Оперативните служби на Ј.П. “Охридски Комуналец” спроведоа акција за расчистување на магистралниот пат Охрид-Скопје на делницата од сообраќајната клучка-Петља до Подмоље.
Од денеска граѓаните на Охрид како и многубројните туристи ќе можат да пристапат до градскиот плоштад и споменикот на патронот на градот Св.Климент Охридски движејќи се по „цветен тунел„ .
Дежурните служби на Ј.П.„Охридски Комуналец„ уште од раните утрински часови пристапија кон расчистување на јавните пешачки и зелени површини на сите локации каде синоќа се одбележуваше „Бела ноќ„.
Старите канти за комунален отпад во стариот дел од градот се заменети со нови. Денеска на фреквентни и лесно пристапни локации во стариот дел на градот се поставени нови садови за отпад со капацитет од 240 л.
По одбележувањето на празникот посветен на светителот Св.Наум, денеска уште од раните утрински часови екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ пристапија кон расчистување на туристичко-манастирскиот комплекс „Свети Наум„.
Согласно оперативната програма за работа за 2018 год. на Ј.П.„Охридски Комуналец„ и вонредните активности пропишани со неа, денес се спроведе расчистување на две фреквентни локации со ангажирање на специјална механизација- ровокопач.
Заради зголемениот обем на работа во летниот период Ј.П.„Охридски Комуналец„-Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид дека почнувајќи од 01.06.2018 год. комуналниот отпад ќе се подига од 06.00 часот наутро
Вчерашното невреме проследено со интензивни локални врнежи и силниот ветер од јужен правец повторно натрупа огромни количини отпад на градскиот кеј и пристаништето.
Општина Охрид денес организира акција за чистење на повеќе локации на територијата на општина Охрид во која активно учество зедоа вработените од сите јавни претпријатија.
Непознати лица на вандалски начин го оштетија ново засадениот дрворед од јасени на „Булевар Туристичка„ (на потегот од кружниот тек на пресекот со „Стив Наумов„ до пресекот со „Ариф Мустафа„) .
Ј.П Охридски Комуналец користи колачиња за да ја персонализира содржината со што ќе го олесни користењето на нашата страница. Информациите се споделуваат и со трети страни за рекламирање и аналитика.Се согласувам