Category Archives: АКТУЕЛНО

Комуналец со низа активности за подигнување на јавната чистота на плажите

Ј.П.„Охридски Комуналец„ спрoведува низа активности за подигнување на јавната чистота на плажите кои не се под концесија. Во таа насока на плажите кај локалитетите Горица 3 , Славија и Свети Стефан, плажата после х.Метропол до Лагадин и  кај плажата Атлантис  се поставени канти за депонирање ситен отпад.

Денес темелно се расчистуваше и хортикултурно се уредуваше плажата локалитет Горица 3, а со овие активности ќе се продолжи и по останатите плажи.

Известување до јавноста за Годишниот план за вработување

Ја известуваме јавноста дека во измените и дополнувањата на Годишниот план за вработување бр.02-767/5 од 20.05.2021 год., направена е техничка грешка  односно табелата број 3 два пати е внесена во планот ( на страна број 6 и страна број 9 ). На страната број 6 табелата е исправно напишана, додека грешката е на страната број 9 каде треба да стои „Дел 3, табела 6, планирани нови вработувања“. Истото е благовремено коригирано и доставено до Советот на општина Охрид.
Јавноста ја информираме за оваа техничка грешка со цел да се избегне создавање лажна слика или да се креира непотребна тензија од одредени центри за одредени потреби.
Ј.П.„Охридски Комуналец„-Охрид останува финансиски стабилно јавно претпријатие, со редовно измирување на обврските кон вработените и добавувачите, како и претпријатие со најсигурни работни места кои нема да се укинуваат.

 

Оглас за издавање под закуп на деловни простори

Ј.П.„Охридски Комуналец„ Охрид објавува Оглас за издавање под закуп на деловни простори кои се наоѓаат на кат во зградата на Градски пазар во Охрид и тоа:

ве молиме отворете на линкот подолу:

Scan_20210520

 

 

Оглас за издавање под закуп на деловни простори

Ј.П.„Охридски Комуналец„ Охрид објавува Оглас за издавање под закуп на деловни простори кои се наоѓаат на кат во зградата на Градски пазар во Охрид и тоа:

ве молиме отворете на линкот подолу:

zakup

Оглас за издавање под закуп на деловни простори

Ј.П.„Охридски Комуналец„ Охрид објавува Оглас за издавање под закуп на деловни простори кои се наоѓаат на кат во зградата на Градски пазар во Охрид и тоа:

ве молиме отворете на линкот подолу:

Scan_20210407

Се освежуваат зелените површини по “Туристичка” и “Партизанска”

Екипите на “Паркови и зеленило” спроведуваат низа активности за освежување на зелените површини по ул.”Булевар Туристичка” и ул.”Партизанска”. Дрворедите се прихрануваат со минерално ѓубриво, се расчистуваат граничниците покрај коловозот, се засадува цветен расад и хортикултурно се уредува бетонската жардињера по ул. “Булевар Туристичка”.

Комуналец продолжува со активностите за расчистување на снегот

Продолжуваме со несмален интензитет со активностите за расчистување на снежната покривка од коловозите и јавните површини со цел да обезбедиме  непречено движење на возилата и пешаците, како во централното градско подрачје, така и во приградските населби. Пристапите до институции, пешачки патеки,  премини и острови , чаршијата, кејот, стрмни улици  и други површини се посипуваат со абразивни средства. Нашите екипи со сета расположива механизација се трудат да делуваат во  секоја урбана заедница, а голем придонес можат да дадат и самите граѓани и правни лица доколку сами ги исчистат пристапите до своите домови и објекти.

Екипите на Комуналец мобилни со снегот

Оперативните служби на Ј.П.„Охридски Комуналец„ се на терен уште од саботата утрото. Снежната покривка од јавните површини, сообраќајни површини, пешачки патеки, приоди кон витални објекти и институции се расчистува со сета расположива механизација и ресурси. Денес се ангажирани околу сто вработени но поради обилните врнежи и сувиот снег  снежната покривка повторно се формира. Се делува со специјални ножеви за ринење на снегот, со десет рачни дувалки ,  а потоа површините се посипуваат  со абразивни средства. На тесните и скалести приоди рачно се расчистува снегот, а согласно Програмата за зимско одржување приоритет им се дава на улиците од повисока категорија каде пристапот е отежнат.

Воедно ги потсетуваме граѓаните и правните субјекти за нивната законска обврска согласно Законот за јавна чистота дека сами треба да си го исчистат просторот и пристапот до нивните објекти. Исто така апелираме до граѓаните возилата да ги дислоцираат од главните сообраќајници за да може специјалната механизација непречено да го расчистува снегот.

Секојдневно се расчистува пристаништето и градскиот кеј

Деновиве екпите на Ј.П. “Охридски Комуналец” имаат полни раце работа со расчистување на отпадот што езерските води го исфрлаат по крајбрежјето и кејот. Секојдневно се подигаат огромни количини тешко разградлив отпад (пластична и картонска амбалажа,  најлон кеси, лименки и др.)  што надојдените реки ги носат со себе, како и  наноси од трска, реси и муљ кои силниот ветар од јужен правец ги исфрла на кејот.  Во наредните денови ќе се продолжи со исто темпо, со цел  одржување на јавната  чистота на градскиот кеј и пристаништето на највисоко ниво.

Викендов генерално миење на сообраќајниците во градот

Согласно поволната  временска ситуација, сончеви денови и повисоки температури, Ј.П.„Охридски Комуналец„ викендов (петок, сабота и недела) спроведува акција за машинско миење на сообраќајниците во градот. Целта на овие активности е да се подобри хигиената на јавните површини и да се  отстранат абразивните средства кои беа употребени за зимското одржување.

Согласно Програмата за работа за 2021 год. во наредниот период нашето претпријатие континуирано ќе ја реализира оваа активност во зависност од потребите и временските услови.