Category Archives: АКТУЕЛНО
Известување-забрането паркирање кај новиот плоштад кај Табана
Ј.П.„Охридски Комуналец„ ги известува граѓаните на општина Охрид дека во периодот 09.05.2020 год.(сабота)-11.05.2020 год. (понеделник) е забрането паркирање на автомобилите на просторот од новиот плоштад кај Табана-ул.„Коста Абраш„. Нашето претпријатие во тој период ќе ги поставува декоративните жардињери па заради непречно реализирање на активностите се замолуваат граѓаните да го почитуваат ова известување.
Хортикултурно се одржуваат шумските патеки во Стар Град
Денес екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ хортикултурно ги одржуваат шумските патеки во стариот дел од градот. Се коси тревата покрај патеките кои водат:
- од Саат-Кулата до Св.Сава;
- од Св.Сава до Горна Порта;
- од Самоиловата тврдина до црквата Св.Јован Канео;
- од нас.Кошишта, покрај Лабино до црквата Св.Јован Канео.
На повеќе локации се подигаше несовесно депониран кабаст отпад
Ј.П.„Охридски Комуналец“ секојдневно се соочува со појавата на несовесно одлагање на кабаст и градежен отпад од страна на несовесни граѓани. И покрај бројните интервенции на нашите екипи, некои локации во градот претставуваат црни точки на коишто постојано се создаваат диви депонии од страна на локалното население , кои ослободувајќи се од ваков вид отпад од своите домови ја загадуваат животната околина.
Подигнат е кабастиот отпад (мебел, покуќнина и др.) оставен на самиот пат во нас.Даљан
Расчистена мини-депонија од расфрлан кабаст отпад и градежен шут во стариот дел од градот
Постојано спроведуваме едукативни кампањи и акции со цел да им укажеме на нашите сограѓани како правилно и совесно да постапуваат со својот отпад. На локациите кои претставуваат црни точки поставени се и информативни табли и се надеваме дека граѓаните ќе соработуваат со нашите служби и сите неправилности околу депонирањето на отпадот ќе го пријават на дежурниот телефоон 075-495-428. Според Законот за јавна чистота, градежниот и кабастиот отпад не смеат да го одлагаат на јавни површини ниту во контејнерите, во спротивно истото подлежи на соодветно санкционирање.
Генералка на новиот плоштад „Табана„
Се уредуваат зелените површини
Екипите на „Паркови и зеленило„ деновиве интензивно работат на средување на зелените градски површини. Со овие активности се опфатени сите јавни зелени површини покрај сообраќајниците, пешачките острови, кружни текови, дворните места пред објектите за колективно домување, градскиот парк и рекреативните зони.
Се отстранува ниско-стеблеста вегетација од тротоарите и покрај граничниците од коловозите, а тревата се коси машински и рачно. Со овие активности од следната недела ќе бидат опфатени и селата и туристичките населби.
Акции за чистење на плажите
Ј.П.„Охридски Комуналец„ започна со акции за чистење на плажите на охридското крајбрежје. Денес се расчистуваше Градска плажа на потегот од вливот на река Грашница до основното училиште во населба Даљан и плажите кои не се дадени под закуп на потегот од Лагадин до Пештани.
Се подига трската и расфрланиот ситен и тешко разградлив отпад натрупан на крајбрежјето од езерските води или од несовесните минувачи.
Ние со овие акции покажуваме дека се грижиме за здрава и чиста животна средина, а граѓаните најмалце што можат да направат за да се зачува овој наш непроценлив бисер е да не го расфрлаат отпадот и соодветно да го депонираат.
Пролетно чистење и хортикултурно уредување во урбаните заедници и селата
Согласно Програмата за работа за 2020 год. Ј.П.„Охридски Комуналец„ спроведува активности за подигнување на степенот на јавна хигиена и зеленило во урбаните заедници и приградските населби. Во овој период од годината се реализираат пролетни активности на генерално чистење и одржување односно косење трева, отстранување на суви гранки и дрвја, метење на тротоарите и јавните површини од наноси од песок, подигнување на расфрлан ситен комунален отпад и отстранување на ниско-жбунеста вегетација.
Со овие активности ќе биде опфатено секое урбано катче и заедница, како и приградските населби, согласно утврдената динамика во оперативната програма.
Дезинфекција и миење во градот и селата продолжува во континуитет
Ј.П.„Охридски Комуналец„ продолжи во континуитет да спроведува вонредни активности за третирање на јавните површини со дезинфекционо средство во централното градско подрачје и приградските населби со појавата на вирусoт COVID-19. Со цел да обезбедиме безбедни услови во кои се намалува ризикот од ширење на заразата во повеќе наврати ги третираме сообраќајниците, тротоарите, пристапите кон објекти каде има поголема фреквентност на движење и инфраструктурни објекти.
Заради специфичноста на теренот и тесни улици и пристапни патеки со помалата цистерна се изврши миење и дезинфекција во „Стар Град„.
Синоќа се изврши миење и дезинфекција и во централното градско подрачје и периферијата и селата Лескоец, Велгошти, Долно Лакочереј и Горно Лакочереј.
Со овие активности продолжуваме секојдневно по претходно зацртана динамика со која ќе се опфати секоја урбана заедница и приградска населба.
После еден месец повторно исти слики од камп Љубаништа до Св.Наум
После еден месец повторнио истите слики од охридското крајбрежје на потегот од кампот Љубаништа па се` до границата со Република Албанија. Зголемениот водостој на реката Черава по нејзиното течение низ Република Албанија придонесе повторно огромни количини тешко разградлив отпад да се натрупа на брегот на Охридското Езеро.
Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ денес пристапија кон расчистување и подигнување на отпадот (пластични шишиња, остатоци од друга пластична амбалажа, најлон кеси, картонска амбалажа и др. цврст отпад), а со оглед на енормните количини и тешко пристапен терен на одредени локации, ќе се работи и во наредните денови.
Хуманитарни прехрамбени пакети за социјално загрозените семејства
Вработените во Ј.П.„Охридски Комуналец„ покажаа голема хуманост и општествена одговорност во овие тешки денови на кризна состојба предизвикана од корона вирусот и самоиницијативно донираа средства со кој се набавени 30 прехрамбени пакети за социјално загрозените семејства на територијата на општина Охрид. Пакетите ќе бидат предадени до „Црвен крст„-Охрид кои ќе ги дистрибуираат до најранливите категории граѓани со што се надеваме дека ќе внесеме насмевка и задоволство во домовите од овие семејства.