Category Archives: АКТУЕЛНО
Расчистена уште една дива депонија-денес интервенирано на ул.„Крали Марко”
Вонредни активности за одржување на јавната чистота на повеќе локации
Нашите екипи со вонредни активности за одржување на јавната чистота
🧹 Генерално чистење на ул.„Железничка„ и ул.„15-ти Корпус„
Темелно се расчистуваа тротоарите, просторот околу тротоарите, граничниците од коловозите и делот помеѓу двете сообраќајни ленти. Отстранети се наносите од песок и земја, ниската вегетација и подигнат е расфрланиот отпад.
🚜 Расчистена уште една мапирана дива депонија во близина на с.Велгошти
♻ Подигнати големи количини тешко разградлив отпад и сува трска од водите на Охридско Езеро во близина на Холандски Парк
Се интервенира на повеќе локации каде се мапирани диви депонии
Нашите екипи интервенираат на повеќе локации за подигнување на јавната чистота. Опфатени се локации како во централното градско подрачје, така и во руралните средини и туристички локалитети
расчистена дива депонија с.Косел
се интервенираче на јавните површини во с.Трпејца
расчистување на крајбрежниот појас локалитет Горица
расчистена дива депонија во близина на Античкиот Театар
Календар за 2022 година на акциите за подигнување кабаст и зелен отпад
За надминување на проблемите кои граѓаните на општина Охрид ги имаат околу собирањето на кабаст и зелен отпад, Ј.П.„Охридски Комуналец” изготви годишен календар на акциите за подигање ваков вид отпад, опфаќајќи ја секоја урбана заедница во градот.
Со надеваме дека граѓаните ќе ги препознаат нашите заложби за чиста и здрава средина која не опкружува, без отпад одложен покрај садовите за одложување на комунален отпад и ќе се придржуваат до горе дефинираната динамика на акциите.
Се подигна кабаст отпад од р.Грашница и се интервенираше кај мостот од р.Сушица
Овој пат покуќнина заврши во водите на р.Грашница по нејзиното течение по ул.„Ариф Мустафа”. Со ангажирање на специјална механизација кабастиот отпад е подигнат од речното корито.
Се интервенираше и кај мостот на р.Сушица, на пресекот со ул.„15-ти Корпус”, каде се подигнати големи количини тешко разградлив отпад и разновиден шут.
Расчистен просторот под црквата Св.Богородица Перивлепта
Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ го расчистија просторот под црквата Св.Богородица Перивлепта од несоодветно депониран отпад.
Иако не се работи за јавна површина, во интерес на граѓаните и сите туристи кои го посетуваат овој локалитет, пристапивме кон расчистување на расфрланиот комунален отпад, зелен отпад и разновиден шут.
Се расчистува потегот околу зидините кај Горна Порта
Денес се спроведе акција за расчитување на локалитетот Горна Порта каде се опфатени пристапните патеки околу ѕидините на Самоиловата Тврдина и шумскиот појас на овој потег. Подигнати се големи количини расфрлан комунален отпад.
Екипите на „Паркови и зеленило” продолжија со активностите за тековно одржување на дрворедот по ул.„Булевар Tуристичка”. Се интервенира на потегот од кружниот тек кај гимназијата до пресекот со ул.„Даме Груев”.
Упатуваме апел до граѓаните, заради безбедно спроведување на активностите, да се воздржат од паркирање на автомобили на овој потег во периодот 08.00 часот-13.00 часот секој работен ден до 10.03.2022 година.
Расчистени уште две мапирани депонии
Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” расчистија уште две мапирани депонии на територијата на општина Охрид.
расчистена дива депонија во близина на ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо”
расчистена дива депонија на ул.„Марко Цепенков”
Согласно Програмата за работа за 2022 год. се спроведоа активности за тековно одржување на јавната чистота на јавните површини во селата Велгошти и Лескоец.
Расчистена дива депонија на ул.„Ристо Чадо”
Чистење на речното корито на р.Сушица и околниот простор
Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” пристапија кон машинско расчистување на речното корито на р.Сушица, како и подигнување на расфрланиот тешко разградлив отпад во околниот простор од коритото. Се расчистува потегот од пресекот со ул.„Живко Чинго” до пресекот со ул.„Железничка”.
Со оваа активност ќе се спречи сиот овој отпад да заврши во водите од Охридско Езеро, а се надеваме дека загадувачите ќе бидат санкционирани.