Category Archives: АКТУЕЛНО

Се расчистува магистралниот пат до Подмоље

Дел од екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец” денес од раните утрински часови спроведоа акција за расчистување на магистралниот пат, на потегот од излезот на градот (кај петљата), се до с. “Подмоље”.

Се чистеше полигонот за мали спортови

По барање на Ј.П. “Билјанини извори” се изврши чистење на просторот на полигонот за мали спортови, кој претпријатието го користи како паркинг простор. Беа собрани поголеми количини на разновиден отпад.

Се чистеше ресата кај градското пристаниште

Ј.П. “Охридски Комуналец” денес изврши чистење на дел во езерото кај градското пристаниште. Поради оддалеченоста од градскиот кеј и непристапноста, беше ангажиран чамец

Чистење на дел од магистралниот пат према св. Наум

Екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец” денес спроведоа акција за расчистување на делот од магистралниот пат кој води до “св. Наум” и делот кој води према плажата “Амброзија”.

Реакција од Ј.П.„Охридски Комуналец„ по повод написот „Преполни контејнери и расфрлано ѓубре на влезот од Велестово„ (ohridnews.com)

Во врска наводите кои се изнесени во написот

„Преполни контејнери и расфрлано ѓубре на влезот од Велестово„ на веб-порталот www.ohridews.com

Кај Летница засадена Магнолија grandiflora

На местото од кедарот кој беше отстранет од комплексот „Летница„ заради  опасноста по  околните  минувачи и материјалните добра (врз основа на Решение бр.03-696/1  од 20.06.2017 год.) , екипите на „Паркови и зеленило„ засадија ново дрво.

Издвојуваме од денешните вонредни активности

По налог на општинскиот инспекторат денес екипите на Ј.П.„Охридски комуналец„ ја расчистија дивата депонија која ја создадоа несовесни граѓани на ул.„Крали Марко„.

Нови садови за отпад во стариот дел од градот

Екипите на Ј.П.„Охридски комуналец„ ги заменија садовите за депонирање на комунален отпад во стариот дел од градот. Нови садови за отпад со капацитет од 240 литри се поставени на фреквентни и лесно пристапни локации

Расчистување на кејот

Вчерашниот силен ветер од јужен правец натрупа големи количини разновиден отпад по градскиот кеј и пристаништето. Чистењето на кејот и езерото од окрек, муљ, трска и друг вид отпад, е дел од секојдневните активности на Ј.П.”Охридски Комуналец”

Соопштение

Ј.П. “Охридски Комуналец” Охрид ги известува граѓаните на територијата на општина Охрид дека почнувајќи од 01.07.2017 година комуналниот отпад ке го подига со почеток во 06:00 часот.