По барање на А.Д.„Гранит„ како сопственик на просторот кај поранешниот полигон за мали спортови во центарот на градот, Ј.П.„Охридски Комуналец„ денес и утре го расчистува овој простор.
Деновиве во координирана акција на Јавна хигиена и Јавно зеленило се спроведува темелно чистење на јавните површини и јавното зеленило во градот и приградските населби.
Заштитата на животната средина, зголемување на степенот на еколошка свест и едукација на населението и најмладите, се активности кои Ј.П.„Охридски Комуналец„ ги реализира и наметнува во секојдневниот живот и работните активности.
Пролетта е период кога интензивно хортикултурно се средуваат парковите и градините. Ј.П.”Охридски Комуналец” Охрид преку Секторот за паркови и зеленило врши одржување и уредување на јавните парковски површини.
Високиот водостој на реките кои се влеваат во Охридско Езеро како и нивото на езерото кое се ближи до максимално дозволената граница, повторно предизвика натрупување на отпад во крајбрежниот појас кај Холандскиот Парк и месноста Мазија.
Денес екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ спроведоа акција за чистење на крајбрежниот појас во месноста Грашница, на потегот од вливот на река Грашница до Калето.
Ј.П Охридски Комуналец користи колачиња за да ја персонализира содржината со што ќе го олесни користењето на нашата страница. Информациите се споделуваат и со трети страни за рекламирање и аналитика.Се согласувам