Category Archives: АКТУЕЛНО

Украден ќуп со хризантема од кај споменикот на св. Кирил и Методиј

После сите напори на Ј.П. “Охридски комуналец” да се разубави градот и во текот на зимската сезона, несовесноста на граѓаните продолжува. Ова утро беше забележана кражба на украсен сад (ќуп) од пред споменикот на св. “Кирил и Методиј” засаден со хризантема (народски митровденско цвеќе) со бели цветови.

img_1155

Чистење на кејот после невремето

Во изминативе неколку дена екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец” покрај редовните активности на собирање лисја беа ангажирани на расчистување на кејот од наноси на трска, реси и отпад кои беа донесени со силниот ветар од јужен правец. Беа собрани и подигнати околу 15м/3 од истите. Во наредните денови ке се продолжи со истото темпо во раните утрински часови, со цел да се одржува чистотата на градскиот кеј и пристаништето.

fotorcreated fotorcreated1 fotorcreated2

 

Денот на ослободувањето на Охрид одбележан во просториите на Ј.П. Комуналец

Ј.П.„Охридски Комуналец„ на сите граѓани им го честита 7-ми Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид, а воедно на сите наши вработени им го честита патрониот празник на нашето претпријатие. Со пригодна свеченост и оваа година беше одбележан “7-ми Ноември” со врачување на јубилејни награди на вработените за 10, 20, и 30 год. непрекината работа во Ј.П.”Охридски Комуналец”.

fotorcreated fotorcreated1

Вонредни активности по повод Денот на ослободувањето на Охрид

Денес екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец” по повод предстојниот празник 7ми Ноември – денот на ослободувањето на Охрид, беа вонредно ангажирани на расчистување на спомен обележјата и спомениците. Беше уреден просторот кај спомениците во Градскиот парк, споменикот на Петре Пирузе (Основен суд-Охрид), споменикот на Јасна Ристеска (с. Рамне), споменикот на Мите Богоески (кај средното економско училиште)  и Спомен паркот на револуцијата.

fotorcreated fotorcreated1

Ќе се подига зелен отпад У.З.3 Кошишта и У.З.4 Воска 05.11.2016 год

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 05.11.2016 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во У.З.3 „Кошишта„ и У.З.4 „Воска„ (заедно со комплексот згради и куќи во населба „Даљан„) .

Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

Расчистување кај хотел “Милениум”

Денес по налог на комунална инспекција, согласно програмата за вонредни активности на Ј.П. “Охридски Комуналец” во делот на јавна чистота се изврши багеровање на езерскиот дел кај хотел “Милениум” од наноси на муљ и распадната алга. Беа ангажирани специјално возило ИЦБ и камион кипер, при што беа подигнати, транспортирани и депонирани околу 15м/3 муљ.fotorcreatedfotorcreated1

Од активностите на Ј.П. “Охридски Комуналец”

Во изминативе денови екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец” се ангажирани на отстранување на летната цветна реколта на садници која ќе биде заменета со зимска од видот “Виола” (очиња), кои се од сопствено производство на претпријатието и се предвидени да го украсуваат градот се до пролетта.fotorcreated

Покрај овие активности, екипите беа ангажирани на расчистување на просторот под црквата “Св. Богородица Перивлепта (св. Климент)” во стариот дел од градот, каде што беше отстранета вегетацијата на бршлен и трње.

fotorcreated1

Како дел од редовните активности овие денови е и расчистувањето на улиците и јавните површини во градот од интензивното паѓање на лисјата, кои се собираат и се транспортираат во расадникот каде се користат како суровина во фазата на компостирање.

fotorcreated2

Акција зелен отпад во У.З.6 „Даме Груев„ и У.З.10 „Горна Влашка Мала„

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 29.10.2016 год. (сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во У.З.6 „Даме Груев„ и У.З.10 „Горна Влашка Мала„ (комплекс згради „Христо Узунов„ , „ Карабегобамала„ и „Горна Влашка Mала„).

Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

Акција за кабаст отпад У.З.14 „Радојца Новичиќ„ 22.10.2016 год.(сабота)

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 22.10.2016 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.14„Радојца Новичиќ„.

Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

Согласно годишниот календар за 2016 год. ова e последната акција за подигање на кабаст отпад, а саботите од следниот месец ќе бидат резервирани за подигање зелен отпад. За динамиката на подигање зелен отпад граѓаните ќе бидат навремено информирани.

Уредување на ул. Ристо Чадо

Денес дел од екипите на “Паркови и зеленило” при Ј.П. “Охридски Комуналец” беа ангажирани на уредување на улицата “Ристо Чадо” со косење и сечење на зараснатата трева, капини и трње покрај тротоарите, со цел да се обезбеди непречено движење на пешаците.fotorcreated fotorcreated1

Покрај овие активности, деновиве се продолжува и чистењето на коритото на реката “Сушица” каде се отстрануваат зараснатите гранки и трева.

fotorcreated2