotorCreated1

Пуштена во употреба машината за смукање

“Ј.П. Охридски Комуналец” ја пушти во употреба машината која е наменета за смукање на улиците и тротоарите и чистење од лисја, прашина и друг пластичен и комунален отпад. Со истата е предвидено чистење на кејот, плоштадот, чаршијата, малите плоштади и секаде каде што ќе има потреба.

FotorCreated

Од активностите на Јавна хигиена

Денес екипите на “Јавна хигиена” при “Ј.П. Охридски Комуналец” работеа на расчистување на патот за с. “Орман” на потегот од бул. “Туристичка”, во селото се до излезот према с.”Лакочереј” со косење и чистење на израснатата трева и трње кои ја попречуваа прегледноста на возилата. Во текот на изминатите денови беа исчистени с. “Велгошти”, с. “Лескоец”, с. “Косел” с. “горно и долно Лакочереј” и “Подмолје”. Исто беа опфатени делови од стариот дел на градот како патеките низ шумата кои водат од тврдината према “Плаошник”, па према “Лабино” и према “Канео”.

FotorCreated FotorCreated1 FotorCreated2

СРЕЌНИ ВЕЛИГДЕНСКИ И ПРВОМАЈСКИ ПРАЗНИЦИ!

Ј.П.”Охридски Комуналец” на сите граѓани на Општина Охрид, сите свои корисници и деловни партнери им ги честита велигденските и првомајските празници со желби за среќа, успех и бериќет.

image-2af7bb6a1f5d1abc0a12f84afeddad02baebcb71255c85702d77d0563b50353d-V