Category Archives: АКТУЕЛНО
По синоќешното невреме екипите на Комуналец на терен
По синоќешното невреме проследено со силен ветер и врнежи кое остави големи штети на источното крајбрежје на Охридското Езеро, екипите на „Охридски Комуналец„ веднаш интервенираа во с.Трпејца и манастирско-туристичкиот комплекс Свети Наум.
Се санираше состојбата со паднати дрвја и скршени гранки на крајбрежјето во с.Трпејца и им излеговме во пресрет на локалното население
во Свети Наум се санираа скршените дрвја и гранки
Расчистен комплексот „Свети Наум„
Традиционално, екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ по одбележувањето на празникот посветен на светителот Св.Наум спроведе акција за темелно расчистување на туристичко-манастирскиот комплекс „Свети Наум„. Комплексот е расчистен од влезот до манастирот, плажата, пристаништето и сите пристапни патеки. Подигнат е комуналниот отпад од контејнерите, расфрланиот ситен комунален отпад, хартија, картонската амбалажа и др. од јавните пешачки и зелени површини. Овие активности се спроведоа по договор со Дебарско-кичевската епархија.
Бројни активности-се расчистува патен правец до Велестово, нови канти во Стар Град…
Ј.П.„Охридски Комуналец„ континуирано се соочува со проблемот од несоодветно депонирање и расфрлање на отпад на патниот правец кон С.Велестово. Денес повторно се реализира акција за расчистување на овој патен правец и шумскиот дел покрај коловозот.
Со цел повисок степен на јавна чистота во стариот дел на градот по улиците : „Илинденска„ , „Кузман Капидан„ , „Коста Абраш„ и „Цар Самоил„ се поставени нови 15 канти за депонирање отпад со капацитет од 240 литри.
Се уреди просторот и патниот правец до црквата Св.Наум во С.Лескоец.
Во пресрет на триатлонот кој ќе се одржува претстојниот викенд во Охрид, по барање на организаторот се уредуваа патеките каде истиот ќе се одржува.
Се санира пристаништето пред капетанијата
Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ започнаа со санациони активности на пристанишниот дел пред капетанијата. Со специјална механизација се вадат камените блокови од езерските води кои претрпеле оштетувања и откорнати се од шеталиштето заради големи бранови под налети на силен јужен ветар.
После оваа фаза, во соработка со Ј.П.„Градски гробишта„ ќе се продолжи со санирање на шеталиштето на овој потег.
Бројни активности за почист град
И изминатава работна седмица екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ беа максимално ангажирани во подигнување на степенот на јавна чистота и јавно зеленило во градот и приградските населби.
Се уредуваше крајбрежниот појас на потегот од под Калето до вливот на река Грашница во Охридско Езеро. Ангажирана беше специјална механизација во подигање на расфрланиот кабаст отпад, градежен шут и рамнење на теренот.
Се уредуваше крајбрежниот појас од плажите кои не се дадени под концесија потег Лагадин-камп Елешец.
Рачно се расчистуваше ресата од водите на езерото кај пристаништето .
Поради несовесно однесување на поединци и деградирачки однос кон урбаната опрема се превзедоа санациони активности и поставување нови фундаменти за корпите за ситен отпад околу градскиот пазар, ул.„Македонски Просветители„ и градскиот парк.
Се уредаваше и јавното зеленило и се косеше тревата и дивата вегетација на следните локации:
покрај магистрален пат с.Косел-с.Вапила
шумскиот дел покрај патот до Горна Порта
Се продолжи со уредување на зелениот појас покрај патот до населба Свети Стефан.
Се уредуваат јавни и зелени површини
Деновиве екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ превземаат интензивни активности, како редовни, така и вонредни, околу уредувањето на зелените површини и подигнување на степенот на јавната чистота во Охрид и приградските населби.
Се искосија зелените површини во стариот дел на градот, покрај пешачката патека од Горна Порта до Канео, пристапната патека до Лабино, шумскиот дел околу Самоиловата Тврдина и новата патека кај Саат-кулата.
Се продолжи со активностите околу засадување на летната цветна реколта во парковите.
Темелно се расчисти делот пред пристаништето: се подигна натрупаниот отпад и муљ и се отстрани ниската вегетација.
Иако одржувањето на зеленилото покрај магистралниот пат Охрид-Св.Наум не е во наша надлежност, се искоси тревниот дел покрај коловозните ленти, како и средишниот дел меѓу коловозните ленти на потегот Хидробиолошки завод- Св.Стефан.
Се засадува летната реколта цветен насад
Деновиве во градскиот парк, зелените острови кај кружните текови и зелените делови покрај пешачките патеки до Горица и покрај каналот Студенчишта, се засадува летната цветна реколта. Цветниот насад од видовите: агератум, салвија, петунија, “Лепи Јово” и “џунџуле” ќе ги краси парковите во летниот и есенскиот период.
Според годишниот план за 2019 год, од летната реколта се планира да се засадат 50,000 садници.
Пуштено во употреба електрично возило за собирање отпад
Ј.П.„Охридски Комуналец„ го пушти во употреба специјалното возило со електричен погон за собирање на ситен отпад и празнење на корпите кои се поставени за оваа намена по чаршијата и пешачките зони во централното градско подрачје.
Пред почетокот на туристичката сезона корпите ќе се празнат во една смена во текот на денот, а во екот на туристичката сезона во две смени. Дефинирана е динамика според која корпите ќе се празнат со електромобилот во доцните ноќни часови кога и фреквенцијата на движење се намалува. Ќе се опфатат чаршијата, кејот, патеката до Горица, патеката покрај каналот Студенчишта и улиците во стариот дел од градот.
Електромобилот е набавен од сопствени средства, лесен е за ракување, не создава бучава и не го загадува воздухот, што е многу значајно затоа што ќе се користи во најфреквентните делови на градот.
Се уредуваат зелените и јавните површини
Денеска нашите дежурни екипи беа максимално ангажирани во подигнување на степенот на јавна чистота и јавно зеленило во с.Подмоље, нас. Свети Стефан и локалитет Горица, с.Пештани, ул.„Даме Груев„ заедно со комплекс згради во населбата и ул.„АСНОМ„.
Се косеа тревните површини и се отстрануваше дивата вегетација од тротоарите и покрај пешачките површини по ул.„Даме Груев„ заедно со комплекс згради во оваа населба
Повторно се подигна расфрланиот ситен комунален отпад во туристичките населби Горица и Свети Стефан
Детално се чистеа јавните површини во с.Пештани
Се косеше тревата и се расчистуваа пешачките патеки во с.Подмоље.
До кога еко-некултурата ќе биде наше секојдневие
Нашите служби секојдневно се соочуваат со проблеми и несоодветно депонирање на комунален отпад, градежен шут, зелен и кабаст отпад. За жал секое утро овие фотографии се реалност која тешко се искоренува од навиките на граѓаните.
Градежен шут оставен покрај контејнерите на ул.„Питу Гули„, расфрлани вреќи и картонски кутии на ул.„Сирма Војвода„, јоги, кревети и картонски кутии од набавена електронска опрема на ул.„Јане Сандански„, градежен шут на „Славеј Планина„ , оставени вреќи отпад покрај празни контејнери, оштетувања и палење на контејнери и уште многу други примери ги регистрира нашата камера во изминатите два дена.
Не се почитува ниту динамиката и комуналниот ред за деновите кога се подига комуналниот отпад. Нашите служби превземаат вонредни активности за подигање на расфрланиот отпад и покрај фактот што тоа не е наша примарна обврска, за враќање на локациите во првобитна состојба, но набрзо повторно никнуваат нови мини-депонии.
Доколку граѓаните својот стар мебел го оставаат насекаде, градежниот отпад го фрлаат на јавните површини и свесно ги опожаруваат контејнерите, градот Охрид нема да го оправда епитетот „туристички бисер„ . Наша цел е хигиената и чистотата во градот да се издигнат на највисокото можно ниво па затоа апелираме граѓаните правилно да го депонираат својот отпад, да не создаваат диви депонии што ја загадуваат животната околина, да не ги уништуваат садовите наменети за фрлање отпад и на тој начин да ги заштитат и зачуваат чистотата и убавината во своите урбани средини.