Category Archives: АКТУЕЛНО
Заради COVID-19 јавните тоалети надвор од употреба
Дезинфекција на детските игралишта, Здравствен дом, јавни претпријатија …
Со несмален интензитет продолжуваме со дезинфекција на јавните површини на територијата на општина Охрид и приградските населби. Денес посебно внимание посветуваме на здравјето на нашата најмлада популација и се дезинфицираат детските игралишта на целата територија на општината: ул.„Булевар Туристичка„ (на влезот во Охрид), во населба „Даљан„ , кај училиштето „Братство„-Лескајца, ул.„Крали Марко„, нас.„Даме Груев„, кај „Отекс„, ул.„Сирма Војвода„ , нас.Видобишта, нас.„Гоце Делчев„ и централна детска градинка.
Со антибактериско дезинфекционо средство се третираа и јавните површини и пристапи во Здравствениот дом во Охрид и пристапните патеки кај комплексот од згради на пресекот од „Булевар АСНОМ„ и „Сирма Војвода„ ,
пешаката патека од каналот Студенчишта до Парк, скејт-паркот, фитнес зони и детското игралиште ,
влезовите и дворните места од јавните претпријатија .
Дезинфекционите активности ќе се спроведуваат во текот на денот и се планира да се третираат јавните површини во приградските населби: Велгошти, Лескоец, Долно Лакочереј, Горно Лакочереј, Косел, Куратица, Сирула и Вапила.
Продолжува дезинфекцијата-денес чаршијата и градскиот парк
Ј.П.„Охридски Комуналец„ продолжува со вонредните превентивни мерки за дезинфекција на јавните површини кои ги третираме со дезинфекционо средство согласно препораките за спречување на заразата од вирусот COVID-19.
Денес се дезинфицира чаршиjата (почнувајќи од старата чаршија, плоштадот кај Чинарот, па се` до плоштадот Св.Климент Охридски и паркот пред рибниот ресторан), потоа градскиот кеј со сите патеки каде е дезинфицирана и урбаната опрема и клупите и детското игралиште пред НУЦК.„Григор Прличев„ .
Дезинфекција на јавните површини во ЈЗУ„Општа болница„-Охрид
Ј.П.„Охридски Комуналец„ денес спроведе превентивни активности за дезинфекција на јавните површини во ЈЗУ„Општа болница„-Охрид (влезот во здравствената установа, коловозните површини, тротоарите и сите пристапи кон различните оддели) .
Со цел спречување на ширењето и сузбивањето на Корона вирусот – COVID-19 нашето претпријатие спроведувае сет превентивни мерки со цел зајакнување на заштитата на здравјето на луѓето и одржуавње на јавната чистота на највисоко ниво.
Генералка на ул.„Железничка„
Согласно завршување на обврските по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во зимски услови, Ј.П.„Охридски Комуналец„ спроведува активности за генерално чистење на ул „Железничка„ . Овој магистрален пат во зимската сезона беже одржуван од страна на „Македонија Пат„ и беа посипувани абразивни средства на коловозот.
Се метат коловозните ленти и тротоарите од нанесените абразивни средства и се отстранува ниската вегетација и расфрлан ситен отпад. По завршувањето на ул.„Железничка„ ќе се продолжи со магистралниот пат „15-ти Корпус„.
Апел до граѓаните и правните лица поврзан со COVID-19
Ј.П.„Охридски Комуналец„-Охрид упатува апел до сите граѓани и правни лица – наши корисници да ги ограничат посетите на канцелариите на нашето претпријатие и да се придржуваат целосно на сите препораки кои ги издаде Владата на Република Северна Македонија во врска пандемијата предизвикана од вирусот COVID-19. Сите наши сектори продолжуваат посветено да работат во одржување на највисоко ниво на јавната хигиена и јавното зеленило на територијата на општина Охрид, а граѓаните и правните лица, се апелира секогаш и секаде каде што тоа им го дозволуваат околностите да ги користат алтернативните начини за добивање на нашите услуги. На распологање е електронската наплата и електронската комуникација :
– електронска наплата преку www.eohridskikomunalec.com.mk
-е-маил ohridkom@t.mk
-контакт-формата на нашата веб-страна www.ohridskikomunalec.com.mk
и дежурните телефони:
Дирекција: ++389/46-263-325; ++389/46-250-142;
Наплатна служба: 046-268-248
Механизација: 046-265-353
Паркови и зеленило: 046-250-142
Комуналец врши дезинфекција на контејнерите и јавните површини
Следејќи ги препораките на Владата и Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство, Ј.П.„Охридски Комуналец„ започна со вонредно дезинфицирање на контејнерите и јавните површини. Со цел справување со глобалната опасност предизвикана од висрусот COVID-19 започнавме со превентивни мерки и рачно се врши дезинфекција на контејнерите за депонирање комунален отпад на територијата на општина Охрид , како и третирање на јавните површини со дезинфекционо средство со цистерна .
Во прилог видеа од дезинфизирање на јавните површини со цистерна:
Се расчистува крајбрежјето кај Свети Наум
Обилните врнежи изминатите денови придонесоа огромни количини тешко разградлив отпад да се натрупа на брегот на Охридското Езеро на потегот од кампот Љубаништа, манастирскиот комплекс Свети Наум, воениот камп , па се` до границата со Република Албанија. Пластични шишиња, остатоци од друга пластична амбалажа, картонска амбалажа и др. цврст отпад преку водите на река Черава од албанска територија се натрупуваат на нашето крајбрежје.
Во координација со локалната самоуправа и инспекторатот екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ веднаш излегоа на терен и се расчистува потегот од кампот Љубаништа до манастирскиот комплекс Свети Наум ( делот кој не е под концесија). Акцијата ќе се одвива и во следните денови поради огромните количини отпад.
Се подигаат снежните наноси и се расчитуваат спомен обележјата на Григор Прличев
Со првиот снег Комуналец на терен од раните утрински часови
Првите снежни врнежи Ј.П.„Охридски Комуналец„ ги дочека спремно. Следејќи ја временската прогноза и најавениот снег во текот на вчерашниот ден се одржа работен состанок на оперативните служби и екипирани се дежурните служби кои излегоа на терен од раните утрински часови. Ангажирана е расположивата механизација за дејствување во зимски услови: два камиони со приклучоци епоха и ножеви за чистење снег, трактори со нож, две соларки, помал багер за чистење снег во тесни улици и др. Согласно Програмата за зимско одржување на територија на општина Охрид за 2020 год., третирани се со абразивни средства улицитe со највисок приоритет и ризик во зимски услови, а потоа се опфатени и останатите. Се отстрануваат и снежните наноси по чаршијата, тротоарите и јавните пешачки зони.