Category Archives: АКТУЕЛНО

Повторно се расчистува патот до с.Велестово

Во изминатиов период во 3 наврати се изврши расчистување на патот кој води до с.Велестово од расфлан комунален отпад, но повторно истата слика. Расфрлан отпад од најлонски ќеси и хартија на сите свиоци каде што застануваат граѓани и туристи и покрај тоа што се поставени информативни табли за забрана на фрлање на отпад.
Денес повторно се расчистува истиот патен правец. Со оваа акција покрај расчисувањето сакаме да влијаеме на несовесните групи граѓани и поединци за подигнување на еколошката свест.

Уредување на спомен паркот на загинатите бугарски туристи во 2009 година

 

Ј.П. “Охридски комуналец” изврши уредување на спомен паркот на загинатите бугарски туристи во 2009 год. каде денес ќе се изврши положување на цвеќе од страна на бројни делегации.

 

Тековно чистење на крајбрежјето од алга

Тековно се чисти крајбрежјето на потегот од пристаниште до хотел “Милениум” секој ден од алга која е во фаза на распаѓање.

Акција за расчистување патен правец Охрид-Св.Наум

По завршувањето на главната туристичка сезона Ј.П.„Охридски Комуналец„ од денеска повторно спроведува широко-опфатна акција за подигнување на расфрланиот ситен комунален отпад покрај коловозот на магистралниот пат Охрид-Свети Наум.

Акцијата се одвива етапно по целата должина на овој патен правец , ангажирани се 10 општи комунални работници и ќе се реализира и во наредните денови.

Иако се работи за магистрален пат и расчистувањето не е во наша надлежност, во интерес на граѓаните, туристите и престојниот маратон кој ќе се реализира во празничниот викенд, нашите служби ќе го подигнат сиот отпад кој несовесните граѓани го оставиле зад себе.

Оглас за продажба на стара отпадна хартија

Се известуваат сите физички и правни лица на територијата на општина Охрид дека Ј.П.„Охридски Комуналец„-Охрид врши продажба на стара отпадна хартија.

Ве молиме отворите на линкот подолу:

IMG_20190823_0001

 

 

 

Извлечена потоната педалинка

Службите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ извлекоа потоната педалинка од водите на Охридското Езеро на потегот помеѓу  Горица 2 и Горица 3. Поради непристапноста на теренот активноста се спроведе од чамец .

Реакција на ЈП „Охридски Комуналец“ на прес-конференцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ

Реакција на ЈП „Охридски Комуналец“ на прес-конференцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ

15.08.2019 (четврток)

Почитувани господа од ВМРО-ДПМНЕ, Вашите прес конференции со кои секојдневно сакате да го привлечете вниманието на јавноста се неосновани и ја покажуваат само Вашата очајна цел за собирање евтини политички поени.

Доколку бевте навистина загрижени каде се трошат парите на граѓаните, преку Законот за пристап до информации од јавен карактер можевте да добиете детална слика за финансиската конструкција на расходите за репрезентација.

Во однос на прозивките дека директорот на јавното претпријатие, неколкукратно ги зголемил своите расходи за репрезентација, сакаме да потенцираме дека дури 80% од износот кој е потрошен за репрезентација е врз основа  на одлуката на Управниот одбор на претпријатието, да се исплатат 51.000 денари за традиционалната „Комуналијада“  и обезбедување на храна за работниците, кои работат прекувремено во лето и зима. Имајќи ги во предвид меѓучовечките односи, колегијалноста и коректниот однос, раководниот тим на ЈП „Охридски Комуналец“ секогаш е насочен кон обезбедување на подобри услови за работа на вработените.

Во времето кога со претпријатието управуваше Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, обезбедувањето на храна за работниците и  мотивациониот „Тeam building“ беше мисловна именка. Дека ова раководство се грижи за вработените, покажува и фактот дека после долго време, претпријатието повторно исплати К-15 за сите вработени.

Во интерес на граѓаните, кои најдобро знаат да проценат што е лага, а што е вистина, ќе споделиме низа факти и бројки, кои се далеку од недомаќинско и неодговорно работење на раководниот тим на ЈП „Охридски Комуналец“.

Со правилно менаџирање на финансиите и основните средства и покрај наследените долгови во 2018 година, ЈП „Охридски Комуналец“ издвои сопствени средства за инвестиции во вредност 9 милиони денари за основни средства, компјутерска опрема, специјални возила и алати. Набавени се две специјални возилаод 22 м3 за собирање на комунален отпад, едно возило „ман-кипер“, набавен е „мулчер“ со кој во голема мера е олеснато косењето и одржувањето на  големи зелени површини, набавена е професионална машина за миење на возилата, трактор за косење на  мали парковски  површини, електромотор за наводнување и тримери за косење.

Важно е да се нагласи дека во насока на подигнување на капацитетот и подобрување на услугите, за потребите на ЈП „Охридски Комуналец“  Општина Охрид преку кредитна линија од Светска банка набави 7 специјални комунални возила. Две возила за собирање на комунален отпад со надградба со капацитет од 3м3, две возила за собирање  на комунален отпад со надградба со капацитет од 8м3, едно возило за собирање комунален отпад со надградба со капацитет од 20 м3 за собирање и транспорт од контејнери за отпад, едно возило за миење улици-цистерна со капацитет од 8.000 литри и едно специјално возило-трактор.

Исто така ЈП „Охридски Комуналец“ во целост го исплати долгот на претпријатието кон „Охридска Банка“ во износ од 3 милиони денари, а врз основа на вонсудски спогодби исплатени се околу 6 милиони денари, при што има заштеда од камати од 600.000 денари.

По сето ова што е изнесено, следуваат прашањата – Зошто ВМРО-ДПМНЕ во времето на нивното локално владеење не се насочи кон инвестиции и  мерки за подобрување на работењето на ЈП „Охридски Комуналец“. Токму затоа остануваат само популистичките прес-конференции без споредба за сработеното од минатиот менаџерски тим.

Со почит,

ЈП „Охридски Комуналец„

Директор Љупчо Грданоски

 

Комуналец помага во гасењето на пожарот во Дебрца

Ј.П.„Охридски Комуналец„ активно се вклучи во помагањето на општина Дебрца во гаснењето на дабовата шума во близина на с.Велмеј. На располагање отстапени се двете цистерни со кои располага  претпријатието.

 

Комуналец максимално ангажиран во шпицот на сезоната

Во деновите кога Охрид го живее шпицот на туристичката сезона и кога во градот на разни локации се одржуваат разни музички, културни и други збиднувања, екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ се максимално ангажирани 24 часа со сите свои технички и човечки ресурси. Покрај тековните активности околу подигувањето на сметот и одржувањето на јавната чистота и зеленило, се справуваме и со мега концертите во поранешната касарна и на стадионот „Билјанини Извори„. Зголемена е динамиката на подигнување на сметот од хотелските комплекси, плажите и рестораните.

Но голем проблем ни создаваат групи од млади луѓе кои се забавуваат на мини-плоштади, дворови од образовни институции, на тревниците во градскиот парк и уште на многу други локации низ градот, притоа оставајќи ја зад себе сета своја комунална некултура . За жал прекрасниот амбиент на древниот Охрид кој плени со својата автентичност и  природна убавина се уништува во глетката од расфрлени шишиња, отпадоци од храна и цигари. Крајно време е да проработи еко-свеста кај младите генерации и ова прекрасно езеро и град да го зачуваме за идните генерации.

 

По синоќешното невреме екипите на Комуналец на терен

По синоќешното невреме проследено со силен ветер и врнежи кое остави големи штети на источното крајбрежје на Охридското Езеро, екипите на „Охридски Комуналец„ веднаш интервенираа во с.Трпејца и манастирско-туристичкиот комплекс Свети Наум.

Се санираше состојбата  со паднати дрвја и скршени гранки на крајбрежјето во с.Трпејца и им излеговме во пресрет на локалното население

во Свети Наум се санираа скршените дрвја и гранки