Обилните врнежи во изминатиот период предизвикаа излевање на р.Черава на одредени делови од нејзиното течение. Високиот водостој со себе натрупа огромни количини неразградлив и друг вид комунален отпад
Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ денес спроведоа акција за темелно расчистување на градска плажа во населба Даљан на потегот околу сливот на р.Грашница во Охридско Езеро до Калето.
Ј.П.„Охридски Комуналец„ спроведе машинско расчистување на речното корито на р.Грашница при нејзиниот влив во Охридското Езеро. Надојдените води имаа натрупано кабаст отпад, разновиден комунален отпад, наноси од земја и ниска џбунеста вегетација.
Заради минусните температури и можноста од појава на голомразица, екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ ноќеска интервенираа на повеќе сообраќајници во градот со посипување на абразивни средства.
Со помош на специјална механизација екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ ја расчистија локацијата каде во текот на вчерашниот ден се разруши руинирана куќа на ул.„Гоце Делчев„ , во близина на амбулантата Воска.
По силното вчерашно невреме проследено со силни врнежи и ветaр од јужен правец, кое со несмален интензитет преовладува и во текот на денешниот ден, екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ го чистат градскиот кеј
Започнаа активностите околу реконструкција на дрворедот на „Булевар Туристичка„ на потегот од пресекот со ул.„Стив Наумов„ до сообраќајната клучка на влезот во Охрид. На двете страни од булеварот ќе се засадат 120 дрвја од видовите јавор и јасен.
Уште катче хортикултурно се уреди во нас.„Христо Узунов„ . По расчистувањето на дивата депонија околу прес-контејнерот на ул.„Богомилска„ хортикултурно се уреди околниот простор околу прес-контејнерот.
Со засадување на сезонските цвеќа од видот виола (очиња) започна цветното уредување на парковските решенија, кружните текови и другите зелени површини во престојниот есенски и зимски период.
Ј.П Охридски Комуналец користи колачиња за да ја персонализира содржината со што ќе го олесни користењето на нашата страница. Информациите се споделуваат и со трети страни за рекламирање и аналитика.Се согласувам