Category Archives: АКТУЕЛНО

Поради несоодветно одлагање отпад запален контејнер на ул.„Даме Груев”

На ул.„Даме Груев” во околните згради кај АвтоМакедонија Охрид беше опожарен контејнер поради несоодветно одлагање на отпад.

Многу често Ј.П.„Охридски Комуналец” се соочува со проблемот на комплетно уништување на јавната опрема и јавни добра кои треба да им служат на сите наши сограѓани . Дежурните екипи затекнаа комплетно уништен пластичен контејнер на ул.„Даме Груев” кој беше изгорен од запалив отпад депониран во самиот контејнер.

Во тек на грејната сезона честа е појавата на депонирање недогорени остатоци од отпад во контејнерите од страна на несовесни граѓани со што доаѓа до самозапалување на отпадот. Истото претставува не само проблем за нас, туку и за случајните минувачи и останатите жители зошто може да предизвика штети од поголем размер.

Упатуваме апел до граѓаните да внимаваат што депонираат во контејнерите, а истовремено ги повикуваме инспекциските служби да ги санкционираат несовесните граѓани.

Дежурен телефон за пријавување на проблемите со депонирање отпад

Ј.П.„Охридски Комуналец” ги известува граѓаните на општина Охрид дека за проблемите кои ги имаат околу собирањето на кабаст и зелен отпад, како и пријавување на  случаи на несоодветно депониран отпад и создавање на мини-депонии, достапен  е дежурниот телефон  075-495-428 секој ден во неделата од  07.00 часот до 21 часот.

 

 

Известување до правните субјекти кои дејноста ја обавуваат по чаршијата

         Со цел подигнување на степенот на јавна чистота во општина Охрид на повисоко ниво, Ј.П.„Охридски Комуналец” ги известува сите правни субјекти кои својата дејност ја обавуваат по чаршијата дека комуналниот отпад треба да го депонираат во контејнерите кои се во непосредна близина, а не да го оставаат пред своите објекти или да го депонираат во садовите за депонирање ситен отпад.

          Сите ние сакаме да живееме во чист и уреден град, препознатлив туристички центар, па  затоа садовите за ситен отпад треба да се употребуваат  согласно нивната намена.

          Секое непочитување на комуналниот ред ќе биде санкционирано согласно Законот за јавна чистота.

          Ви благодариме на соработката и разбирањето

 

Интервенирано кај руинираниот објект на ул.„Гоце Делчев”

По налог на локалната самоуправа Ј.П.„Охридски Комуналец” го подигна градежниот шут од ѕиданата ограда која е во фаза на распаѓање од приватен имот на ул.„Гоце Делчев”. Објектот претставува опасност по пешаците и возилата. Интервенирано е со специјална механизација, подигнат е шутот и овозможено е нормалното одвивање на сообраќајот.

Расчистени мини-депонии во с.Трпејца, денеска повторно истата слика

Изминативе денови екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” ги расчистуваа локациите во с.Трпејца  каде  несовесни граѓани депонирале секаков вид отпад: најразновидна покуќнина, градежен шут, зелен отпад од градини и др. Од овие мини депонии се подигнати над 30 кубици отпад со ангажирање на специјална механизација.

Но за жал денеска истата слика. Повторно расфрлани кревети, фотелји, пластични столици и др. Повторно интервениравме со надеж дека нема повторно да сме сведоци на овие фотографии.

Поставени фотоволтаични панели на депонија „Буково”

 Ј.П.„Охридски Комуналец” постави  фотоволтаични панели за потребите на чуварската служба на  депонијата „Буково” со што е надминат проблемот со немањето соодветни услови за снабдување со електрична енергија. На овој начин се исполнети условите за непречено функционирање на чуварската служба во три смени. Панелите се донација од фирмата „КМГ ЕОЛ КВАЗАР” Скопје.

Поставена е и нова рампа за да се спречи нелегално влегување во просторот на депонијата.

Демант на објавата дека во Ј.П.„Охридски Комуналец” се украдени канти за отпад

Ј.П.„Охридски Комуналец”  во целост ги демантира информациите пласирани од електронскиот портал Охрид Вест (www.ohridvest.com)  дека:

   „ денес во Ј.П.„Охридски Комуналец”  е забележано дека ги нема кантите за ѓубре кои беа наменети за жителите од Стар Град”.

Овие наводи се целосно неточни. Се молат сите оние кои пласираат вакви информации во иднина првенствено да се информираат во јавното претпријатие, спремни сме на соработка и транспарентност, со цел јавноста да биде точно информирана .

 

Се одржуваше јавната чистота во Горно Лакочереј, Долно Лакочереј, Косел, Лескоец, Велгошти и Подмоље

Одржувањето на јавната чистота е приоритет во работењето на Ј.П.„Охридски Комуналец” со цел обезбедување здрава и чиста животна средина. Изминативе денови нашите служби беа ангажирани во селата: Горно Лакочереј, Долно Лакочереј, Косел, Лескоец, Велгошти и Подмоље, каде се расчистуваше расфрланиот комунален и зелен отпад покрај пристапните патишта до селата и отворените површини од јавен интерес.

Распоредот и динамиката на овие активности се реализира согласно Програмата за работа за 2021 година.

Генерално расчистување на ул.„Бистрица”

Во тековните активности определени со Програмата за работа за 2021 год., Ј.П.„Охридски Комуналец” ја опфаќа секоја урбана зедница и приградскa населбa и  ја одржува јавната чистота и јавното зеленило согласно пропишана динамика.

Така екипите на „Паркови и зеленило” генерално ја расчистија ул.„Бистрица„ со расчистување на ниската вегетација од тротоарите и дивата жбунеста вегетација со што е овозможено непречено движење на пешаците.

 

Темелно се расчисти и дворот од „Ѓурџи Беј” џамијата каде се отстрани дивата вегетација и се подигна зелениот  отпад.

Акција за кабаст отпад 8-ма Урбана единица (18.ти декември-сабота)

Ј.П.„Охридски Комуналец” ги известува граѓаните на општина Охрид дека на ден 18-ти декември, сабота, организира акција за подигнување кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.)  од 8-ма Урбана единица. Со акцијата ќе бидат опфатени улиците: „Никола Карев”, „8-ми Септември”, „Мирче Ацев”, „Лазо Трпоски”, „Галичица”, „Ванчо Питошески”, „Билјанини Извори“, „Карпош Војвода”, „Сирма Војвода” и други споредни улици од овој реон.

Се молат граѓаните кои живеат во наведените делови од градот, доколку имаат ваков отпад,  уредно да го депонираат до 18-ти декември, сабота, во утринските часови најдоцна до 8 часот  на места достапни за нашите возила, со претходно пријавување на локацијата во Секторот за механизација на тел.075-495-428.