Category Archives: АКТУЕЛНО

Се уредува јавното зеленило

Екипите на „Паркови и зеленило„ со редовни и вонредни активности во одржувањето на јавното зелeнило.

Денес се отстрануваше жбунестата  и висока вегетација која го попречуваше нормалното движење на пешаци и возила по ул.„Булевар Туристичка”  и ул.„Даме Груев”.

Се отстрануваше и  ниската вегетација по пешачките патеки  околу  НУ Центар за култура-Охрид.

Ј.П.„Охридски Kомуналец” донира садници на државните и јавните институции

Ј.П.„Охридски Kомуналец” организира акција со која на државните и јавните институции кои дејноста ја обавуваат на територијата на општина Охрид,  им се доделуваат по 50 садници сезонски цветен расад од сопствено производство.

Целта на оваа акција е да им дадеме поттик на општествено одговорните институции да ги разубават своите дворови , а со своето уредено цветно катче да бидат пример за оплеменување на просторот,  создавање здрави животни навики  и заштита на животната средина.

Садниците можат да се подигнат од расадникот на  Ј.П.„Охридски Kомуналец”.

Уште една донација на огревно дрво-овојпат на 7-члено семејство

Овој пат огревно дрво е донирано на 7-члено семејство примател на социјална помош. Со оваа хумана акција продолжуваме и понатака како резултат на зедничката акција помеѓу  Ј.П.„Охридски Комуналец” и  ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа -Охрид, а огревното дрво е обезбедено од дрвјата кои беа отстранети при градежните зафати за реконструкција на ул.„Македонски Просветители”.

Расчистена дива депонија во нас.Даљан

Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” по добиен налог од општинскиот инспекторат расчистија уште една дива депонија лоцирана во населба Даљан во непосредна близина на крајбрежниот појас. Подигнати се енормни  44 кубици кабаст отпад, градежен шут,  гуми од возила и др. По акцијата пристапниот пат е измиен со цистерна.

За жал оваа локација несовесни граѓани многу често ја користат за ненаменско ослободување од покуќнината и друг цврст отпад.  Уште еднаш апелираме за сите потреби кои ги имаат околу собирањето на кабаст и зелен отпад, да се јават на дежурниот телефон  075-495-428 кој е достапен секој ден во неделата од  07.00 часот до 21 часот.

Одржан состанок со еколошки друштва и невладини организации за чист и зелен Охрид

Со единствена цел за чист и зелен Охрид, а во соработка со општина Охрид,  Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид денес одржа прв работен состанок со ЈУ Национален парк Галичица, еколошки друштва и други невладини организации.  Меѓусебната размена на практики и искуства е  голема придобивка во мапирање на проблемите со кои секојдневно сме затекнати и ќе ни помогнат во детектирање на точките со диви депонии на територијата на општина Охрид, како и пронаоѓање на начини за полесно справување со овие проблеми. Ќе се потпише и меморандум за соработка помеѓу: Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид , ЈУ Национален парк Галичица, „Охрид SOS”, „Еко ФАП”, „Explorer”, „Културолошка иниоцијатива 5 до 12″, „Црвен Крст- Охрид”, „Чист Охрид”, „Енхелеус Лихнид”, „Еколошко друштво Грашница”, „Охрид Ultra Trail”, „Охрид Трчат”, „Акватек” и „Спиридон Спелео”.

 Преку заедничка соработка и  лична одговорност  се надеваме дека ќе придонесеме во заштита на животната средина, зголемување на степенот на еколошка свест и едукација на населението и најмладите.

 

Оглас за продажба на стара отпадна хартија

Оглас за прибирање понуди

Се известуваат сите физички и правни лица на територијата на општина Охрид дека Ј.П.„Охридски Комуналец” Охрид врши продажба на стара отпадна хартија.

Ве молиме отворете на линкот подолу:

otpadnahartija

 

 

Теренски активности на повеќе локации

Екипите на „Паркови и зеленило” интервенираa во расчистување на зелената површина позади НУ Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид каде  се подигна расфрланиот отпад и се отстрани дивата вегетација. Исто така се отстрани високата вегетација (гранки од дрвја и зелена ограда) на ул.„Димитар Влахов” и „Радојца Новичиќ” кои го попречуваа нормалното движење на пешаците.

Денес се одржуваше јавната чистота во населба Лагадин каде се подигна несоодветно депониран  кабаст и зелен отпад.

Продолжуваме со  хуманата акција која ја реализираме во соработка со ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа -Охрид. Дониравме огревно дрво на уште едно згрижувачко семејство во Охрид од дрвјата кои беа отстранети при градежните зафати за реконструкција на ул.„Македонски Просветители”.

И ова утро локации со несоодветно депониран отпад

Никако да се надминат проблемите со кои Ј.П.„Охридски Комуналец” секојдневно се соочува. И ова утро многу локации  со расфрлан најразновиден отпад (кабаст и зелен отпад, картони, пластика и градежен шут)  околу контејнерите и јавните површини по улиците: „Никола Карев”, „Булевар Туристичка”, „Егејска”  „Галичица” , „АСНОМ” ,„Ариф Мустафа” ,„Питу Гули”, „7-ми Ноември” и др.

Повторно упатуваме апел да се почитува комуналниот ред и динамиката на подигнување отпад, а за секоја потреба која ја имаат за депонирање на кабаст и зелен отпад и градежен шут, како и пријавување на  случаи на несоодветно депониран отпад и создавање на мини-депонии, достапен  е дежурниот телефон  075-495-428 секој ден во неделата од  07.00 часот до 21 часот.

Интервенирано кај црквата Св.Троица

Оперативните служби при Ј.П.„Охридски Kомуналец” денеска интервенираа кај црквата Св.Троица во населба „Радојца Новичиќ”.  Со специјална механизација е подигнат  градежниот шут од дворот на црквата и отпадот е транспортиран.

 

Донација на огревно дрво за згрижувачко семејство

Водени од принципите на хуманост и пружање помош на оние на кои им е најпотребно, Ј.П.„Охридски Комуналец”  донира огревно дрво на згрижувачко семејство во Охрид. Оваа иницијатива ја реализиравме во соработка со ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа -Охрид, а огревното дрво е обезбедено од дрвјата кои беа отстранети при градежните зафати за реконструкција на ул.„Македонски Просветители”.