Category Archives: АКТУЕЛНО

Известување до нашите корисници заради настаната ситуација со Еуростандард банка

Како последица на последните случувања со Еуростандард банка, Ј.П.„Охридски Комуналец„-Охрид ги известува граѓаните и правните субјекти, корисници на нашите услуги, дека нема да бидат во можност да извршат уплати на сметки и фактури за услугата подигнување, транспорт и депонирање на комунален отпад, како и други услуги на Ј.П.„Охридски Комуналец„-Охрид преку Македонска пошта.

На граѓаните и правните субјекти на располагање им ја нудиме електронската онлајн наплата без провизија, потоа наплата без провизија во нашиот наплатен центар лоциран во зградата на Градски пазар-Охрид, наплата преку отворање на траен налог , како  и на шалтерите од банките.

–  електронска наплата за физички лица                             www.eohridskikomunalec.com.mk

– електронска комуникација официјалeн   е-маил          ohridkom@t.mk

-контакт-форма на нашата веб-страна                              www.ohridskikomunalec.com.mk

 

дежурни телефони:

Дирекција:  ++389/46-263-325;   ++389/46-250-142;
Наплатна служба:  046-268-248
Механизација:  046-265-353
Паркови и зеленило:  046-250-142

„Охридски Комуналец„ на ниво на своите задачи-Охрид утрово

Охрид го доживува врвот од туристичката  сезона-традиционално за Илинден огромен број посетители. Туристи од секаков ранг: пензионери кои уживаат во поволните климатски услови, фамилии кои сакаат да се одморат од напорните секојдневни обврски, млади кои сакаат да се релаксираат, но и млади кои во желбата за забава не ставаат граници и градот кој ни` служи на сите, го претвораат во депонија.

Нашите служби се максимално ангажирани 24/7 и се трудат Охрид секое утро да изгледа вака како што му доликува.

Акција на Комуналец и Планинската спасителна служба за чистење на карпестиот дел околу Канео

Утрово во координирана акција на екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ и Планинската спасителната служба при Црвен крст-Охрид се спроведе расчистување на карпестиот и тешко пристапен дел околу Канео каде деновиве сите сме сведоци што се случува до раните утрински часови. Не останавме неми сведоци на расфрланиот отпад од младата популација која секоја ноќ ја деградираа оваа од бога дадена убавина и ја претвораа во депонија. Во заедничка соработка се подигна отпадот од локации каде активистите на Црвен крст со голем напор и пожртвуваност пристапуваа, каде некој претходно од чиста забава , во неколку минути, го става на испит она што со векови сме го создавале, нешто што е  препознатлив симбол во секоја фотографија која го прoмовира Охрид ширум светот.

Останува светот на младите, но останува и желбата младите да го сфатат значењето во нашите напори за зачувување на нашата околина и нашето културно наследство.

 

Секое утро исти слики од расфрлан отпад на локации во Стар Град

Во последните денови се` повеќе загрижува состојбата со јавната чистота на одредени фреквентни и автентични локации во стариот дел од градот. Имено  Канео, Антички театар , Лабино, Света Софија и Сараиште во доцните ноќни часови стануваат збиралишта за младата популација кои зад себе оставаат купишта ѓубре. За оваа состојба голем број реакции добивме и од локалното население  кое реагира на расфрланите пластични шишиња, отпадоци од храна , картонска амбалажа и др.

Апелираме до надлежните институции да се превземат мерки и санкции за надминување на оваа алармантна состојба. Нашите служби секојдневно го подигнуваат расфрланиот отпад но веќе следното утро сликите се повторуваат.

По одбележувањето на празникот посветен на светителот Св.Наум генерално расчистен комплексот

Ј.П.„Охридски Комуналец„  ги поддржува сите манифестации, културни збиднувања и верски празнувања значајни за општина Охрид и активно се вклучува во активостите за подигнување на јавната чистота на повисоко ниво.

Нови канти за отпад во „Стар град„

Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ поставија 15 нови садови за отпад со капацитет од 240 л. на фреквентни и лесно пристапни локации во стариот дел на градот ( на потегот од црквата „Св.Никола Геракомија„ до Горна Порта, по ул.„Цар Самоил„, ул.„Коста Абраш„ , ул.„Илинденска„ и Палошник).

Упатуваме апел до граѓаните да покажат поголема еко-свест, кантите да не ги уништуваат, отпадот правилно да се депонира и да не се расфрла отпадот околу кантите.

 

Дезинфекција на манастирот Св.Еразмо

Во пресрет на православниот празник Св. Еразмо Охридски екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ извршија дезинфекција на манастирот Св.Еразмо.

Со цел заштита и превенција од Корона вирусот „Ковид 19“ третирани се пристапниот пат, дворното место и внатрешните простории на црквата.

 

Оглас за продажба на основни средства-возила како старо железо

Се известуваат сите физички и правни лица на територијата на општина Охрид дека Ј.П.„Охридски Комуналец„ врши продажба на основни средства-возила како старо железо.

За подетални информации отворете на линкот подолу:

IMG_20200612_0006

 

Се сади нов цветен расад низ зелените површини

Деновиве во тек се активности на садење нов цветен расад низ зелените површини во градот. Зимскиот цветен расад се заменува со летен сезонски цветен расад од видот: агератум, салвија, петунија, сардела, цинија, “Лепи Јово” и “џунџуле”.

Во ново цветно руво ќе светнат зелените површини  во градскиот парк, зелените острови кај кружните текови, зелените делови покрај пешачките патеки до Горица и покрај каналот Студенчишта, покрај дрворедите во централното градско подрачје и другите хортикултурно уредени површини во градот и приградските населби.

Според годишниот план за 2020 год., од летната реколта се планира да се засадат 50,000 садници.

Се дезинфицираат приградските населби и туристички локалитети

Со дезинфицирањето на јавните површини се продолжи и денес. Со овие активности се опфатени пригрaдските населби и туристички локалитети: пешачката патека од каналот Студенчишта до Горица, комплексот Горица, туристичките населба Свети Стефан и Лагадин, селата Пештани, Елшани, Велгошти, Лескоец, Долно Лакочереј, Горно Лакочереј, Косел и Орман.

 

Овие активности се спроведуваат по препораките на Кризниот штаб на општина Охрид по продолжениот празничен викенд кога во нашиот град престојуваа голем број гости.