Category Archives: АКТУЕЛНО

Чистење на чаршијата од гуми за џвакање

Денес, како и во утрешниот ден, екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец” покрај другите активности, вонредно се ангажирани на чистење на чаршијата од гуми за џвакање (мастики) на потегот од плоштадот „Св.Климент Охридски„ до плоштадот „Крушевска Република„ кај Чинарот. Акцијата се врши во раните утрински часови кога по чаршијата нема многу посетители, а одстранувањето на гумите за џвакање го вршат 4 комунални работници со специјални шпакли.

fotorcreated

Ј.П. Охридски Комуналец се приклучи во акцијата “Ден на Дрвото – засади ја својата иднина”

Ј.П. “Охридски Комуналец” повторно активен за денот на дрвото 30.11.2016 год. Беа донирани околу 300 зимзелени садници од видот “аризонски чемпрес” и  “туја”, кои се од сопствено производство на претпријатието и беа засадени на повеќе локации во градот, а дел беа донирани на средните и основните училишта. Денот на дрвото-засади ја својата иднина ја одбележаа и вработените од „Заеднички Служби„ при Ј.П.„Охридски Комуналец„ кои заедно со Директорката во дворот на претпријатието засадуваа садници.

fotorcreated fotorcreated1

Беа засадени дрва и на градскиот кеј пред ресторанот “Стационе”.

fotorcreated2

Исто така се садеше на потегот од “Билјанини извори” до Хотел “Славија” помеѓу двете коловозни ленти.

fotorcreated3

Подготовки за зимски услови во стариот дел од градот

Согласно задолженијата кои ги има Ј.П.„Охридски комуналец„ по „Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид”, екипирани се сите дежурни служби, механизација, набавени се абразивни средства и дефинирани се улиците по кои ќе се делува според приоритет. Заради специфичноста на теренот во стариот дел од градот на одредени пунктови се депонирани абразивни средства (50тина вреќи со сол).

fotorcreated fotorcreated1

Од активностите на Јавна хигиена

Дел од екипите на “Јавна хигиена” при Ј.П. “Охридски Комуналец”, во рамките на програмата за работа каде што е дефинирано и одржувањето на јавната чистота и јавното зеленило во приградските населби и села,  вчера и денес беа ангажирани во с.Подмоље каде се искоси тревата покрај коловозните ленти и пешачки патеки, се подигна расфрланиот ситен отпад, а потоа се изврши темелно метење на јавните површини.

fotorcreated

Се работеше и на расчистување на “Градска плажа” од пластичен отпад, хартија и др. коишто беа донесени од езерото или депонирани од граѓаните.

fotorcreated1

Се расчистуваше и кај црквата “Св. Богородица Перивлепта”.

fotorcreated2

Се засадува зимската цветна реколта

Екипите на “Паркови и зеленило” започнаа со засадување на цветниот саден материјал кој ќе ги разубавува парковите во Охрид во зимскиот период, се до пролетта. Денес се засадуваа садници од видот Виола (очиња) на кружниот тек кај Охридска банка, додека на улицата “Аџи Мустафа” покрај новоизградениот тротоар се започна хортикултурно уредување.fotorcreated fotorcreated1 fotorcreated2

Се чистеше река Сушица на пресекот со ул. Железничка

Овие денови со акцијата за расчистување на речните корита екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец” беа ангажирани на расчистување на коритото на река “Сушица” на пресекот со ул. “Железничка”. Беа ангажирани 5 комунални работници за рачно чистење, а каде што пристапот беше потежок беше ангажирано специјално возило “ИЦБ” и “ФАП” за подигнување на извадените наноси од земја, зелен отпад, комунален отпад и вегетација кои беа отстранети од коритото.

fotorcreated fotorcreated1 fotorcreated2

Акција за зелен отпад У.З.14 „Радојца Новичиќ„ (19.11.2016 год.-сабота)

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 19.11.2016 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од У.З.14 „Радојца Новичиќ„.

Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

 

Оваа акција е последна акција согласно годишниот календар за 2016 год.

Акција за расчистување на потегот Косел, Вапила, Ливоишта, Сирула

Денес екипите на Јавна хигиена при Ј.П. “Охридски Комуналец”покрај редовните активности, по налог на комуналната инспекција, беа вонредно ангажирани на расчистување на локалниот пат на потегот од с.Косел се до селата Вапила, Сирула и Ливоишта. Беа ангажирани 4ца комунални работници при што беа собрани околу 25 вреќи расфрлан комунален отпад.fotorcreated fotorcreated1

Чистење на речните корита на дел од река “Сушица” и во нас. “Рача”

Продолжува акцијата за расчистување на речните корита со цел да се спречи можноста за поплавување на околното земјиште. Екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец” во вчерашниот ден го расчистуваа коритото на реката “Сушица” на потегот од “Калимеро” до амбулантата. Денес акцијата продолжи во населбата “Рача” каде што беше расчистено коритото на реката по целата должина.

fotorcreated1 fotorcreated2 fotorcreated3

Во У.З.11 „Видобишта„ ќе се подига зелен отпад 12.11.2016 год.(сабота)

Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 12.11.2016 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од У.З.11 „Видобишта„.

Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.